Просветлување

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Што е тоа и како изгледа таа состојба на свест за која се напишани толку силни книги, а де Мело смета дека ништо не е полесно отколку да се постигне таа, само што ние тоа НЕ го сакаме.
Состојба и свест на нашето вистинско Јас, не на ова сега условено и поврзано со разни етикети, желби, стравови.., туку над сето тоа, како што е возрасниот човек над детските игри, состојба во која владее совршен мир во умот, состојба на максимална среќа неусловена од ништо, освен од самиот факт дека постоиме, независност од било што а пак поврзани со се. Нашата најприродна состојба, само што во текот на животот стануваме толку заслепени со она со што не лажат, т.е. со она со што самите се лажеме, па стануваме слепи и конфузни, а што е уште полошо и самоуверени во тоа. Според де Мело се работи за нашите желби и навики како препрека кон просветлувањето, поточно начинот на кои ги живееме врзувајќи се и условувајќи се со нив.
Што ќе ми е просветлувањето ако тоа толку ме воздигне над моите желби, да речеме сексуалните, па заборавам да уживам во сексот, туку напротив, сексот ќе ми стане како детска игра која ќе ја играм чисто ради ред, а чувството нема да биде онакво егоистичко, исконско. Постои и волја за моќ, претерана амбиција, суета итн. како препреки на тој пат, меѓутоа сексуалноста се смета за нешто најсилно инстинктивно вродено во нас, и најтешко е да се ослободиме од неа. Всушност со помош на сексот доживуваме еден вид условно „просветлување.’’ :)
Читајќи ја по втор пат Будење дојдов до заклучок дека можеби не сакам да се разбудам. Едноставно, кога би можел да бирам да имам вечен спокој, мир и среќа или една секс бомба со која физичко-хемиски си одговараме нуклеарно, би го избрал ова второто. За разлика од вас нели, разбудени и освестени? :)
Сега за сега би претпочитал позападен метод, еден вид гностички пристап, степ бај степ, искуствување додека сомнежот не се здроби дел по дел, додека не остане ни камен на камен, ни зрно на зрно од него. Само спонтано бидејќи нагло ништо не може да се отфрли, т.е. може да се отфрли но не и да се ослободи човек од тоа, тоа што не сме го поминале ќе не мачи додека не донесеме конечна одлука.

Ју?
 
Интересна тема си отворил онака отворена за разговор без никакви граници и оптеретувања.
Кога го видов насловот помислив на просветителите некој отворил тема за кои имам прилично лошо мислење ама за тоа друг пат.

Свеста е искрено гадна работа, не можеш да се заебаваш со свеста..........уствари можеш......кога ќе размислам и пожелно е понекогаш да се заебаваш со свеста бидејќи само така можеш да знаеш коа си свесен.

Еве на пример кога одам по улица се трудам колку можам да бидам свесен за тоа што ме опкружува и да размислувам на работите на сосема поинаков начин од тој што сум размислувал претходно и така секој пат кога поминувам на исто место. Неверојатно колку можеш свесноста да ја растегнеш и пак да не си свесен за ама баш ништо.
 
Да, можни се моментни просветлувања, да ги наречеме така, кога мислите запираат а ние стануваме вистински свесни за себе и за она што не опкружува. Но да се одржи таа состојба потребно е воздигнување над сите наши желби и стравови, потребно е да пораснеме не само во контекст на друштвено прифатените норми. Тоа е како да имаме колач што треба да го изедеме, а најубавиот дел од колачот е шлагот, па тоа го одложуваме за крај бидејќи ако прво шлагот го изедеме остатокот нема да ни биде толку сладок. А можно е и од двете страни по малку, мислам дека повеќето тоа и го правиме.
Психијатарот Мајкл Пек пишуваше во врска со ова, дека најголем проблем се луѓето што сакаат и да го јадат и да го чуваат својот колач, сакат да си останат деца а да бидат третирани како возрасни. Мислам дека во тој контекст беше, од книгата Патот по кој поретко се оди.
Духовниот и менталниот развој се на некој начин неодвоиви.
 
Јас искрено не гледам проблем да си останеш дете во срцето или како и да се вика тоа.
Ај ако можеш да разбереш каква свесност имаат децата на пример од 2 до 3 години, за што они размислуваат како го перцепираат светов.
Неможеш си го заборавил тоа или според Фројд ти е скриено во потсвеста бидејќи си имал мисли кои се недозволиви и сме направиле автоцензура.
 
Дете во душа е една работа, всушност самото чувство на просветлување е како чувството што го има мало невино дете што се радува на животот, но менталниот склоп никако не смее да биде како на дете, тогаш тој човек само ги менува играчките и се врзува за други, и едно такво дете во тело на возрасен може и многу полоши работи да прави, да си игра со игри - создавање на „чист’’ свет, како Хитлер.
 
Читајќи ја по втор пат Будење дојдов до заклучок дека можеби не сакам да се разбудам. Едноставно, кога би можел да бирам да имам вечен спокој, мир и среќа или една секс бомба со која физичко-хемиски си одговараме нуклеарно, би го избрал ова второто. За разлика од вас нели, разбудени и освестени?


Многу пати кога размислуваме за просветлување и духовен прогрес наидуваме на вакво ограничување на нашето размислување и нормално е дека ќе го избереме она второто.
Зошто?
Затоа што чуствата што ќе ги искусуваме како што се мир спокој среќа идр и чуствата што би ги искусиле со една секс бомба ќе ги анализираме и ќе ги одбериме тие што повеќе ќе ни се допаднат.и највероватно да неречам сигурно повеќе би ни се допаднале овие вторите.

Прашањето е дали во иднина ако се просветлиме и ако оствариме одреден духовен прогрес и имаме некое духовно тело не физичко. дали чуствата што би можеле да ги размениме односно искусиме со некоја личност која е на исто духовно ниво како нас односно некое ниво на проширена свест. и се разбира кога сме на повисоко ниво на свест тогаш се зголемува опсегот на сензации односно чуства што би можеле да ги замислиме и искусиме односно размениме со некоја личност, дали тие чуства повеќе би ни се допаднале отколку да сме со некоја секс бомба?????????????????????????????
 
Абе малку е преценето чувството да се биде со некоја секс бомба, мислам не дека би одбил ама колку тоа просветлување ќе трае ден, недела...........
Духовното просветлување е далеку помоќно чувство и трае форевер.
 
Прашањето е дали во иднина ако се просветлиме и ако оствариме одреден духовен прогрес и имаме некое духовно тело не физичко. дали чуствата што би можеле да ги размениме односно искусиме со некоја личност која е на исто духовно ниво како нас односно некое ниво на проширена свест. и се разбира кога сме на повисоко ниво на свест тогаш се зголемува опсегот на сензации односно чуства што би можеле да ги замислиме и искусиме односно размениме со некоја личност, дали тие чуства повеќе би ни се допаднале отколку да сме со некоја секс бомба?????????????????????????????

На прв поглед можеби не, но подлабоко гледано сигурно. :) Бидејќи ова првото не прави послободни и понезависни а ова второво многу условува... за жал. :)
 
Таканареченото просветлување (што и да се подразбира под тоа) веројатно подразбира промена кај просветлениот, во однос на неговата предходна (непросветлена) состојба. Многу веројатно е дека тој поинаку ќе ја перцепира реалноста. Ќе има поинакви гледишта за некои (можеби и за сите) работи.
Ако си го поставувам прашањето дали можеби е подобро да сум непросветлен, заради тоа и тоа, треба да имам в предвид дека сега во моментов моите гледишта и ставови за тоа и тоа, веројатно ќе се сменат подоцна по просветлувањето. Има големи шанси по просветлувањето, дилемата што сум ја имал, да ми делува излишна. Јас, оној што сум, тогаш по промената, нема да ги имам истите приоритети, веројатно.
 
Со тоа просветлување ако заборавиш да уживаш во сексот тоа не е никакво просветлување, туку затемнување. По правило би требало да биди поголемо просветлување поголемо задоволство, во сексот, во работата, во пријателите, во уметноста, во природата и општо во животот. Ако ги нема овие услови тоа не е просветлување туку затемнување.
 
Со тоа просветлување ако заборавиш да уживаш во сексот тоа не е никакво просветлување, туку затемнување. По правило би требало да биди поголемо просветлување поголемо задоволство, во сексот, во работата, во пријателите, во уметноста, во природата и општо во животот. Ако ги нема овие услови тоа не е просветлување туку затемнување.

Секое просветлување е интимно душевно издигнување.
Монрахот и свештеникот не значи дека се просветлени.
 
Секое просветлување е интимно душевно издигнување.
Монрахот и свештеникот не значи дека се просветлени.
Извини не те разбирам дали можи поопширно да ми објасниш?
 
Извини не те разбирам дали можи поопширно да ми објасниш?
Се обидува да ти каже дека просветлувањето (интимното душевно издигнување) и сексот немаат никаква врска едно со друго:)
 
Просветлувањето е состојба на свест на нашето вистинско јас ( не сакав тука да се изразувам со Божје јас но тоа е :) ), не на ова сега условено и зависно од многу работи, туку тоа е состојба на силен мир и среќа неусловена од ништо освен од самото наше постоење, и се друго изгледа небитно. Тоа лесно го постигнувам со помош на де Меловата вежба со прашање - „Што ќе се случи ако сега ги отфрлите сите ваши негативни емоции, разочарувања, стравови, грижи на совест...? Може најпрво да се појави страв, но продолжете да се прашувате, можеби ќе дојдете до големо откритие.’’ Кога сум добро сконцентриран во момент доживувам такво блаженство што не се опишува, една силна исполнувачка тишина во умот, радост... но тоа брзо исчезнува. Се прашував зошто тоа бега од мене и изгледа конечно дојдов до интелигентен заклучок дека вистински не го сакам. Бидејќи во таа состојба сум толку пресреќен та ништо не ми треба, а и ако нешто има, да речеме секс :), таа женска не би ја посматрал како женка туку како светица во тие моменти, и што секс ќе биде од тоа... :) Но, не би генерализирал за сите, за мене се чини дека е така.
А тоа е инаку источна коан вежба од типот - Како звучи аплауз со една рака? или - Каков облик си имал пред да се родиш?, прашања што учителите им ги поставуваат на учениците, а бидејќи не постои рационален одговор на тие прашања доаѓа до блокада на мислите и мир во умот, само оваа вежба е „преведена’’ за наш западен менталитет.
А имав и едно многу јако духовно искуство што траеше подолго, го опишав на темата Гностицизам.
 
Не постои такво нешто како просветлување. Кој и да ви кажал такво нешто може само да ви го пере мозокот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom