Полициска бруталност е само површната причина за која протестирам
Ќе пробам да бидам краток јасен и концизен, зошто протестирам на овие протести:
Драги читачи на овој пост, ова што се случи во неделата ја прели чашата, и строго ја обвинувам полициската бруталност. Но дали е бруталноста единствената причина заради која излагам на улица да протестирам?!
Не, воопшто не е единствената причина. Барам распуштање на специјалните единици кои постојат во државава и формирање на нови. Една држава мора да има специјални сили. Но, во Лондон требаат 5 години да се стане таксист, а во Македонија треба ќелава глава и стероиди да се стане специјалец. Човек кој треба мене да ме штити од законот! Човек кој ако го погледнам криво ме дроби од ќотек. Да, се сложувам дека откако се алфите во градов е помирно, и помирно си одам дома, но не смеат никако да покажуваат сила. Да, за алфи, правилно донесени, кои претрпеле тешко учење и подготвување и ПСИХО-АНАЛИТИЧКИ тестови за да станат специјалци. Не туку така напукани со стероиди. Зошто ако нив не им се дига поради стероидите, немора да малтретираат деца.
Но дали распуштањето на алфите е главната причина заради која протестирам? Или дали оставка на Јанкуловска?
Не драги читачи. Протестирам многу повеќе од тоа. Вистинската цел се општествени промени. Зошто вакви немили настани ќе се случуваат кој и да е на власт. ВРМО, СДСМ, ДУИ, ДПА… Кој и да е. Знаете зошто?! Затоа што овој народ трпи. Не за џабе ние во нашето именување на луѓето имаме имиња од типот на ТРПЕ, ТРАЧЈЕ, итн. Трпи си, трај си. Тоа е македонскиот народ! Трпиме постојано! Никогаш не сме излегле на протест да го изразиме незадоволството. Мислите дека само 1500 луѓе се незадоволни од се што се случува. Не, 1,500,000 се незадоволни, ама 99% од нив го имаат тоа толку потиснато што неможе ни ваков ГРОЗОМОРЕН настан да им го извади на површина. Нивното мото е „Навикнат сум, што ќе протестирам, увек е така“.
Јас младич, инженер по професија, нема да го дозволам тоа. Бидејќи ние живееме во држава во која „НАРОДОТ ЈА СЛУША ВЛАСТА“ а не обратно „власта да го слуша народот“.
Ова за мене е повеќе од полициски протест, протест за бруталност и протест за распуштање на алфите или другите сили. Ова е општествтвен проблем, кој се наметнува веќе декада наназад. Од 1997ма не се памти протест за незадоволство. Дали вие верувате дека 14 години кај нас тече мед и млеко?
Не. Ова ја прели чашата. СЕ ВЛОЖУВАМ целосно во овој протест. Доколку не успее, јас како млад и потенцијален инженер ќе си барам своја нова татковина! Имам еден живот, и нема да го потрошам во општество кое ги гази моите права, во општество во кое немам право на збор! Не благодарам. Доволно сум интелегентен да го најдам своето идеално место за живот.
Искрено,
Младич на кој му е смачено од Македонштината!