Прочка

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Убав ден, убав обичај. Не се срамете да побарате прошка, без разлика дали свесно сте му згрешиле на некого, или несвесно, поради нашата човечка несовршеност.

Ама, направете го тоа искрено. Тоа е најважното во барањето прошка и во каењето. Инаку, ништо не вреди, викаш се каам, извини, а во себе - море да ти ебам матер. Има и такви, се каат ради фасада и ради публиката, а во душа им останува мувлата.
 
Ми замина мене денов, што е за право... Не сакав да пишам додека не расчистив некои работи, не би било тоа - тоа. Не се бара ваква работа туку така.

На сите оние на кои сум ви згрешила (а ве има такви)... Простете ми.
И да, простено ви е. Ако воопшто го бара некој тоа од мене... Го има.
 
Убав ден, убав обичај. Не се срамете да побарате прошка, без разлика дали свесно сте му згрешиле на некого, или несвесно, поради нашата човечка несовршеност.

Ама, направете го тоа искрено. Тоа е најважното во барањето прошка и во каењето. Инаку, ништо не вреди, викаш се каам, извини, а во себе - море да ти ебам матер. Има и такви, се каат ради фасада и ради публиката, а во душа им останува мувлата.
Тоа е најлошото, ама најчесто се' се сведува на тоа. Фасада ради публика, а мувла во душата. Искреноста и моралните вредности денес се сведени на нула. Сите се навлезени во некој "тв шоу" стил на живот, во кој најбитна е реакцијата на публиката и гледаноста. Лажни насмевки, лажно подадени раце... Глумата еволуирала до тој степен што човек може континуирано да те лаже и гледа во очи, без да трепне. А ние сеуште имаме тиња филмови.

Денес побарав прочка од моето семејство и моите најблиски.

Барам прочка и од сите оние кои ме познаваат и на кои сум им згрешил.

Не барам прочка од оние кои мислат дека ме познаваат, а самите се убедуваат дека сум им згрешил, само за да ги исчистат црнилата од нивната душа. На нив им благодарам за лекцијата и им простувам, но не заборавам. Простени ви се старите грешки. Не ги правете повторно истите, кога има толку многу нови за правење.

Од вечерва започнува и Велигденскиот пост.
Во него влегувам со чисти мисли и добри резерви на масти, кои ќе ми бидат потребни во наредните 40-тина дена. :)
 
На сите на кои сум им згрешил нешто нека ми простат:smir:
 
Мхм, денов навистина беше убав, а богами и поучен за мене. Побарав прошка од моите најблиски, и оние кои ги сметам за пријатели. Се надевам дека ќе ми простат за се` она што сум им го згрешила, јас веќе им простив. Не само на нив, простив на се што е човечко, денес. Само не заборавив.

Грешиме сите, ни грешат и нам...доблест е да се прости.
 
прости ми да ти простам...

убав ден, шанса да се исправат грешките и да се отворат срцата.
 
Немам никому згрешено ништо и од никого не барам прошка (во превод, го мразам празников).
 
просте ми и јас ќе ви простам :) за многу години празникот што повесели.и простете ми кајганисти ако сум навредил некој или ако сум грешил нешто сигурно не било намерно.
 
Барам прочка од сите оние на кои им имам згрешено
Од мене..простено ви е:pipi:
 
Простувањето е навистина простување само ако е од срце...
Само ако извира од длабочината на вашето битие...
Простете им на другите и олеснете си... Простете си и себе првин...

Нека ми простат сите на кои свесно или несвесно сум им згрешила, сум ги повредила...

Од моја страна на сите им е простено... Од срце... :pipi:
 
Викторгг напиша:
Јас иако постар од некои на форумот, барам прочка од сите оние на кои сум им згрешил. (иако не бајаги религиозен) Господ знае дека мразам да повредувам и навредувам, но сепак сум само човек. Простете ми.

И ова нема врска со религија, човечки е да се бара прошка, и јас ја барам. Оние кои сметаат дека треба да ми простат не мора да ми кажат, доволно е да помислат и јас сум им благодарен.

Благодарам.
 
Искрено не е убаво да мразиш нешто што е поврзано или “дадено“ од господ, но некако празников не го сакам многу.

Зошто?

Денес излегуваат најлицмерните изјави на површина. Секој бара прочка, а во суштина ретки се оние кои простуваат вистински.
Убава е симболиката и значењето на празникот, но ја нема вистинската тежина.
Човечки е да се простува, искрено скептик сум дека многу луѓе го направиле тоа денес.

Како и да е, им простив на моите блиски и побарав прочка од нив. Тоа се луѓето што ги сакам и што знам дека ќе ми простат. За мене ова е преубав ден, но да си го задржи своето вистинско значење-простотување со срце, а не само со збор.
 
Првпат ми значи празников вистински. Не затоа што можам да простам, него затоа што имам итекакви причини да барам прошка.
Од некои луѓе смогнав храброст да ја побарам, а од некои сеуште ќе ми треба време за да воопшто можам да им се обратам.
Барем осеќам каење до срж. А, ќе прости секој според можностите.
Првиот камен, нека го фрлат оние безгрешните ако ги има.
Инаку, од мене е простено.
 
Ахх ада ада.. ела ваму
mysmilie_2810.gif
 
Вакви денови кога сите исто зборуваат и чувствуваат ме разнежнуваат.
Без оглед на годините, јас барам прошка од сите на кои намерно или ненамерно сум им згрешила. Посебно од тие на кои последниве денови најверојатно им згрешив. Луѓе сме и не понесуваат настаните, па ретко кој може да остане чист и праведен.
Од друга страна јас немам баш што да простам, но еве колку да се рече им простувам на сите.
Ајде сега од почеток чисти да влеземе и да ги поминиме така барем деновиве кога се пости, деновиве пред најголемиот Христијански празник.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom