Приватен или Државен факултет?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Па од приватен до приватен факултет има разлика! На пр. приватнион факултет во Битола, добро познат како "Рускиот" велат дека не бил признат, а и годишно се уплаќа само 1000 евра (што е многу евтино) . А Фон, Европскиот Универзитет, Американ Колеџ... по мене се сосема ОК. Јас планирам да одам на Европски Универзитет. :)
каде е подобро да се студира на приватен или на државен факултет, гледано од сите аспекти:квалитет,тежина,знеање...
 
Ајде да ги видам вашите мислења на кој факултет е подобро да учиш и зошто? Еве јас да си го кажам моето мислење... Јас мислам дека најдобро е на приватен иако е скапо подобро е на приватен иако нивните дипломи не се признати во МК (како што знам) за тоа јас што планирам да го учам не ми треба да барам работа во МК бидејки ке можам сам свој газда да си бидам.... Па ајде да чујам од вас мислења.
 
Мислам дека е многу просто прашањево: помеѓу високо и ниско образование многу јасно дека подобро е високото, така да државните се подобри...
 
Ако те бива нормално дека државен факултет е подобра опција. Еве на пример ако си на ФЕИТ во државна квота(100 евра семестар) и на време си ги завршиш годините (4+1, или 3+2) што би се рекло за околу 1000 евра добиваш многу значајна диплома.
 
Не би израчунал баш 100 евра :))
пресметај ги жиро сметките т.е давачките кои се на упис (за ректорат, студентски парламент, студенски прашања, испитни листови итн).
Исто така пресметај ги книгите колку ќе чинат... било копирани или не..
 
Иам осеќај дека се` помалку студенти од новите генерации се запишуваат на приватните. Имам другари кои студираа и на Штул, и на Европски и на Фон и факт е дека се учи помалу но сепак се зема диплома т.е се плаќа дипломата. Е сега бидејќи нашата држава е „наша мала клиника“ и без диплома можеш да стигнеш до високи функции така да до некаде и се исплаќа да студираш на приватен факултет доколку имаш средства. Од друга страна па ако завршиш на државен се стекнуваш со многу поголемо знаење, ќе излезеш искалемен, со челични нерви и ќе бидеш прав академски граѓанин за разлика од телетабиси кои би завршиле на приватен (има исклучоци нормално, како на приватните така и на државните универзитети) Се` зависи од студентот како тој се гледа себеси во иднина :)
 
Не би израчунал баш 1000 евра :))
пресметај ги жиро сметките т.е давачките кои се на упис (за ректорат, студентски парламент, студенски прашања, испитни листови итн).
Исто така пресметај ги книгите колку ќе чинат... било копирани или не..

Па да и јас помислив на тоа, но и со само 4 години стануваш дипломиран ел. инженер што е исто така престижно
 
Државен бидејќи парите што ги инвестираш може многу, ама многу побргу да ги вратиш од тие на приватен, Јас потрошив околу 10.000Е за целото школување во Скопје мислам со сите трошкови, ќирии, јадење итн и парите ги вратив за 2.5 години работење инаку завршив ПМФ-ИИ.
Незнам со кој памет се запишуваат таму студенти, мислат лесно ќе завршат ќе потрошат најмалку 10.000Е само за факултетски обврски и мислат после факултет ги чека работа со 1.000Е плата, која расти 50Е секој 3 месец.
Од економска гледна точка, за тие пари што ќе ги фрлиш на факултет, за колку време ќе ги извадиш од плата поисплатливо е Државен.
 
Е како може парите побргу да ги вратиш?

Ја сум на државен ама имам другар кој заврши на Штул, 4години по 2000евра, значи потроши 8000евра и после три месеци од дипломирањето се вработи во програмерска фирма во Скопје. Значи приближно исто пари се потрошени.
 
Боље државен бе, ќе се оформиш ко личност. Вака на приватен учиш 50 прашања и положуваш.
 
Има ваква тема, побарај ја низ форумот “Образование“ бидејќи Search опцијата не работи.
Не можеме да кажеме кој факултет е подобар.
Јас сум на државен, и сметам дека така е подобро.
Тие што се на приватен, сметаат дека таму е подобро.

Тоа може да го каже само студент кој бил на државен па се префрлил на приватен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom