Природата на љубовта

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
тоа нели се 4 милијарди народ...а можи и да се 2 милијарди...или кој рачун да го фанеме!!

може да бидат 5 милијарди а да ги поделиме на 3 христијаниве па да видиме и муслиманите на 3 ...ејјј работава испадна ко велија рамковски...само на рачун:pos2::pos2:
 
па тогаш си го згрешила подфорумот оти темата ти е за пофорум "љубов и секс"

но интересно е дека ;

тоа што ти и тобоже христијаните и муслиманите го поимате под љубов

во почетокот правело забуна и кај некој од првите христијани па си подразбирале свашта под поимот љубов

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО РИМЈАНИТЕ
Глава 1
24 Затоа Бог ги предаде, според желбите на нивните срца, на нечистотата, така што сами да ги обесчестат своите тела;



26 Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: нивните жени го заменија природното општење со неприродно;

27 мажите, исто така, го оставија природното општење со жена и се распалија со сладострасност еден кон друг, правејќи - мажи со мажи - срамни работи, добивајќи заслужена плата во себе за својата заблуда.

..
.
а каде пишува дали Бог е машко или женско дали со него-неа ќе се сексате оти нели

" ЉУБИ ГО БОГ "

хахахахаахах глупости невидени

под љубов во цела библија подразбира неуценување , незканување , помагање во областа на меѓучовечките односи

е сега тоа незначи дека нетреба да има телесна љубов меѓу маж и жена само разликата е што тука има нагонска љубов која исто така си има свој убавинки
значи воопшто нее забранета И не како што религиите ги заебаваат луѓето дека требале да имаат секс ама да не уживаат (?!?!?!?!?) демек само како животните во сезона за парење за да се оставело крвно потомство .

Не сум го згрешила подфорумот. Во последните постови зборевме за љубовта меѓу мажот и жената..прочитај некоја страна на назад..
А темата е за спознанието на љубовта кон Бог, да ја разбереме љубовта е да започнеме да ја истражуваме длабочината не само на тоа кои сме ние, но исто така кој е Бог..И само кога сме ја запознале оваа љубов можеме да сакаме еден човек со целата душа, да бидеме едно со тој човек, во љубов каква што Бог дава.
не си ја сфатил темава, или како и обично немаш што да правиш па кажуваш неправедни зборови..
 
Физичарите стасаа поприлично далеку во истражувањето на субатомски честички; веќе незапирливо брзо се изнаоѓаат помали и „посуштински“ твари кои со својата „боја и форма“ го „определуваат“ предметот.
Паралелно како пандан на честички можеме да зборуваме за „неопипливи твари“: импулси, елктромагнетни зрачења... Доволно длабоко навлегување во природата на импулсите ќе доведе до дефинирање на „природата“ на (во моментов) невидливи зрачења кои спојуваат битија со чувство наречено љубов.
Нашата технологија во овој стадиум не може да детектира голем дел од ситните нешта во природата.
Со самото тоа што нема никаков „доказ“ за научно објаснување на љубовта можам единствено да заклучам дека се работи за интеракција на прилично есенцијално ниво што е за почит.
Лошите надворешни влијанија и озонските дупки ги менуваат основните услови за егзистенција на импулсите. Затоа љубовта станува се поретка...
Јас сум една од повластените. :smir:
 
Бог не ги пишувал заповедите туку луѓето ги пишувале.

А како можат луѓето да ги пишуваат заповедите во име на Бог:

"Јас сум Господ, твојот Бог!Да немаш други богови покрај Мене!"

Кој е сега Богот? Тој што го напишал ова или?


значи бог ги спојува лугето....како супер лепак е:pos2:

некои ги залепува и никако да се одлепат...а некој па пагат у депресија:vozbud:

Епа за овие вториве немал супер лепак па ги прилепил со обичен :)))
 
Ако некој денес се појави и рече дека зборува со господ иде правац у бардовци.

А немате проблем да следите некој со исто ментално здравје кој живеел пред 2000 години.

Е тоа ти се вика почит кон постари....
 
Ако некој денес се појави и рече дека зборува со господ иде правац у бардовци.

А немате проблем да следите некој со исто ментално здравје кој живеел пред 2000 години.

Е тоа ти се вика почит кон постари....
Ако добро те разбрав тогаш...мислам дека претеруваш....знаеш што е почит спрема нечии верски убедувања? Ако знаеш практикувај го тоа...
 
Не сум во право ??

Дали некој ако денес искочи и каже дека зборува со бог нема да го сметаш за ментално нестабилен ??
 
Не сум во право ??

Дали некој ако денес искочи и каже дека зборува со бог нема да го сметаш за ментално нестабилен ??
Тогаш јас познавам многу такви..сепак темата е нешто друго..
 
Како на пример ??

И не ми одговори на прашањето ,дали стандардите за ментално здравје се изменети од времето на исус.

Дали ако тој денес се појави ние ќе го прифатиме или дали ќе го отфрлиме како (извинете на изразот) уште една будала.
 
Како на пример ??

И не ми одговори на прашањето ,дали стандардите за ментално здравје се изменети од времето на исус.

Дали ако тој денес се појави ние ќе го прифатиме или дали ќе го отфрлиме како (извинете на изразот) уште една будала.
Првиот пат го отфрлија заради начинот на кој дојде...вториот пат верувај ми сакал нејќал ќе бидеш приморан да ја прифатиш вистината...Инаку и тогаш и денес има/ло луѓе кои го прифатиле/отфрлиле..се зависи од верата...Или е за тебе Месија или не е..човечките мерила се ирелевантни
 
2000 години подоцна ,постојани војни ,растечки број на атеисти што чека ??

Или чека да останат само вистинските верници ?? ако е така нема да има место во пеколот.
 
А како можат луѓето да ги пишуваат заповедите во име на Бог:

"Јас сум Господ, твојот Бог!Да немаш други богови покрај Мене!"

Кој е сега Богот? Тој што го напишал ова или?
Јас лошо се изразив.Сакав да напишам заповедите кои ги напишал Бог(иако сеуште незнам дали навистина Тој му ги напишал на плочи на Мојсеј)нема ништо лошо,себично,лажливо и така натаму секоја заповед е најдобра.Иначе во библијата им некои реченици кои навистина се себични но библијата сигурно не ја пишувал Бог.
 
10-те заповеди се од општа култура ,Бог како семоќен нели требал да даде некој подетални заповеди од стилот на:

Не користи атомски бомби.
Не силувај деца.
Не врши геноцид.
 
2000 години подоцна ,постојани војни ,растечки број на атеисти што чека ??

Или чека да останат само вистинските верници ?? ако е така нема да има место во пеколот.
Што чека..па чека покајание..барем додека е отворена врата на милоста..после тоа...
Пеколот..не е стан до 60м2
 
10-те заповеди се од општа култура ,Бог како семоќен нели требал да даде некој подетални заповеди од стилот на:

Не користи атомски бомби.
Не силувај деца.
Не врши геноцид.

Атомската енергија била непозната во тоа време така да нема референци (ако Содома и Гомора не се сметаат како старовремски Хирошима и Нагасаки)
А за другиве две точки...има референци...и за и против...:toe: во библијата...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom