BOJ@N
Штрумф Текнувало
Зошто да не може, седиштата ги правев според перцентилите не човекот и главата на човекот нема да биде повисока од седиштето, освен ако човекот е 250 цм висок па да се двои од просекот на човечките димензии. Ако главата е пониска од носачите а носачите не се свиткуваат тогаш патникот е заштитен од згмечување при превртување.
Инаку можеби не е јасно каде се споени носачите бидејки ја немам конструкцијата направено која ке го носи возилото, тоа треба некој колега од Конструкции да ми го среди. Но секако кога ке се конструира ке се направат прецизни мерки од конструкциските инженери до која висина и каде треба да се спојат носачите.
Еве ти пример за рол бар кај Пежо кабриолет. Рол барот ја игра истата улога како А-носачите кај колата. Запримети тие колку се ниски до главата на патниците.
![]()
Јас сум задолжен да генерирам идеи и иновации кои ке бидат технолошки оправдани односно логични, и графички да ги претставам, да предвидам технологија која ке се користи во возилото, односно кратко кажано јас сум задолжен за дизајнот.
Имам познавања од конструкции но прецизните пресметки и мерења ги прават оние инженери кои ја изучуваат таа насока. Не можам јас во све да се разбирам, затоа и постои тим а не стои еден човек позади целата конструкција секаде во светот.
Во кратки црти, оваа промена за која ти ми ја предложуваш ке биде направена во текот на фазата на деталното проектирање. Ова возило е сеуште во почетната фаза на креирање идеа и графички прикажување на истата.
Инаку фала ти за советот, ме интересира која е твојата професија?
Добро ти вели никола, рамката назад мора да биде затворена за да се формира целина која ќе има доволна носивост. Тие носачи кои напред започнуваат, назад ќе мора на нешто да се потпираат. Во спротивно и голем профил да користиш ефектот ќе биде слаб и незадоволителен. Плус, така затворената рамка ке му даде на возилото уште подобра крутост.
Споредбата со рол барот кај пежото не е на место, се работи за различни случаеви. (рол барот го менува Б столбот, не А)
Друго прашање, кои се димензиите на просторот зад седиштето? Ке има доволно простор за погонскиот дел?
Трета забелешка, внимавај на изводливоста на конструкцијата и дизајнирај да биде едноставно, практично и лесно одржливо. Ако се дупне задната гума како ќе се промени? Ќе треба да се растура цела задница?

Големите прозирни површини изгледаат убаво но колку се едноставни и ефтини за изработка? Лично, би ги поделил на повеќе сегменти.

Иначе, на добар пат си и продолжи така!
:salut: