Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Хахаха, божееее значи неможе а да не сме ние криви:cool:
Мореее волку активна тема којзнае од кога немало, сте напишале над 20 страни од кога сум постиртал последен пат:eek:
Искрено ме мрзи да ги прегледувам сите, а читам дека веќе објавиле зошто било убиено детето, т.е. која бил.а причината да биде бркан најпрво...
Може да ми каже некој, за да не листам сто страни поназад?:)

Па...се избација некои членови кои бараа програма на протестите, мени на пауза од протестот, какви модни детали се предвидени и слично...бидејќи не им се допаѓал протест таков каков што е, морало да бидат задоволени нивните потреби околу истиот за да го удостоеле протестот со нивното скапоцено присуство...
Его-трипови наваму натаму и обиди за намалување на одговорноста на убиецот, ништо посебно...sick:
 
Да во право сте треба да имаат реформи специјалните единици.
Прво нешто што треба да се направи а верувам дека се прави разговор со психолог,психијатар и разни психо тестови.
Зошто овој Тигарот го тепал детето незнам но знам дека несакал да го убие да сакал да го убие немал да го седнува на клупа и да бара вода и да го освестува со колегите, бидете и вие малце разбрани дека не сакал да постигне да го убие, но ете тоа се случило.
Ова е дело на поединец а не е на целата полиција или владата дај молим вас, па бар вие сте разбрани дечки.
Да беше некој обичен полицаец ајде малце можете да ја крвите владата бидејќи се се партиски новите цајкани младите примени. Но во Тигрите дај ве молам не мешајте баби и жаби кој влезе таму значи го бидува.
Ова е убиство од негрижа, требал да пази каде удира и колку удира, треба да се запрашаат сега оние ПСИХИЈАТРИ кои се во тие единици, бидејќи секоја единица си има свои, како успеале таков човек да пуштат да работи кој има потенцијал за вакво афектно стање.
 
Тотално си во право,целиот твој пост е ОК.

Но завораваш една работа... партиски вработувања,кои ги има дури и во специјалните единици. проверено и докажано/
 
Темава веќе стига до 100 та страна има над 1000 мислења и секое од нив го имам прочитано со се тие што биле избришани .
Можам само едно да кажам : ЗГРОЗЕН СУМ!
Од нивото на емпатија и човечност некои членови што го поседуваат, кое е 0. Се обидоа првин да го обојат политички демек опозицијата е крива, дека измислица, дека жртвата е тежок криминалец ( дувал трева) , зошто бегал . Не знам какви се не изговори се обидоа да најдат за да го оправдаат убиството. За дел од нив пола форум знае дека го вадат лебот во партиски штаб. Коментаров кажува се.

Врз основа на коментарите можам да забележам дека во Македонија се создаде нова професија, партиски форумџија. Толку.
Се прашувам колку ниско некој треба да падне за парче леб?
Каде е човечкото достоинство тука?
До каде некои луѓе би оделе за 3 стотки и бесплатен нет? До правдање на убиство? До учество во убиство?
Што стана со човечноста и солидарноста?
Можев искрено да преќутам на нивните коментари за склуптурите и останати глупости бидејќи и дел од непартиризираното членство на форумов го подржува .
Ама ова ме згрози максимално.

( по сугестија на acid)
 
Тотално си во право,целиот твој пост е ОК.

Но завораваш една работа... партиски вработувања,кои ги има дури и во специјалните единици. проверено и докажано/

Ма не, не е тоа најлошото во случајот.
Најлошото беше што според МВР немало траги на насилство????... Некој се обиде да прикрие убиство..
Друга работа е што според очевидците на убиецот му помогнале некои колеги да го преместат телото а потоа се прават како ништо да не знаат..
Тоа е она што предизвикува револт и сомнеж кон полицијата, а иначе лудакот кој се исклучил треба да си добие и издржи соодветна казна, но што со овие?
 
Ne e celata policja vinovna za vakvite slucai na policiska brutalnost koi zavrsuvaat so smrt (a ima i policiska brutalnost koja ne zavrsila so smrt-jas sum zrtva na pol.brutalnost-).
Ama vinovni se oni koi gi stitat stioritelite na policiskata brutalnost!
 
Полициска бруталност е само површната причина за која протестирам

Ќе пробам да бидам краток јасен и концизен, зошто протестирам на овие протести:
Драги читачи на овој пост, ова што се случи во неделата ја прели чашата, и строго ја обвинувам полициската бруталност. Но дали е бруталноста единствената причина заради која излагам на улица да протестирам?!
Не, воопшто не е единствената причина. Барам распуштање на специјалните единици кои постојат во државава и формирање на нови. Една држава мора да има специјални сили. Но, во Лондон требаат 5 години да се стане таксист, а во Македонија треба ќелава глава и стероиди да се стане специјалец. Човек кој треба мене да ме штити од законот! Човек кој ако го погледнам криво ме дроби од ќотек. Да, се сложувам дека откако се алфите во градов е помирно, и помирно си одам дома, но не смеат никако да покажуваат сила. Да, за алфи, правилно донесени, кои претрпеле тешко учење и подготвување и ПСИХО-АНАЛИТИЧКИ тестови за да станат специјалци. Не туку така напукани со стероиди. Зошто ако нив не им се дига поради стероидите, немора да малтретираат деца.
Но дали распуштањето на алфите е главната причина заради која протестирам? Или дали оставка на Јанкуловска?
Не драги читачи. Протестирам многу повеќе од тоа. Вистинската цел се општествени промени. Зошто вакви немили настани ќе се случуваат кој и да е на власт. ВРМО, СДСМ, ДУИ, ДПА… Кој и да е. Знаете зошто?! Затоа што овој народ трпи. Не за џабе ние во нашето именување на луѓето имаме имиња од типот на ТРПЕ, ТРАЧЈЕ, итн. Трпи си, трај си. Тоа е македонскиот народ! Трпиме постојано! Никогаш не сме излегле на протест да го изразиме незадоволството. Мислите дека само 1500 луѓе се незадоволни од се што се случува. Не, 1,500,000 се незадоволни, ама 99% од нив го имаат тоа толку потиснато што неможе ни ваков ГРОЗОМОРЕН настан да им го извади на површина. Нивното мото е „Навикнат сум, што ќе протестирам, увек е така“.
Јас младич, инженер по професија, нема да го дозволам тоа. Бидејќи ние живееме во држава во која „НАРОДОТ ЈА СЛУША ВЛАСТА“ а не обратно „власта да го слуша народот“.
Ова за мене е повеќе од полициски протест, протест за бруталност и протест за распуштање на алфите или другите сили. Ова е општествтвен проблем, кој се наметнува веќе декада наназад. Од 1997ма не се памти протест за незадоволство. Дали вие верувате дека 14 години кај нас тече мед и млеко?
Не. Ова ја прели чашата. СЕ ВЛОЖУВАМ целосно во овој протест. Доколку не успее, јас како млад и потенцијален инженер ќе си барам своја нова татковина! Имам еден живот, и нема да го потрошам во општество кое ги гази моите права, во општество во кое немам право на збор! Не благодарам. Доволно сум интелегентен да го најдам своето идеално место за живот.

Искрено,
Младич на кој му е смачено од Македонштината!

link
 
Да во право сте треба да имаат реформи специјалните единици.
Прво нешто што треба да се направи а верувам дека се прави разговор со психолог,психијатар и разни психо тестови.
Зошто овој Тигарот го тепал детето незнам но знам дека несакал да го убие да сакал да го убие немал да го седнува на клупа и да бара вода и да го освестува со колегите, бидете и вие малце разбрани дека не сакал да постигне да го убие, но ете тоа се случило.
Ова е дело на поединец а не е на целата полиција или владата дај молим вас, па бар вие сте разбрани дечки.
Да беше некој обичен полицаец ајде малце можете да ја крвите владата бидејќи се се партиски новите цајкани младите примени. Но во Тигрите дај ве молам не мешајте баби и жаби кој влезе таму значи го бидува.
Ова е убиство од негрижа, требал да пази каде удира и колку удира, треба да се запрашаат сега оние ПСИХИЈАТРИ кои се во тие единици, бидејќи секоја единица си има свои, како успеале таков човек да пуштат да работи кој има потенцијал за вакво афектно стање.

Братче убиство од несакање е сепак убиство.Го скршил од ќотек и да несакал да го убие секако ќе му оставел трајни последици така да "специјалецот" треба да одговора и сите други што биле таму и го прекриле настанот.Нормално е дека ќе имаш рекација да бараш вода и помош кога те гледаат луѓе отстрана да не видел никој сигурно ова немаше ни да се знае сега.
 
Настанот од фејсбук за Битола е избришан?Битолчани кажете ми време и место јас ке креирам настани од овој профил http://www.facebook.com/profile.php?id=100002395527943 нема потреба да се валкаат луѓе со име и презиме.
 
Нопе, еве го. http://www.facebook.com/event.php?eid=222991617726036
И само уште ова да кажам бидејќи гледам дека голем дел бараат оставка од Јанкуловска. Поради изборите моментално министер за внатрешни работи нема. А не се знае дали Јанкуловска повторно ќе биде назначена на истото место (наводно ДУИ го барале тоа министерско место). Оставка од министер неможе да има затоа што министер во моментов нема и бесцелно е ова барање да биде дел од протестите.
Каде виде? Линк молам
 
Ја обвинуваш македонштината за се? Секогаш ќе има луѓе за, против и воздржани. Нормално е. Излези на протест и глеј да ги донесеш другарите/другарките и родителите.
 
Па...се избација некои членови кои бараа програма на протестите, мени на пауза од протестот, какви модни детали се предвидени и слично...бидејќи не им се допаѓал протест таков каков што е, морало да бидат задоволени нивните потреби околу истиот за да го удостоеле протестот со нивното скапоцено присуство...
Его-трипови наваму натаму и обиди за намалување на одговорноста на убиецот, ништо посебно...sick:
toecutter извини што те цитирам тебе , не верувам дека си барал кафе пауза лично ти, сепак твојот пост ќе го искористам:)
Протестот претставува формална забелешка, приговор(незадоволство) за дејство кое се извршува, ќе се изврши или Е извршено.
Самиот протест не бара да има програма, да има строго насочена цел која мора да се испочитува во иднина, но ова не значи дека не смее да има.
Е сега протестите на кои се собравме изминатите денови(а верувам дека ќе биде така и во наредните), беа да искажеме незадоволство(приговор) поради настанатата ситуација(ако на некој не му е јасно 23 годишно момче беше претапано до смрт од безбедносните структури на државата, на сред плоштад, и постојат индиции декс истиот случај ќе се "скриеше под тепих").
Понатаму револт се јавува и поради не почитување на основното човечко право, правото на живот, презумцијата на невиност т.е. му пресудил на момчето на лице место. Тоа ни се основните побуди за протестиве.
Сега кој сака цел нека му е оваа:
1) Да не се повтори ваков настан, никогаш повеќе (ова е императив,сите имаме интерес од ова цел)
2) Правниот систем да го процесуира случајот, вклучувајќи го извршителот на делото и соучесниците (директни и индиректни доколку ги има).
Програма, методи, стапки, чекори, реформи нема и нема да има од протестантите, не е наше тоа, таа обврска и одговорност сме ја префрлиле на законодавната власт, нешто што радо имаат го прифатено
 
''Една држава мора да има специјални сили. Но, во Лондон требаат 5 години да се стане таксист, а во Македонија треба ќелава глава и стероиди да се стане специјалец'' .... ова кажува се..
 
Чудно евентот на фб не е избришан уште :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom