Приватен или Државен факултет?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Трик прашање, што е тоа квалитетно образование ?
Дали одложување на бирократијата, што кога тогаш ќе ја сретнеш во животот, дали е тоа лесното положување на испитите или нешто друго?
Во принцип образованието се сведува на
1. Слушаш предавање од учителот
2. Го студираш предавањето дома
3. Проверка на тоа што си го студирал дома.
1-то зависи од капацитетот на тој што слуша, мада има доста добри предавачи, но исто така има и доста лоши слушачи.
2-то зависи пак од твојот капацитет и твојата радозналост, а крај краева и од твојата зангажираност
3-то зависи пак од твојот капацитет.
Од трите барем 90% зависи од тебе и 10% од професорот, што значи дека факултетот е толку квалитетен колку што се студентите во него, а не дали факултетот имплементирал некои програми и сертификации и слични работи што ветуваат дека ќе биде квалитетно образование.
Од ова до сега можеш да заклучиш дека квалитетно образование е добро осмислен маркетинг трик.
Тоа што го рекламираат како квалитетно образование во принцип е дека професорите имаат добри алатки за подобра интерактивна настава, што не е исто, алатките се само 50% од занаетот, а интеракција со учениците не е од денес туку таа е од античко време и тоа ако не се лажам прв ја применил Аристотел.
Квалитетно високо е она кое ќе ти овозможи враќање на инвестицијата (време+пари) во вид на вработување + отворен пат за кариерно напредување.

Додека кај нас главно сеуште се работи како што и самиот напиша - 1. 2. 3., во понормалните земји ваквата настава веќе одамна е баталена.

Тоа што го рекламираат е реклама. Во земја каде не постојат правни механизми да се заштити купувачот од бесрамните лаги на адвертајзингот (пр: „Едноставно најдобри“) оставено е на потенцијалниот студент да прашува паталци, да посетува отворени часови, да отвори 8 очи кога го чита договорот за школување и да си ги бара правата и условите кои му следуваат со Закон.

Во Македонија има квалитетни високообразовни установи. Проблемот е што тие сеуште немаат 50К еура годишно да фукнат на ТВ кампања како некои од пиљариве што се маскирани во бизнисмени-професори-доктори без завршен факултет.
 
Многу широк поим имаш ти за државен бе. Јас како што знам имаш многу факултети на различни места со современи лабаратории и добри бифеа во некои.

Али у принцип си во право, чим бифето ти е фактор за парите - најубаво приватен за тебе. :)

Па боље приватен, убаво средено, светски направено и средено, а не по оние државните што се заникаде. Ти немаш влезено во приватен факултет изгледа.
 
а интеракција со учениците не е од денес туку таа е од античко време и тоа ако не се лажам прв ја применил Аристотел.
Не се лажеш. За разлика од Ристо, Сократ и Платон биле тотални ебиветри. Ќе ги истуцале скриптите на камен и ќе им ги даделе на студентите да учат, па кој разбрал разбрал. Никаква интерактивност.
 
Па боље приватен, убаво средено, светски направено и средено, а не по оние државните што се заникаде. Ти немаш влезено во приватен факултет изгледа.

Можам да те замислам уште отсега, идеш на интервју на работа и те прашуваат "Зашто баш се одлучи за American College?"

"Па, јас посетив повеќе факултети, ама вецето најчисто беше на Американ, така да изборот беше очигледен."

Не знам дали тролаш на темава или си сериозен. :)
 
Можам да те замислам уште отсега, идеш на интервју на работа и те прашуваат "Зашто баш се одлучи за American College?"

"Па, јас посетив повеќе факултети, ама вецето најчисто беше на Американ, така да изборот беше очигледен."

Не знам дали тролаш на темава или си сериозен. :)

Па само професорите се 5 пати подобри од тие на државен. А за други работи да не зборам. Праксите исто така им се подобри.
 
Zapishete se be na Mashinski bash e kul!! Solidno bife, mnogu sovremeni labaratorii, dosta strogi profesori(dokolku zavrshite ke imate solidno znaenje), ima i dosta od onie labavi profesori kaj koi se polozuva kolokvium so 1 ipol den ucenje i taka, se na se super ni e :D :D
 
Квалитетно високо е она кое ќе ти овозможи враќање на инвестицијата (време+пари) во вид на вработување + отворен пат за кариерно напредување.
Некое прифатливо гледиште, арно ама кај нас без разлика дали си на приватен/државен или Кембриџ/МИТ платата за почетник ти е иста.

Башка, образованието не може да биде квалитетно едноставно таа придавка не постои за образование, бидејќи сите луѓе една работа ја разбираат на различни начини, за различни временски периоди и различно ја применуваат. Ако квалитетно значи дека сите ќе го разберат на исти начин материјалот, никогаш нема да ја имаме оваа разновидност на пронајдоци, бидејќи сите од иста материја поаѓаат.
 
Некое прифатливо гледиште, арно ама кај нас без разлика дали си на приватен/државен или Кембриџ/МИТ платата за почетник ти е иста.

Башка, образованието не може да биде квалитетно едноставно таа придавка не постои за образование, бидејќи сите луѓе една работа ја разбираат на различни начини, за различни временски периоди и различно ја применуваат. Ако квалитетно значи дека сите ќе го разберат на исти начин материјалот, никогаш нема да ја имаме оваа разновидност на пронајдоци, бидејќи сите од иста материја поаѓаат.
Квалитет значи стандардизиран производ. Во случајот на високообразовните установи (ВОУ) тоа е методологијата на работа која ја користи истата, се разбира, доколку постои воспоставен стандард. Најчесто не постои.

За жал, повеќето од ВОУ во Македонија се светлосни години од стандардизација на својата наставна методологија, па затоа (под параван на академската слобода) катедрите ни се калакурница од пристапи, форми и импровизации. Најчесто никој никого не ебе два посто кога е начинот на работа (методологија на настава) во прашање.

Квалитетно високо образование подразбира очекуван и проверлив квалитет на наставата. ...ама за тоа се потребни независни тела за евалвација на работата (наместо политички), а во МК тоа нема да се деси во следите 20 години. Тек треба да почнеме да се чистиме од овие магистри и доктори кои благе везе немаат ни што завршиле, а веќе се избрани у предавачки звања - и на државните и на приватните ВОУ.
 
Ниту еден Универзитет не може да биде признаен во странство.

Било која диплома стекната во една држава, при обидот да се формализира во друга, мора да биде нострифицирана од вторава земја.

Секоја високообразовна установа која тврди дека има меѓународно признаена диплома ЛАЖЕ. Такво нешто едноставно не постои. Никаде! И да имаш диплома од Јејл или Харвард, ако сакаш Македонија да ти ја признае ти мораш да ја нострифицираш.

Некои универзитети склучуваат спогодби со други универзитети во странство. Тие спогодби често вклучуваат и взаемно признавање на стекнатите знаења (трансфер), што е од корист при премин од еден на друг универзитет. Самата диплома мора да ја признае државата во која сакаш да ја користиш.

Постојат меѓународно ценети дипломи, а тие се, вообичаено, дипломите на универзитети кои се високо рангирани на меѓународни листи, каква што е на пример Шангајската.

Сепак, едно е дипломата да биде ценета, а сосем друго формално-правно признаена за да можеш да ја поднесеш во формална постапка на конкурирање за работа.

Точно. Во САД „признавање“ на странски универзитети не постои како некој формален акт. Обично, секој американски универитет си има свои утврдени листи на странски универзитети чии дипломи, звања и наставни програми се признаваат. Ваквото признавање е утврдено со академски програми за взаемно признавање, долгодишна универзитетска соработка, меѓународни ранг листи, итн. На пример, на голем број американски универзитети УКИМ, Тетовски и Штуљ се единствените етаблирани универзитети од МК. Тоа значи дека се призаваат дипломи, звања или трансфер на одреден број кредити од овие универзитети. Секако, можен е трансфер на дипломи и кредити и од други МК универзитети само процедурата ќе е подолга бидејќи ќе треба да се достават податоци за наставни програми, организација на студии, итн.

Нострификација (особено на начин на кој се вршеше во МК) е повеќе политички отколку академски акт. Во 90-те една моја колешка докторираше француска лингвистика на Сорбона. Требаше да ѝ се нострифицира дипломата. Процедурата заглави во факултетски фиоки и речиси една година примаше пониска плата на УКИМ поради демострација на power games. Ситуацијата беше гротескна поради фактот што докторски студии за француска лингвистика тогаш не ни постоеше во МК. Како капак на се' на мрзливиот и завидлив професор од УКИМ му требаше речиси година дена да напише рецензија за нострификација од половина страничка.

Валоризација на диплома од некој универзитет („колку се цени на меѓународниот пазар на труд“) е малку покомплицирана работа. Во земјите кадешто постои функционира ваков пазар на труд, дипломите (особено докторатите од референтни универзитети во одредени области) имаат некоја релативно утврдена вредност. Така, дипломата од правен факултет на Харвард, Принстон или Јејл „тежи“ бајаги повеќе од, да речеме, University of Fly-By-Night. Сепак, примеров е малку несоодветен бидејќи правото во САД (како и медицинските професии) се врзани со куп различни (и ригорозни) сертификати.

Има секако професии кои не се ограничени од сертификација: компјутерски науки. Во принцип, секоја диплома од ова поле е пренослива во САД, доколку, се разбира, програмите се компатибилни. Во најголем број случаи компаниите во САД го ценат сопствениот образовен систем и најчесто преферираат кадар со диплома од некој амеркански универзитет. Универзитетите и големите компании се исклучок. Тука важат поинакви услови и стандарди.

Но, дури и да имаш диплома од некој добро рангиран универзитет, не значи дека работата или висината на платата ти е загарантирана. Има и други фактори. Имаше еден тип од Кипар со докторат од комјутерски науки на UCLA и конкурираше за доцент на мојот универзитет. Беше ужасно некомуникативен со катастрофална презентација на интервјуа за работа. Долго време не можеше да најде работа на ниеден американски универзитет. Заврши и пост-докторски студии на Сорбона. Се врати во САД и пак не можеше да најде работа на универзитет. Поради горните причини. Конечно се скраси во некоја мала ИТ компанија во Лос Анџелес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom