Вистина е дека човекот не сака да се просветли, инаку денеска би имало многу повеќе просветлени луѓе. Понекогаш чувствувам страв во врска со будноста, и посакувам да сум вечно во заблуда. Но дојдов до знаење дека тоа е само моето Его кое се плаши од негов крај.
Според источните учења, ние имаме два дела: џива и атман.
Џивата е делот од душата кој се отелотворува, инкарнира, кој се ограничува на поимање преку време и простор, кој подлежи на причина и последица, кој боли, се плаши...или, поинаку, оној "материјалниот" дел.
Атманот пак е чистата Божја есенција во нас, присутна и кај најголемиот грешник и кај најголемиот светец. Таа не се менува,не се инкарнира, не е ограничена од време и простор...едноставно постои отсекогаш и засекогаш, како и Бог, Енергијата, Универзалната вистина, you name it.
Поинаку, во секој од нас има просветлен дел, чиста љубов, чисто совршенство...замаглени од страв и потреба да се одделиме од другите и од Суштината. Тоа е она што не одвојува и не тера да го создадеме "јас" кое се става во различни калупи, се одредува со ограничувачки "јас сум" и сака да се етаблира како конечно и одредено во материјалниот свет. Тоа е она што прави да се осеќаме "избркани од рајот" и сами.
Во книгата на Дипак Чопра, "Kako spoznati Boga", се претставени 7 фази до просветлување. И затоа што сега не сум во можност да ги пренесам интегрално тие фази(но, се надевам дека истото наскоро ќе го направам на темава), па споменам само дека последната фаза, ултимативното просветлување, е кога ќе сфатиме дека се е едно...Бог, Ултимативната Мудрост,Светлоста, ние, тие, светот, универзумот, болката, злото, доброто, уживањето...се е едно, се е целост.
Од друга страна пак, било кармата, било некои други учења, велат дека штом сме се родиле на Земјата, имаме уште лекции за учење. Претпоставувам дека најголемата лекција би било да го "растопиме" егото во Љубовта, но дотогаш истото ни е потребно, за постапно да се приближуваме до Суштината.