C
Cool Hand Luke
Гостин
Што е тоа и како изгледа таа состојба на свест за која се напишани толку силни книги, а де Мело смета дека ништо не е полесно отколку да се постигне таа, само што ние тоа НЕ го сакаме.
Состојба и свест на нашето вистинско Јас, не на ова сега условено и поврзано со разни етикети, желби, стравови.., туку над сето тоа, како што е возрасниот човек над детските игри, состојба во која владее совршен мир во умот, состојба на максимална среќа неусловена од ништо, освен од самиот факт дека постоиме, независност од било што а пак поврзани со се. Нашата најприродна состојба, само што во текот на животот стануваме толку заслепени со она со што не лажат, т.е. со она со што самите се лажеме, па стануваме слепи и конфузни, а што е уште полошо и самоуверени во тоа. Според де Мело се работи за нашите желби и навики како препрека кон просветлувањето, поточно начинот на кои ги живееме врзувајќи се и условувајќи се со нив.
Што ќе ми е просветлувањето ако тоа толку ме воздигне над моите желби, да речеме сексуалните, па заборавам да уживам во сексот, туку напротив, сексот ќе ми стане како детска игра која ќе ја играм чисто ради ред, а чувството нема да биде онакво егоистичко, исконско. Постои и волја за моќ, претерана амбиција, суета итн. како препреки на тој пат, меѓутоа сексуалноста се смета за нешто најсилно инстинктивно вродено во нас, и најтешко е да се ослободиме од неа. Всушност со помош на сексот доживуваме еден вид условно „просветлување.’’
Читајќи ја по втор пат Будење дојдов до заклучок дека можеби не сакам да се разбудам. Едноставно, кога би можел да бирам да имам вечен спокој, мир и среќа или една секс бомба со која физичко-хемиски си одговараме нуклеарно, би го избрал ова второто. За разлика од вас нели, разбудени и освестени?
Сега за сега би претпочитал позападен метод, еден вид гностички пристап, степ бај степ, искуствување додека сомнежот не се здроби дел по дел, додека не остане ни камен на камен, ни зрно на зрно од него. Само спонтано бидејќи нагло ништо не може да се отфрли, т.е. може да се отфрли но не и да се ослободи човек од тоа, тоа што не сме го поминале ќе не мачи додека не донесеме конечна одлука.
Ју?