Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
Почивај во мир момче, лесна ти земја
Не, намерно го бркал и намерно го удирал. Немал намера да го убие. Но го убил и ќе одговара за тоа.
Знаеш дека со еден удар може да осакатиш човек, да го парализираш...посебно младо и кревко момче? Можеш и да го убиеш, иако си женско и послаба од некого. Со вакви удари сосема се сигурни внатрешни повреди, перфорација на витален орган, крварење кои уште посигурно водат во еден правец. А човек кој е обучуван за вакви дејства и санација и последици од тие дејства е повеќе од сигурно дека знаел за последиците од вакви удари. И јас сум се почесто нервозен, но не тепам и убивам. А тоа е барем лесно, ако си таков тип човек. Еден удар и...
Направете некаква програма. Зошто да излезам на протест? Објаснете. Потенцирајте.
затоа што овој случај не е осамен и единствен. Или полицијата го пречекорува своето овластување или безбедноста е ужасно слаба. Многу деца последно се избодени, отепани, истепани...Полицијата е присутна да превенира и да ги заштити граѓаните и имотот, а не да ги штити само функционерите, не е приватна армија. To serve and protect...не да тепа и убива. Тестовите кои ги содржи можен прием во МВР покрај физички способности и издржливост, содржеа и психолошки тестови, анализа на личноста. И да, одговорноста за непреземањето мерки, за се послабата безбедност и ваквите насилни испади од одредени единици не паѓа само врз поединецот сторител. Изолираноста на ваквите појави е само славно минато. Како да живееме во Богота. Многу лесно се крева рака и удира, за ситница...погледни ги само заканите кои прштат и на форумите, за ништо, за неважни теми.

Тешко на брат му и неговите родители. Млади животи, нашата иднина...
 
S

Shaman

Гостин
Само ве молам да не ме сфатите погрешно. Затоа ќе почнам со тоа дека секој што имал некаква врска со насилната смрт на момчето треба да одговара и ако е виновен да скапе во затвор.

Од друга страна...
Јас искрено ги жалам, они кои ние сите полека ги заборавивме... а меѓу кои сум и јас.
Оние ДЕЦА кои на 18,19,20,21,22 години, додека нивните врсници се гнетеа во дискотеките во парк,
мораа да гледаат секакви гнасотии, да пукаат на луѓе и некој да пука на нив. Никој потоа не обрна внимание на нив
и тотално ги заборавија. Рехабилитација = НУЛА. Тие луѓе денес одат меѓу нас. Секој ден ги гледате.
Никој не ги прашува како им е. А во многу од нив тлее ОГРОМЕН бес, омраза и фрустрација,
дека вложија се што имаат, својата душа за да направат нешто што многумина немаа ни на сон храброст да го направат
за на крај да бидат предадени.

Повторувам: Кој згрешил нека одговара.
Ама коренот на проблемот е многу подлабок.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Еве сега веќе се знае идентитетот на момчето Мартин Нешковски, А1 биле во посета на семејството мора барем некој протест да се организира инаку алфите ќе газат!

Стварно ова веќе на ништо не личи ептен нема смисла...
Петок 18:00 на плоштадот во Струмица, ќе има мировен протест... па бујрум.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Јас не се бунам против протестите. Воопшто. Само кажувам дека нема да се придружам, зошто сеуште не сум одлучила дали вреди да протестирам против цела полиција, кога знам дека е тоа погрешно?
Еден од милионите постови што ги нареди тука без никаква основа, овој random го цитирав.
Незнам што е тешко да се сфати дека полицијата треба да штити, тоа и е работа. И кога уназад со години гледаме дека не е така, дека одредени припадници се понашаат ко нашиве животи да се во нивна сопственост, мора да се каже СТОП. И не девојче, не протестираме ние да се распушти цела полиција, туку да се реформираат специјалните единици, знаеш што значи тоа, да се тргнат таквите говеда од функција каде што носат пиштол! Значи да има вистински реформи, за да нема вакви трагедии, од кои луѓе како вас само накај политика им тера тоа мозочето. АМАН! Протестирам поради бруталноста на цела полиција, презентирана од некои нивни претставници, и за тоа да не бидат некои, туку никој од нив.
Претпоставувам дека ќе биде соодветно казнет осомничениот, ама не можам со тоа да се задоволам, зошто утре друг негов колега што си останал на работа, (пошто за тоа се залагаш ти), ќе го направи истото, и ти истото ќе ни го кажеш, дека ќе биде казнет, и се така додека тебе (не дај боже-само пример) не ти се деси тоа за твој близок, е тогаш касно ќе ти биде, ќе нема никој да ти помогне.

ЕТЕ ЗАТОА ГОСПОЃИЦЕ ЈАС ПРОТЕСТИРАМ! ЗА МЕНЕ И ЗА ТЕБЕ И ЗА СИТЕ ОВДЕ ВО МАКЕДОНИЈА!
Освестете се луѓе додека е време! Се гледаме во 18:00 пред споменикот на Мајка Тереза!

СТОП ЗА ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ!!!
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
не сакам да се претвори ова во подфорум политика, ама поради вакви изјави јас нема да се приклучам на таа толпа и тоа од две причини
1. додавање на политичка димензија ќе ги промаши целите за борба против полицијата и нејзината бруталност
2. медиумите што се толку многу независни во нашава напатена земја ќе ги излиферуваат сите информации и јас нејќам да бидам поддржувач на ваквите валкани политички игри

сочуство за семејството, затвор за убиецот, што поголема казна, проверка психичка на сите службени лица од надворешни компетентни луѓе, толку од мене
Никој овде не пробува да прави политички поени ама дека и личности на функции кои биле назначени од политичка партија сакале да го заташкаат случајот е невиден скандал и тоа никој не може да го порекне, па ти колку сакаш толкувај дека некој уфрлува политичка димензија и верувај дека само таму некој будала поединец напраил беља кој воедно бил и член на обезбедувањето на премиерот а сите други се срциња. Баш ко Ален, може си слушнал и за него и Тони Зен дури го опеа во песна, инаку исто член на екипата на Урко и обезбедување, изгази човек со мотор и одма излезе од затвор. А да и Сител се најобјективна телевизија која се скапа од известување за тоа како протестите биле политички и детето било криминалец и како полицијата била ефикасна и за 48 часа го уапсила криминалецот.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Бидејќи не можам да стигнам да прочитам се што се пишува овде, само сакам некој да ми потврди за протестот денеска, дали е во 18 часот и каде е точно зборното место.
Би сакал и јас да присуствувам
 
I

Iblis

Гостин

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Бидејќи не можам да стигнам да прочитам се што се пишува овде, само сакам некој да ми потврди за протестот денеска, дали е во 18 часот и каде е точно зборното место.
Би сакал и јас да присуствувам
.
http://www.facebook.com/event.php?eid=191714867542280&ref=ts
18:00 кај споменикот на Мајка Тереза, на улица "Maкедонија".
3450 пријавени на ФБ. Машала, до пред некој саат беа 2400. :)
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Благодарам за инфо, немам фб па затоа тука прашав.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.290
најмногу ми е криво шо такви лешинари како нашите медиуми одма искористуваат прилика да исполитизираат ваков случај.
сочувство до семејството на жртвата.
 

aluminium

MSc
Член од
3 март 2011
Мислења
186
Поени од реакции
20

Samo za vas hrabri mladi lugje.
Sekoja cest. Dokazavte deka ne se plasite. Deka ne ste uceneti da molcite.
(y)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Проблемот е што многу од луѓето мислат дека овој проблем не се однесува на нив и гледаат само пред своите нозе како да се акнати по тил. Младиот што загина можеше да биде било кој од нас или од нашите блиски. Време е да се крене главата.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Значи на излеземе и да кажеме "дај бе не бидете толку брутални"....и Јанкуловска ќе рече "важи бе помалце ќе тепаат од сега натаму џандариве" и сите ќе бидеме среќни ??

Смешно...не е ни чудо што нашиот народ е лесен за манипулирање, ни самите не знаеме што сакаме и зошто излегуваме на протест.
Стварно бре ова.......ццц....

А кого воопшто бре го заболе дали ќе излезеш или нема да излезеш?
Ако не гледаш сам причина и чекаш некој да ти објасни, твое присуство на таков настан не е потребно.
За тебе и за неколку други членови, смрт на врсник од ќотек добиен од цајкан без никаква причина е природна работа и секојдневие, за што не гледате причина за протест.
Роб е роб.
И ќе си остане роб...

Ако сеуште не сфати, целта е изразување незадоволство.
Само немој да ми реплицираш со “што со тоа“.
Одговорот најди си го сам.Од кењатори и бескимчмењаци кои не можеле да видат ЦЕЛ (!?) во протест заради брутална смрт на врсник...и секој тежок злочин им е нормален... 20 години не мрднува ништо од мртва точка.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Значи на излеземе и да кажеме "дај бе не бидете толку брутални"....и Јанкуловска ќе рече "важи бе помалце ќе тепаат од сега натаму џандариве" и сите ќе бидеме среќни ??

Смешно...не е ни чудо што нашиот народ е лесен за манипулирање, ни самите не знаеме што сакаме и зошто излегуваме на протест.
Те молам не се ставај во таа група што излезе на протест, навреда е човек со вакво мислење да се поистоименува. Ти седи си дома под клима, на кауч, со лаптопот во скут и молитвеникот во рака и моли се еден ден вакво нешто да не се случи на твој близок.

Вакви мислења како поединецов погоре треба да се искоренат, немало ништо да смениме..... чек ќе повторам, со болд.

СО САМОТО ТОА ШТО СЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПРОТЕСТ СЕ СМЕНИ НЕШТО И СЕ ДОЗНА ЗА УБИСТВОТО ИНАКУ СПОРЕД МВР БЕШЕ ПРИРОДНА СМРТ.

Појасно?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom