ПРОТЕСТ НА УКИМ!

Пошто видов дека си маченик од Гоце Делчев, ќе го ставам и тој дел. :) За стилот мој, фала многу, ќе го одгледувам како флора и фауна.

драга ем мила "новинарке" јас мојот став во врска со животот во студентскиот дом Гоце Делчев си го кажав на 01.09.2009 во 03:29, ама еве пак специјално за тебе... сепак е подобро да си маченик од Гоце Делчев, отколку да си маченик од Бранко Героски..

брат алал да ми ти е :) нема шо повеќе да коментирам... искрено соба од студентскиот Гоце (два на два) не ја менувам за стан на водно.. кој бил, кој живеел во студентски, посебно во Гоце знае какво е чувството, а другите може само бурек да јадат..

а ти продолжи да ја правиш горда твојата Висока школа за новинарство и за односи со јавноста и продолжи да пишуваш такви текстови ... со стил...

"постојат два вида на луѓе добри и лоши, различни но сепак исти... Македонија... имаме културно богатство, духовно богатство, материјален свет, уметност, забава... не се работи за тоа зошто јас во Европската Унија, туку зошто да не..." :back:
 
Добро си напишала, но дали знаеш дека УКИМ е автономна институција и не зависи од владата? Секој факултет си има определен буџет, е сега како се користат парите тоа е друга приказна. Многумина го критикуваат Бобек Шуклев, нема да навлегувам во тие детали, но факт е дека во времето во кое тој беше декан Економскиот факултет им избега десетина класи на сите останати факултети од УКИМ во изглед и слични тракатанци.
Еве како изгледа таванот од кој „прокиснува“ на мојот факултет...

2nuljix.jpg

Меѓудругото на економскиот факултет сите амфитеатри и предавални се реновирани, сите амфитеатри и предавални се снабдени со компјутер и прожектор, од таванот не прокиснува, имаме одлична библиотека и читална, имаме неколку простории со по триесетина компјутери, по 99% од предметите имаме учебници на македонски (или англиски за тие што се на e-business), имаме WC-а во кои не ти е страв да влезиш, цел факултет е покриен со WI-FI мрежа која можат да ја користат студентите и ред други тракатанци. Вистина имаме доста други проблеми, кои не се опфатени во рамките на овој протест, како што кажав протестиве беа премногу материјалистички и не се опфатени најбитните работи за студентите (со исклучок на некои реални барања)... Поентата на овој пост ми беше, и Економскиот факултет е дел од УКИМ, како може таму да има пари за реновирање и подобрување на условите за студентите, а на другите факултети во склоп на УКИМ да нема. Како може ние да имаме модерни амфитеатри, а другите факултети не можат. Како може ние да имаме книги, а другите да немаат. Протестите се на погрешна адреса, треба да си протестирате на факултетите, а не пред владата. И не сакам да спомнувам факултети, но има факултети во кои ништо не е инвестирано уште од нивното пуштање во употреба пред пеесетина години. Зградата во која учев основно е како палата за тие факултети. Сигурно за тоа не е крива владата.
 
драга ем мила "новинарке" јас мојот став во врска со животот во студентскиот дом Гоце Делчев си го кажав на 01.09.2009 во 03:29, ама еве пак специјално за тебе... сепак е подобро да си маченик од Гоце Делчев, отколку да си маченик од Бранко Героски..

брат алал да ми ти е :) нема шо повеќе да коментирам... искрено соба од студентскиот Гоце (два на два) не ја менувам за стан на водно.. кој бил, кој живеел во студентски, посебно во Гоце знае какво е чувството, а другите може само бурек да јадат..

а ти продолжи да ја правиш горда твојата Висока школа за новинарство и за односи со јавноста и продолжи да пишуваш такви текстови ... со стил...

"постојат два вида на луѓе добри и лоши, различни но сепак исти... Македонија... имаме културно богатство, духовно богатство, материјален свет, уметност, забава... не се работи за тоа зошто јас во Европската Унија, туку зошто да не..." :back:

во потполност се слагам
кој живеел знае :)
а и не е толку трагично колку што е претставено во нејзиниот пост можеби, не е како дома но добро е

ps
топлата вода на погорните катови не е сјајна ама и за тоа се наоѓа решение :)
 
драга ем мила "новинарке" јас мојот став во врска со животот во студентскиот дом Гоце Делчев си го кажав на 01.09.2009 во 03:29, ама еве пак специјално за тебе... сепак е подобро да си маченик од Гоце Делчев, отколку да си маченик од Бранко Героски..

а ти продолжи да ја правиш горда твојата Висока школа за новинарство и за односи со јавноста и продолжи да пишуваш такви текстови ... со стил...

"постојат два вида на луѓе добри и лоши, различни но сепак исти... Македонија... имаме културно богатство, духовно богатство, материјален свет, уметност, забава... не се работи за тоа зошто јас во Европската Унија, туку зошто да не..." :back:
Толку е убаво, кога имаш фанови... треп:pipi:Горда сум си затоа што го работам она што го сакам, кажувам ставови, пишувам, следам и за тоа земам пари.Знаеш што е бонус делот? Не сум член на партија. Апсолутно ми е супер. Знам да се ценам. Патем, темава не е за мојот стил на пишување,за кој и самиот кажа дека си некомпетентен да судиш. Твоето мислење за Героски како ентитет, упати го на неговата адреса, сигурна сум дека ќе го земе во предвид. Не ме замарај беспотребно. Пријатен престој во Гоце Делчев. Ако ти е супер, тогаш имаш мазохистичка природа.
 
