Промашени трансфери

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Беил-Тотенхем..Дечкото игра зверски,но не им носи среќа на Тотенхем,кога играл тој овааа сезона немаат победа..(Нз дали играше со Хал)
Хахахах, кој пост човече! :cuc:
Која спротивност пред 4 години и сега! Тогаш со Бејл не можат да победат, сега без Бејл се подпросечна екипа. :icon_lol:
 
веројатно никој до сега го нема кажано дечково од кого многу се очекуваше, за кого се лупнаа прилично убави пари, некој кој до ден денес според мене не е на некое ниво, можеби ке го бидне у некоја просечна екипа али не и во Реал ... Карим Бензема
можеби го проколнале од Јунајтед, памтам они сакаа да го земат :sneaky:
 

Кога сум го напишал јас ова јас? :O
Каков човек сум бил тогаш јас еј, 50 милиони евра + Ето за Ибрахимович и не сум сакал да прифатат :D
 
Уште сега ќе пишам. Нејмар во Барселона. Нема дечково да се снајде во Европа поготово во натпреварите во ЛШ.
 
Уште сега ќе пишам. Нејмар во Барселона. Нема дечково да се снајде во Европа поготово во натпреварите во ЛШ.
Ова го гледам како обид за ако случајно испадне вака да можеш да се чаламиш со цитирање на постот.

Се согласувам дека е преценет играч како и пола од новата генерација бразилци што доаѓаат накај Европа ама си има и тој квалитети што може да ги доразвие и да биде добар играч.

Плус доаѓа на скоро 22 години и е далеку посозреан од бразилчињата што искачаат од таму на 17/18 години и големи се шансите да се пронајде себеси у Барселона ама треба да очекува дека нема да биде тој главната звезда.
Да беше сеуште Пеп таму тогаш ќе бев посигурен ама останува да видиме
 
Изгледале 3 утакмици на Нејмар и одма сите експерти станаа.
32 утакмици, 20 гола за Бразил. Ако нешто не ви е јасно, прочитајте ја пак статистиката. Плус не е класичен напаѓач, туку лево крило. И да, знам дека се на пријателски утакмици и ОИ во Лондон, ама зошто некој друг од Бразил не дава толку голови на истите?

Јас исто немам гледано повеќе од 5 утакмици негови, затоа немам никакво мислење за него. Од друга страна убеден сум дека ќе успее во Барселона, затоа што ептен ретки се Бразилците кои биле фејл во Барса. Последниот кој беше фејл мислам беше Рочембак пред 10 години :icon_mrgr:

Е да, во случај да почне да доминира, потоа следуваат муабети како шпанската лига е лесна, лесно е да се игра со Чави, Меси и Иниеста,...јасно е како ден :)
 
Има време ќе видиме колку е добар. Времето ке покаже дали ќе биде добар или не но сепак мое мислење дека нема да снајде зошто многу различни се бразилската и некоја од европската лига. Тешко дека ќе поминат тие негови дриблања и потези во Европа. Најдбро ќе видиме на СП во Бразил колку дечкото е добар и зрел зошто таму на виделина искачат вистинските фудбалери.
 
Нејмар ако се снајде некаде тоа е Барса. А реално во натпревари против големи екипи ќе биде изгубен и на форумов ќе се појавуваат слики "А где је Нејмар" на секоја страна.
Во Шпанија може на екипи како Гранада да им дава голови па таа статистика малце да залаже дека трансферот бил успешен.
 
Ќе се снајде во Шпанија Нејмар. Ќе беше лошо доколку пред 2 години дојдеше во Челзи кога имаше интерес и блиску беше до трансфер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom