Функционира ли кредит трансфер системот?
Ќе најдам ли работа откако ќе дипломирам? Ова прашање најчесто си го поставуваат студентите. Иако во истражувањата правени за студиите по болоњскиот систем, скоро 70 проценти од испитаниците одговориле дека не веруваат оти ќе се вработат.
Интересно е што голем дел од нив веруваат дека токму овие промени во високото образование ќе ја сменат и нивната перцепција. Оти наставата по ЕКТС системот, која во моментов се одвива ја ценат како квалитетна и прогресивна.
„По ЕКТС е полесно, бидејќи кога се оди на помали делови, полесно се совладува материјалот, полесно се реализира наставата и секако тој начин на реализација на настава е многу полесен од претходната програма, кога имаме пообемен материјал за учење“.
Електронските индекси не функционираат
„За вработување тешко е. Не верувам во тоа, и за кредит трансфер системот, и мислам дека системот не оди баш како што треба“.
„Тоа за електронскиот индекс плативме на почетокот на годината, значи во прва година кога се запишавме, 800 денари беше, меѓутоа сега не функционира. Дури и самите апарати се расипани и пиштат по училнициве“, велат анкетираните студенти.
Иако по ЕКТС системот се учи веќе 4 години, и една генерација веќе ги заврши студиите, професорот Илија Ацевски вели дека досега не се направени истражувања околу тоа како тие студенти завршиле на пазарот на трудот.
Илија Ацевски
Неговото истражување се однесува само на квалитетот на ЕКТС низ призмата на студентите, но вели, многу е важно да се знае и фитбекот од наставата.
„Се започнува еден процес на средно-школизација, односно, некако ги немаме тие препознатливи компоненти на академско образование, на високо образование.
-Ако ги немаме тие, таа желба да одиме напред, всушност стоиме во место, или се движиме назад“, изјави Илија Ацевски, универзитетски професор.
Сепак, додава Ацевски засега е задоволен што студентите го ценат како квалитете
овој систем на учење, но вели потребни се уште реформи во високото образование.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107969
Мими Симоновска напиша:
Дај ми список каде ќе го има Европски универзитет. Светски рангиран. После збори ок? Формирани пред 4-5 години, уште се учат на вас бе алооо! Кирил и Методиј постои од 1944.
Не знам дали се учеа на нас ние бевме сестрински на Индиана и добро беше организран. За штулов. Имаше и професори од таму. Дојде и феноменален кадар и се уште е таму можеш да ги провериш професорите од веб страната. Еве нов декан е сега Bekim Fetaji па може да провериш кој е човекот, а и сите надоле по листата.
Инаку ме интересира колку студенти можат да заминат на пола година и да се запишат на стрнаски универзитети и да продолжат без никаков проблем?
И исто така мој совет кога читаш ранг листа прочитај кој ја прави и размисли добро кога ти вели дека листата не е наменете да го оцени квалитетот на институцијата (тоа би требало да ти значи нешто) и после прочитај зошто е правен и што точно оценува.
Инаку да биде јасно ни државните ни приватните не се ниакде рангирани за жал За да се направи рангирање се плаќа, а кај анс тоа никој го нема сторено.
А инаку нешто старо не значи и квалитетно. За жал тоа е и случајот со државниот.