се гледаме во диско следниот пат коа ќе дојдеш.. се надевам дека супер си помина претходниот пат...
 
Можеби на Економски се такви условите-знам затоа што сум и јас сум од таму.Ама состојбата на другите факултети не знам колку ви е позната.

И ајде добро да ги елиминираме факултетите.Студентските домови-зар не сметате дека вие како студентит треба да добиете поубави услови?А не е дека не можат да се пружат.Значи не зборуваме ние за хотел со 5 ѕвезди, туку бар некои основни подобрувања на собите-мислам дека колку и да си емотивно поврзам со твојата соба, сепак треба да се биде малце објективен во врска со состојбата.Крај на крај ти живееш во неа.Ако ти одговара топ-многу се ретки тие кои им одговараат условите...Во секој случај фрустрираноста на други начини може да се излечи...

И тоа е тоа...
 
Само ти успеваш да читаш мисли на форумов, незаменлив си. :)

Целиов циркус трае со години, само си ги менуваат позициите.

Само страшно е кога организаторите на овие протести велат дека се назависни, а стои партија позади нив. (без разлика која)

Зошто целото маскирање, нека си кажат отворено, ова е протест на младинските партиски штабови кои на овој начин си создаваат простор во партиската иднина?

Многу полесно би прифатиле сите доколку опозицијата отворено искаже поддршка на протестите, отколку да ги манипулира преку свои членови.

Само колку да се знае, на прпотестот имаше преку 250 студенти, од кои сите се различно партиски определени. Има такви коишто се од СДС, од ВМРО и некои кои не ги интересира политика.
Убаво кажаа дека ние (студентите), не стоиме позади ниедна книшка( партиска) и дека имаме само една книшка ИНДЕКС.
А она знаме кое се појави од нигде никаде (бев и јас учесник на протестот) е само обид за рушење на кредибилитетот, и манипулација на јавноста (простата раја шо слепо гледа вести и што верува во нивната веродостојност како да е од Бог кажано).
Сепак сме студенти, без разлика од ВМРО или СДС, од Скопје, Куманово, Охрид или Кавадарци, 1ва,2ра,3та година на овој или на оној факултет.
Позадината на учесниците и нивните општествени активности се сосема нерелевантни на протест од ваков тип, кога јасно и гласно се дефинира кои сме СТУДЕНТИ
Поздрав:smir:
 
Живна студентското радио, ама не за сите!

Радиото „Студент ФМ“ при универзитетот Кирил и Методиј по двегодишен прекин, повторно започна со работа. Студиото и радио - опремата во вредност од десет илјади евра, заедно со заостанатиот долг од 50 илјади евра, ги покри Министерството за образование и Ректоратот. Експерименталната програма која ќе заживее на старата фреквенција - 92.9, ќе ја работат студенти по новинарство на правниот факултет, а ќе опфаќа теми од студентското секојдневие. Сепак, редакцијата нема да соработува со студентите од приватните факултети и универзитети, туку само со оние кои студираат на државниот.

-Ова е несомнено добра пракса за младите кои студираат новинарство, каде без никаков притисок, ќе им се укаже прилика да го искажат своето мислење, да актуелизираат теми што ги засегаат, а и да бидат наградени со хонорар. Досега подготвивме 15 емисии и очекуваме студентите од државниот универзитет да соработуваат за да заедно ја збогатиме програмата за да се крене гласот на младите, изјави Ивана Михајловска, апсолвент на студиите по новинарство и дел од редакцијата.

Во Студент ФМ покрај дваесетте студенти, ќе работат уредници за утринска, дневна и за ноќна програма, и неколку техничари. Тие го изразуваат своето задоволство што една година го кревале на нозе ова гласило од студентите за студентите и што конечно проектот стартува.

-Програма ќе има од 9 часот наутро, до доцна навечер и тоа ќе бидат теми што ги засегаат студентите – студиски програми, стипендии, забавни и спортски активности, информации за работата на УКИМ, дебатни, образовни и културни емисии и многу музика. Ќе има и вести за студентската политика, како избори на студентски претседатели и тековни работи изјави Даниела Блажевска, главен и одговорен уредник на радиото и асистент на државниот факултет.

Ова не е единственото студентско радио во земјава, но главен проблем за опстанокот на сите нив, претставуваат финансиите. Поради ова експертите стравуваат од политички манипулации и претворање на радијата во владини маркетинг гласила.

- Ситуацијата е иста на целиот Балкан. Медиумите во кои се обраќаат студентите често престануваат со работа заради немање спонзорства. Затоа младите бараат начин да го изразат својот револт и став преку интернетот и новите медиуми. Сепак, возобнувањето на „Студент ФМ“ е за поздрав и се надевам дека ќе допринесе за решавање на горливите студентски конфликти, објаснува Сеад Џигал, комуниколог и експерт за медиуми.

Во 2008 година програмата на „Студент ФМ“ згасна во етерот заради долгови. Оттогаш студентите повеќе пати протестираа со образложение дека им е скратено правото на слобода на говорот.

Мирослава Симоновска

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom