Prometheus / Alien: Covenant

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Многу добар новиов, можеби втор или трет најдобар филм во франшизата. Би го карактеризирал како спој помеѓу она што беше добро во Prometheus (сетинг, приказна, ефекти, мистерија) и Alien (бруталност, тензија, атмосфера, ликови). Добро што не го избрзаа и не скокнаа дирекно во акција туку имаше спор build up, она правилно запознавање со ликови. Не беше класична пуцачина ала Alien vs Predator и сличните. Животињите беа добро изведени и брутални а посебно ми се допадна што не се плашеа да ги покажат во целост иако малце одземаше од "мистеријата", ама сите веќе добро го знаеме xenomorph-от.

Ликовите можеа да бидат подопадливи освен David (Walter) кој за мене немаше ниедна маана, после Ellen Ripley дефинитивно е втор најиконски лик во франшизата. Michael Fassbender е моментално еден од најталентирани актери, факт.

Имаше некои клише или предвидливи моменти али кога имам гледано милион филмови тешко е нешто да ме изненади. Дефинитивно вреди да се гледа, и тоа во кино!
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Само што го изгледав новиот. Сакав да почекам додека да излезе барем во ХД снимка ама неможев да издржам да чекам до тогаш. Сепак кино снимката беше супер и го изгледав на раат. Што да правам кога Струмица нема кино!? :(

Да не спојлерисувам додека сите да го изгледаат нема да пишувам многу за филмот, само би сакал одговор на некои прашања.

Ако Xenomorphs се создадени во иднината, како што видовме во овој Алиен филм 2106 година ако не се лажам, тогаш како во Alien vs Predator ни беше претставено дека Xenomorph и Предаторите се најголеми непријатели со векови? И дека ги користеле луѓето цело ова време? Знам дека Предатор и Алиен приказните некаде се преклопуваат ама не ми е јасно каде и како. Дали ќе биде објаснето во некој од наредните филмови или јок?

Веднаш штом го изгледав новиот филм горенаведеното постојано ми се вртеше во глава, заедно со уште неколку работи кои не ми се јасни ама ајде да оставиме простор повеќе луѓе да го изгледаат па да можеме слободно да расправаме.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Нека не те буни предаторот, не е дел од Alien светот. Alien vs Predator не е канон, направен е спој меѓу двата успешни иконски вонземјани во еден филм поради $$.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Бев еден од ретките кому му се допадна Prometheus покрај сите пропусти и нелогичности, пред се поради сторијата и можностите што таа ги остави за проширување на Alien универзумот во иднина. Мислењата и рецензиите беа негативни, рајата преферира слеш хорор сцени пред sci-fi. Ридли Скот со новиов Alien Covenant се обидува да направи баланс помеѓу овие и до некаде успева, но сепак ме остави разочаран. Доколку разврската од Prometheus (оние што го имаат гледано Covenant знаат за која сцена зборувам) нема некој твист и она што го видовме е се што се случило, мислам дека е пропуштена една голема можност, нешто поради коешто го толериравме Prometheus - требаше само да биде најава на она што следи. Многу антиклиматично...незнам што да кажам.

За другите аспекти, во кино не е лош за гледање, CGI-то е океј освен пар комични сцени кајшто незнаев дали треба да се смеам или плачам колку очајно беше направено. Ликовите се бедни како и во Prometheus, повторно глупи одлуки иако тоа мене лично не ми пречи пошто луѓето се генерално глупи и во вистинскиот свет. Се на се, пропуштена можност за филм со голем потенцијал, вистински 10/10 и наместо тоа просечен филм. Ридли е мајстор на визуелното, ама итно да му најдат саглам сценаристи.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.559
Поени од реакции
2.524
...мислевте дека ликовите у Прометеус беа глупи, чекајте да ги видите овие у Ковенант. :icon_mrgr: Цел филм копи-пејст на претходниот, ништо ново поразлично да понуди, сите можни елиен клишеа, дури има и Рипли lookalike бе...поента - никаква...И Ридли Скот поради ова :гомце: му го сјеба елиен филмот на Бломкамп...:facepalm:
 
E

Epsilon

Гостин
Дали би претставувало проблем ако го гледам новиов филм без претходно изгледан Prometheus?
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Дали би претставувало проблем ако го гледам новиов филм без претходно изгледан Prometheus?
Искрено, да. Изгледи го Prometheus прво. Колку и нелогичности и глупи карактери да има, сепак е прекрасен филм онака визуелно плус забавен.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.197
Бледо, стерилно. Ридли Скот требаше да се пензионира уште од пред неколку години, за да го паметиме само по убави филмчиња. Вака... шо знам, ама за 100 милиони буџет цела Македонија со автопат се прави а не па филм кој олку многу може да флоп-не во сценариото... RIP Alien и Prometheus, со само еден флешбек во овој филм ја згасна неизвесноста дека трилогијата ќе има убава бекграунд приказна.
 

kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
545
Поени од реакции
328
Prometeusot bese ok, vtoriov sosema nepotreben, ako pravese mozebi trebase u druga nasoka da go odnese, ovaka nisto cudno da docekame brod so drugo ime da sleta na planetata i da gledame repriza

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
цело време навивам за ксеноморфци и сакам сите луѓе да умрат одвратно. Така и се случи. Смеење до солзи цел филм.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.004
Конечно го изгледав Alien: Covenant ( да е жив и здрав Гусарскиот залив за одличната BlueRay снимка што ја најдов ) , и ми се чини дека Prometheus колку и да беше со дупки во сценариото и неколку глупо снимени сцени сепак беше подобар филм од овој . Во Covenant нема толку многу дупки и глупи сцени , но исто така ја нема ни колку толку добрата приказна и мистерија што ја имаше Prometheus . Доброто во Covenant е одличната глума на Фасбендер , кинематографијата , објаснувањето на тоа што се случувало во изминатите 10 ( или беа 11 ) години во приказната помеѓу двата филма . Лошото ( според мене ) е што многу малку беа спомнати Space Jokey`s , и нормално глупавоста на дел од екипажот ( впрочем и во Прометеј беше истото ) . Видов на нет и некои од избришаните сцени од филмов кои да биле вметнати ќе го направеа подобар . Според мене оценката на ИМДБ од 6,6 е реална , филмот не е до толку лош како што пишаа некои погоре :) . Во секој случај очекував повеќе но и ваков може да помини .
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.438
Поени од реакции
17.825
Мене Covenant ми е тотално разочарување, а кога ќе се присетам со каков ентузијазам седнав да го гледам, едноставно пресмешно-едвај чекав да заврши. Нема ни дел од препознатливата атмосфера на франшизата, глумата под просек, сценарио онака.

Многу глуп начин на инфекција преку тие растенијата и оп-ксеноморфче во стомак. Едноставно не идат некои работи.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Првиот филм, снимен 1979 година е Монт Еверест. Оттогаш наваму, секој филм на темава е брденце. Ок, мене и Aliens (вториот ми е солиден, иако е повеќе од жанрот акција). Во старите СФ филмови се градеше тензија, напнатост и остануваа недокажани работи. Некој ќе каже дека е тоа поради малата тогашна можност да се работи со не-човечкиот дел од екипата, се' било аналогно, кукли со вградена хидраулика и мотори, а денеска компјутериве можат се'. Ама тоа даваше драж на филмот, ти даваше отворено поле за со имагинација го дополниш "пропуштеното". Скоро гледав документарец за снимањето на првиот - визуелното обликување на alien-от е дело на француски(?) уметник и целото адаптирање на тој концепт за потребите на филмот е исто така еден уметнички процес за да се претстави во вистинско светло. Денес, тоа е сведено на прешљапување во maya или max, без му остане на гледачот ништо визуелно впечатливо во сеќавање.
Во "Covenant" се целело ништо да не остане "необјаснето" и со тоа е добиена досадна приказна (ако е воопшто приказна), поточно епизода која завршува со најава за продолжение. Според мене последново е ужас. Прометеј и јас сум еден од ретките што ми се допадна - не паднав у несвест, ама имаше некаква приказна и смисла.
Не снима СФ, инаку да сум продуцент би му дал на Дени Вилнев да режира наредна "епизода", затоа што е генијалец токму за тоа - постепено градење тензија и впечатливи ликови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom