Професионални лажговци

На "глувонемиот" у Бисер,ми дојде и ми дава такво ливче,глув сум,дај ми пари,и ај извадив му дадов 10 денари,и ја гледа 10ката,и крева рамења,праи фаца ко демек-ти си знаеш и ме тапша по рамо и продужи даље...не ми се веруваше,фатив да се смеам,ама да ми дојде пак друг муабет ќе биде..:)
 
Го знам тој!!!

Помлад е, 23-25 години. Мене еднаш ми бараше 30 денари кај грчка амбасада...
Да! 30 денари беа, додека го пишував постов си викам 30 денари ли ми побара (онаму кај Џубокс ме најде) ама не бев сигурна и не пишав. Тој е тој, чим 30 побарал, на ниска цена иде :)
 
Не се сите преваранти. Досега имам видено вакви што бараат пари за леб, лекови а убаво се облечени. За едниот ми падна жал му дадов 50 ден и веднаш отиде си купи цигари. Потоа се распрашав за едни што секој ден ми бараа пари и ми кажаа дека не биле во ред со паметот.

Sent from my Samsung Galaxy S3 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Еднаш на тој му викам "неам ситно" и со мимики ми покажува демек ќе ми расситни :D
Си помислил дека можеби такви едноставни реченици може да ги прочита од усни?
 
Си помислил дека можеби такви едноставни реченици може да ги прочита од усни?
Помислив... highly unlikely. Башка еднаш му дадов 5 денари и ми бараше поише. И да ме разбрал така, кој го ебе.
 
Си помислил дека можеби такви едноставни реченици може да ги прочита од усни?

Ја ко студирав Скопје, ни идеше батево по студентските. И паѓаше на финти, кај првин му викаш немам и ко тргне да си бега (веќе свртен со грбот он) му викаш : " еј чекај бе најдов ". И се врти...:facepalm:
 
Ја ко студирав Скопје, ни идеше батево по студентските. И паѓаше на финти, кај првин му викаш немам и ко тргне да си бега (веќе свртен со грбот он) му викаш : " еј чекај бе најдов ". И се врти...:facepalm:
Или можеби е само нем :)
Не знам за кого станува збор, ама сепак го споменав ова како можност.
 
Тој глувонемиот кога ќе го соберам некој ден на тупаници. Многу често го гледам на железничка. И знае дека не го регистрирам и ми застананува патот ми го попречува, онака ми прави нервозни фаци и како да сака да ми каже "дај бе некој денар, да не се потрошиш". Па го пуштаат и во возот да се качи.
 
Си помислил дека можеби такви едноставни реченици може да ги прочита од усни?

Едно другарче му има фрлено паричка кога он бил свртен со грб кон нив , и овој се свртел и ја барал паричката по земја. Може е нем , али не е глув се праи будала.

Инаку многу пати ми се десило и да ми доаѓаат со рентген снимки и книшка дај 20 денара помогни да напрам за колкот операција, на еден таков му реков ако си за операција на колк пријателе во најлош случај нема од кревет да станеш или би бил со патерици и го отерав у тииит...
 
ух, кај ја најдовте темава. пред некое време со некои луѓе се потсетив на некои работи од моето детство.
најјакиот пример ми е за една жена (ове е пред околу 25-30 год) која само еднаш годишно се бањаше. живееше во барака кај угостителското школо. и така таа си го терала животот едно 30+ год. ......... инаку претходно, пред да реши да биде питач, била мажена и имала деца.
и дојде времето да си умре жената. и ок, закоп, ова она, .... проаѓа време кога ја сретнувам особата која живееше во нејзина близина. и ми вика: абе зааебан, знаеш ли дека онаа (со име нормално) во банка имала 300 000+ марки? ............ јас :confused: и викам, чек чек, за питачката ли ми збориш? ДА ДА, за неа. човече, децата сега станови си изнакупија и сл. јас си заминав по патот и си размислувам. дали е ова можно? а пошто Е, значи верба во никого!!! и навистина, во животов сум дал само еднаш и мислам дека не бев згрешил.
П.С. имам уште еден пример, со време на дешавање е паралелен со горниот пример, али доста е и толку :D
П.П.С. ивица, глувонемиот е добро познат, и веруј дека редовно јаде ќотек. но сепак, скопје епоголем град и како таков секогаш има некој кој не го знае, особено од внатрешноста.
 
јас сум велешанче, еднаш враќајќи се од големото село на железничка еден ме замоли да му дадам пари за карта зошто он не е питач, ами дента м,у текнало да се клади и ливче по ливче ебан денар немал. И си викам јас дај човеков е искрен дека се искомарил, имам повратна, и 150 у џеб, вадам стотката му ја давам, си викам 50 за такси. Стасувам во Велес, типот трчанката пред мене последното такси ми го фати, цел пат до дома пцуев
 
Mене еден пред министерство за економија Кумановац..дај брат жити сфе 100 ден. за карту..:pos: Ја јок
После ми кажува другар ми у меѓувреме он собрал од 5-6 души..и то све од министри и тие у одела госода :pos:
 
Јас на глувонемиот, кога ќе дојде у кафиќ и кога ќе го подаде тоа како визит карта кај што пишува што му треба, фино лепо си го земам лифчето, го турам у џеб и му викам фала. Пробајте го ова и нема да згрешите (y)
 
Ја на сите што ми пришле сум им дала пари, кога колку ќе ми се најдат ситни по џебови. Голема е веројатноста дека они повеќе од мене пари прават, ама ајде, раката што дава не се суши.
 
Глувонемиот шпарта на рекорд цело време,коа се враќам од школо цело време ми се лепи и замара додека не го одјебеш ептен онака.Еден ден ми доаѓа и се бута у мене со тоа картичката демек да прочитам,а ја почесто го гледам од роднините мои -.- Може ќе ме осудувате незнам,али коа се реши да се откачи се заврте,го опцув и ми се сврте и ми напраи мимика (гест) со рацете (Пази што збориш ) и ми дава некој таков опасен поглед.Глув,нем што и да е.И тетка ми е глувонема од бебе па ете ја работи сметководство,не го мери скопјено за мочани 10 денари :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom