Проблем со подуеност на стомак

  • Креатор на темата Креатор на темата paradox!
  • Време на започнување Време на започнување
Ри-ци-но!
Се зафркавам, се разбира, ама можеш да си ја олесниш подуеноста со чај од анасон, или ким, но ова се однесува само на подуеноста. За отстранување на причините, се разбира, следи ги советите на Кадаиф. Доколку треба да третираш запек, пробај со таан алва, или мед, или лактулоза, наместо вообичаените „раздразнители“ од хемиска природа за да се вратат природните рефлекси и перисталтика на цревата.
И трчни малку по кеј.... ;)
 
наутро и навечер пробај: во 200-250мл чаша 2 супени лажици Јаболков Оцет (по можност домашно правен или "органски") малце сода бикарбона (со три прсти колку фатиш) после 1 мин стави мед (малку па по потреба додади уште) и додај вода. http://www.earthclinic.com/
Заборави да му кажеш дека сода-бикарбоната е најдобро да се испие измешана со вода и сок од еден лимон(може малку и да се заслади сето тоа)---колку пати оваа едноставна,но ефикасна напивка ме има спасено од сериозни проблеми предизвикани пред се од консумирање на расипана храна,поздрав! (y)
 
Уфф (и) ја имам проблем со подуеност еве веќе 4-5 месеци...Бев на гастро, ми земаа крв, ехо ми правеа, и ми бутнаа црево у гз :mad::eek::LOL: да ми ги снимат цревата, и ми рекоа - "ништо нема, од стрес ти е" . Ај некое време, ама постојано да сум под стрес ...? И сменив начин на исхрана - црн леб, мусли, негазирани сокови, ...одбегнувам работи од кои сум приметил дека се дујам како : пржени мрсни работи (тиганици, бурек), пиво, газирани сокови, јогурт (?), љутеница, тестенини (макарони на пр.).... и џабе...И сода бикарбона пробав...и едни германски апчиња пиев (ги забораив како се викаа, ептен мали тркалезни) против надуеност што се, и џабе...Тетка ми е мед. сестра, ми вика "стварно не знам што да ти кажам веќе ??? те носевме те снимаа ништо нема"...
 
единствено само трчање и умерена исхрана и многу вода и ништо појќе дрго чаре нема ;)
 
Уфф (и) ја имам проблем со подуеност еве веќе 4-5 месеци...Бев на гастро, ми земаа крв, ехо ми правеа, и ми бутнаа црево у гз :mad::eek::LOL: да ми ги снимат цревата, и ми рекоа - "ништо нема, од стрес ти е" . Ај некое време, ама постојано да сум под стрес ...? И сменив начин на исхрана - црн леб, мусли, негазирани сокови, ...одбегнувам работи од кои сум приметил дека се дујам како : пржени мрсни работи (тиганици, бурек), пиво, газирани сокови, јогурт (?), љутеница, тестенини (макарони на пр.).... и џабе...И сода бикарбона пробав...и едни германски апчиња пиев (ги забораив како се викаа, ептен мали тркалезни) против надуеност што се, и џабе...Тетка ми е мед. сестра, ми вика "стварно не знам што да ти кажам веќе ??? те носевме те снимаа ништо нема"...
4-5 месеци не е мал период... Нонстоп го осеќаш подуен стомакот или одвреме навреме?
Добро што си сменил начин на исхрана, ама џабе ако не правиш шема на оброци во денот, значи јадеш повеќе по малу или малку пати по повеќе?
Јогуртот е добар да го пијаш, особено битолскиот со зелена амбалажа, био јогуртот.
Освен ова, од совет што можам да ти дадам, од искуство - вода, многу вода. Вода е универзален лек. Јас во најтешки денови пијам и до 5 литри вода! Обавезно!
Друго - воздух... не мора спортување... пешачење, обавезно.

п.с. Кој ти го правеше прегледот на гастро?
 
Фала на грижа :)(y) али нема потреба до толку, не сум итен случај :) , одвреме навреме ми се дуе последниве 4-5 месеци, таман работа нонстоп. :) Едно пола година како сум без работа и се улежав :), легнувам/станувам касно па прескокнувам појадок, џабе што сменви начин на исхрана како што викаш, друга работа ич не ми текнува да се напијам вода, денот го поминувам со (негазирани) сокови и шумеќи. Све, од утре од утре и ништо... ју ноу :)
(П.С. Не ми текнува како се викаше докторката моментално).
 
Марија убаво ти рече, нека ти направат анализа за хеликобактер, се испитува нејзиниот титар преку крв. Таа најчесто го предизвикува ова. После нека ти направат снимање на желудник со „бариумова“ каша, се пие суспензија од бариум сулфат и се гледа желудникот со помош на рентген апарат, едноставна метода без непријатности за пациентот. Со оваа метода може да се забележи дали имаш гастритис, каскада или некој чир во желудникот.
Никако немојте да пиете сода бикарбона, подобро ако имате киселина, земете една рутацил таблета.
 
zdravo,masko sum i veke podolg vremenski period imam problem so poduenost vo stomakot(ne cel stomak tuku delot od rebrata do papukot) bez ogled na hranata sto ja konzumiram i isto taka imam narusena stolica ako znae nekoj lek neka pisi, blagodaram odnapred

Pred da se maltretiras so milioni ispituvanja zemi si ESPUMISAN kapsuli 3X2 kapusli, moze da ti e samo poremetena rabota na creva i gasovi. Ovie kapsuli garant ke ti pomognat so naduenosta i ke ti ja reguliraat stolica (nemaat nikakvi stetni dejstva bez gajle). Dokolku ne ti pomine za 2 dena e togas navistina treba da si posetis doktor
 
Уфф (и) ја имам проблем со подуеност еве веќе 4-5 месеци...Бев на гастро, ми земаа крв, ехо ми правеа, и ми бутнаа црево у гз :mad::eek::LOL: да ми ги снимат цревата, и ми рекоа - "ништо нема, од стрес ти е" . Ај некое време, ама постојано да сум под стрес ...? И сменив начин на исхрана - црн леб, мусли, негазирани сокови, ...одбегнувам работи од кои сум приметил дека се дујам како : пржени мрсни работи (тиганици, бурек), пиво, газирани сокови, јогурт (?), љутеница, тестенини (макарони на пр.).... и џабе...И сода бикарбона пробав...и едни германски апчиња пиев (ги забораив како се викаа, ептен мали тркалезни) против надуеност што се, и џабе...Тетка ми е мед. сестра, ми вика "стварно не знам што да ти кажам веќе ??? те носевме те снимаа ништо нема"...
Ти ептен си го изел...маката на се ке те натера.Ќути така коа ќе ти кажат од стрес ти е или лекарски на нервна база,ми иде главата и у ѕид.И како ќе ми помине,што џоинт да запалам ако не...Глупости,поубаво да ми речат иди у црква моли се ние незнаеме што ти е.Исто мене ми рекоа од стрес ти е,нервозите,секојдневниот живот....Истиот проблем го имам и јас,значи вода да се напијам мене стомакот ми е ко цацко.Е сеа има денови коа ми е повлечен.Сум намалувал на храна,пијам вода и така по 2-3 литри дневно,сум држел диета само заради тоа што е неподносливо и пак ништо!Често ждригам,од кога ми се појави проблемов.Имав хелико бактер,ја третирав и ништо човече.Јас само неам проблем со столицата.Сум поправен,но работава е имам стомак ко 60 годишен хроничен алкос.Мислам ќе ми пукне.Јадам буквално два пати на ден и не количински.Јас дури и заборавам да јадам.Сум ослабел 4-5 кила којзнае како,а пак ми е стомакот ко тапан.Знаеш ај да ти е надуен,да си се најал па ќе речеш ај утре ќе се спушти.Еве сега е 9:45 ја вода се имам напиено и едно кафе,мислиш ќе експлодирам.Киселини имам често,некад и цигариве ме гушат,се си е поврзано...Чаре,ќе пробам сеа таблетиве devojka87 што ги пиша,па ќе видам.Ова се чести случаеви во последно време,дури и вадат таблети против подуеност и сл.Значи не ќе да е од стрес мајката,може има нешто и со храната.
 
Ќути, цревото кога ми го...го видов Господ у пижами и на точак, па уште воздух кога ќе ти пуштат осеќаш цревата како ти се дујат и мислиш дека ќе експлодираш, страшно искуство е нек си е*е векот...
Да не се урочам, ми се смири стоматоков у последно време, избегавам од храна само све што може да иритира...мрсна, зачинета, љута, газирани сокови, алкохол,..ја и кафето одамна го оставив, приметив дека и тоа ми смета.
Овие апчињава од devojka87 се тие германските што ги пиев, и - џабе. :) Пробај, може тебе ќе ти помогнат. дајбоже
А тоа стрес нема врска, кој не се нервира денеска...:) апче кога пијам исто ми се дуе стомакот ако не е обложено на пример...
Глеам по интернетов и други се жалат доста за ова подуеноста дека ништо не им помага, еден викаше "страшно 20 години иам а повеќе лекови сум испил од некој дедо "
 
ТЕСТИРАЈ СЕ ДОМА ОД ХЕЛИКОБАКТЕР Подуеност? Киселини? Болки во стомакот?
Helicobakter Pilory -бактерија која ја имаат 50 % од луѓето и одоговорна за голем број стомачни заболувања.
Сега со PRIMA HOME TEST можете да се ТЕСТИРАТЕ ДОМА со тест достапен во сите подобро снабдени аптеки како Еурофарм, Виола, ЗАМ и други.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom