Колку само ми недостига шмекот од првата сезона.
Гледаш една епизода и се мачиш дома, не спиеш да дознаеш за што му беше ова на Мајкл, па зошто направи така, па што значат тетоважите, па кои се "добрите" и кои се "лошите" момци.
Тоа веќе го нема. Мистеријата ја нема. Сега еден проблем се решава во пет минути. Ако типот не ја хакна картичката од "прва", одма му испаѓа втора прилика.
За акциите да не станува збор - се ваѓаат дури и од гроб, и уште фураат. Има сцени кои се премногу и очигледни. Завршетоците веќе наликуваат како сценаристите да немаат подраматична замисла.
Ми фали мистеријата од првата сезона.
И да - колку го мразам Ти-Бег, толку и го сакам. За онаков карактер - фајв тамбс ап.