Принудна работа за сите невработени !

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Она што го предлагав јас !

Сите студенти кои не работат ќе и исплатат оштета на државата во вредност од 1/2 просечна плата !

Сега кафичите и дискотеките каде млада пијана багра урла и игра ќе останат празни, крда на издрогирана стока што мери улица и бадијалџи ќе гради патишта и мостови и ќе биде корисна за државата !

Со новиот нацрт-закон за невработеност се предлага принудна јавна работа од најмалку 52 дена годишно за сите невработени лица, а оние што ќе одбијат ќе бидат избришани од евиденцијата

sezonci1-banskoliev1.jpg


Невработените што ќе прифатат јавна работа ќе добијат и бесплатен градски превоз

Гасење шумски пожари, изградба на патишта, брани, садење дрвја и редица други активности наскоро би можеле да станат задолжителна дејност на невработените во државава. Со новиот нацрт-закон за невработеност се предлага принудна, но платена јавна работа од најмалку 52 дена годишно за сите невработени лица, а оние што ќе одбијат ќе бидат избришани од евиденцијата на невработени.

Иницијативата за законот доаѓа од здружението на невработени лица „Македонија“, од каде што велат дека добиле поддршка од Агенцијата за вработување (АВРМ) и очекуваат законот да се донесе. Со него се бара поедноставување на процедурата за вработување и отпуштање работници, охрабрување на преселбата од еден во друг град, предвременото пензионирање, како и трансформација на АВРМ во активна берза на работна сила. Во законот уште се наложува медиумите да посветуваат најмалку 1 час неделно за проблемот на невработеноста и преку телевизиска берза да се вработуваат луѓе.
- Иницијативата и нацрт-законот ги доставивме до кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. При изготвувањето го земавме примерот со Финска, каде што невработените лица се обврзани да одработат 52 дена во некоја јавна работа. Состојбата во Македонија е толку екстремна што може да се спореди со големата депресија во САД. Таму во 1932 година цивилните конзервативни трупи биле основани за да ја поттикнат природната конзервативна работа за младите и неженети. Тие извршувале најразлични јавни работи за што им биле обезбедени храна и просечен месечен готовински надомест, здравствена заштита и други потреби - вели Гордан Давитковски од здружението „Македонија“.

Според податоците на Агенцијата за вработување, заклучно со 30 јуни во земјава имало 311.374 невработени, од кои 204.369 лица во градовите и 107.005 невработени во селата. Во здружението се сомневаат во вистинската бројка на невработени лица.

- Не се сите тие невработени. Ако има толку, улиците на Скопје ќе бидат блокирани од таа маса на луѓе. Сите си бараат чаре на свој начин. Според нашите процени, бројката на невработени е до 100.000 лица. Затоа предлагаме секое невработено лице што ги добива бенефициите (паричен надоместок, социјална помош и сл.) од државата да биде работно ангажирано 52 дена во годината во јавните работи на локално ниво. И мерката бесплатен градски превоз што ја предлагаме нема да биде за сите невработени, туку за оние што ќе се јават на јавна работа - вели Давитковски.

Од здружението се залагаат да се охрабри предвременото пензионирање на работниците, кои би можеле да претставуваат технолошки вишок. Предвременото пензионирање е ефикасен механизам со кој може да се дејствува врз повремената вработеност и скриената невработеност. Романија го подобри својот проблем со невработеноста во поголем дел преку предвременото пензионирање, тврдат од здружението.
Нивната порака до странските инвеститори е да градат фабрики, а не трговски центри.

- Се залагаме за доаѓање на странски инвеститори што ќе отворат фабрики и ќе вработуваат што повеќе луѓе - нагласува Давитковски.

Не треси зелени. Како може студенти да работат. Со самото тоа што се редовни студенти, не смеат да работат, инаку го губат статусот на редовен студент. Ова е нацрт-закон предложен од невладина веројатно (иако не наведе извор на текстов), убеден сум дека нема да пројде, не му требаат на власта вакви проблеми, особено не есенва. Ако пројде тогаш ќе биде интересно, бидејќи тие што ќе работат сакаат да бидат исплатени одма, а не после 3 месеци. Не се тие Минчо, па да се раскусуруваат преку други мерки. Ќе видиме колку би издржал буџетот така. Плус треба да им обезбедат доручек, освежување, превоз...
 
Е како да не. На пр. јас сум завршил факултет, сум невработен, а утре со овој закон во сила ја да одам да чистам улици, јавни WC, градам мостови и така натака. Да сакав таква работа немаше да одам на факултет, просто ке си го ладев дома, и ке барав ваква работа.

Овој закон може пратениците да го донесат само за своите деца...
Шозбораш бе... аууу заборајф ти беше онај единствениот во европа шо има завршено факултет. Па те чекаат да си одбериш дали сакаш да работиш како директор на ЛуфтХанза, Тмобиле, ЛукОил или Бритиш петролеум.
Ќе одиш и песна ќе пееш.

Второ ако се пуштат нестручни лица на градилишта за 8 илјади да р'мбаат , оние специјализираните работници, градежници ќе си фатат мајка бежанија
Добро бе да му ебам мајката, не на градилиште, ќе му дат да прај смеса за TNT... се разбира дека нестручни луѓе нема да ги пуштаат секаде... неможи јас ако имам завршено медицина и појма немам од инсталации да ме пуштат да поврзувам струја...

Мислиш дека 2 нестручни лица ќе завршат стручна работа во ист временски период колку едно стручно лице?
 
Што не ја среди малку администрацијата? Таму имаш буквално луѓе кои се неписмени и кои начукале по 50 - 60 години, кои доаѓаат во 9 на работа и си одат во 12 и за тоа земаат 18 000 - 20 000 плата, а нивната работа им ја вршат студенти практиканти кои не можат да дојдат до работно место ради нив и ради тоа што немаат врски у партија. Ова е поконкретно за во судовите, имам познаничка која неколку години им работи за без пари и нема абер од вработување. Затоа па знам еден Албанец, кој што е на роба, односно е наркозависник, и кој што мислам дека нема високо образование, ама ете успеал да стане наставник во основно училиште. И најдобриот дел е што воопшто не треба да се појавува таму, само иде и си зема плата. Знам и еден друг Албанец од Сарај кој што пред да се вработи во МВР на шалтер, човекот беше овчар т.е. пасеше овци, не сум сигурен и дали добро знае да чита, ама на шалтер у МВР работи. За работнички права па да не правам муабет, јас ко помал во средно, кога растоварав пакети пелистерка т.е работев за дистрибутери, ми се деси да ми падне пакет на земја па еден од газдите беше накурчен и сакаше да ме тепа и буквално ме бркаше околу тамчето. И ај што им работев неколку месеци за последниот месец не ми ни платија а за предпоследниот добив само пола плата т.е 6000 ден.
 
Обид да се намалат платите присилно или невработеноста .Како и до сега остваруваат 24/7 со бришенје на невработени.
Очигледно почнува да снемуваат робови ....

BTW:планирате вие во скоро време да спалите скупштина или не ?
 

Македонијо свести сеееееее македонијо обедини сеееееееее еееее
 
Законот е катастрофален. Зошто се отвараат факултети во секое село бе? За студентите да мешаат малтер? Срамота. Место да обезбедат платена пракса во текот на летото за минимална плата од 50-100 евра тие ви нудат мешање малтер. Наместо да ги стимулираат фирмите да придонесат за отварање на нови работни места каде би работеле студентите тие ви нудат мешање малтер. Па што кој к.р се отворија толку факултети ако нема потреба од толку високо образовани луѓе? Сигурно за да ја намали перманентно невработеноста, не гледам друга причина. Значи повеке би вредело да се обезбеди платена пракса од минимални 50 до 100 евра одколку оваа мешање малтер од 140-150 евра. И за крај нека ми каже некој што е на факултет дали сака ама искрено дали ке се нафати да меша малтер кога се знае дека малтер мешаат луѓето со пониско ниво на образование. Сигурно јас не одам на факултет за утре да најдам работа каде би мешал малтер...
 
Шозбораш бе... аууу заборајф ти беше онај единствениот во европа шо има завршено факултет. Па те чекаат да си одбериш дали сакаш да работиш како директор на ЛуфтХанза, Тмобиле, ЛукОил или Бритиш петролеум.

Јас дали сум единствениот, или сум последниот тебе не те интересира, така што не треба да го интересира ни Груевски, и неговата влада. А кажи ми ти мене Милиони Евра што се даваа на промотивни реклами за високото образование, од страна на Владата, демек треба факултет ова она, за подобра работа, можност за унапредување во кариерата и куп такви глупости што се изнагледаве во минатото, што бидна од тоа, или сепак било перење на пари?

И кој ти рече дека бараме директорско место? Они не те стават ни чистач во Тмобиле, ако немаш врска во ВМРО-ДУИ, а камоли директор(n).
 
Сега ти кажи ми Магистер по Економија кој би земал и земал во банка некои си 18 000 денари , а е моментално без работа дали би работел на изградба на патишта(лош е примеров знам, патишта се немаат градено долго време, ама еве дупки се крпат) и дали ќе се применува Норвежкиот/Данскиот модел за порамнување.
Четврто оти некој да р'мба на сонце УПМ од дома за 8 000 кога може да да си го лади дома за 25 000, онака прописно?

Пази која "професија" човече, банкар ?!
Човечката цивилизација онаква како што ја гледаш ја создале "неуки" работници, со сувите дланки и десете прсти создавале,твореле............. не некои наконтени професори, ебиветриња и останати мутиводи.
 
Пази која "професија" човече, банкар ?!
Човечката цивилизација онаква како што ја гледаш ја создале "неуки" работници, со сувите дланки и десете прсти создавале,твореле............. не некои наконтени професори, ебиветриња и останати мутиводи.
Да бе неуки работници смислиле компјутери, машини, развиле медицина....:tapp:
 
Добро бе што сакате вие, студенти сме , за тоа ли учевме , доста кукате. И јас сум студент, мене од дома ми викашеа сине учи за да не се мучиш, ама тој не треба у буквална смисла да се сфати како што го имат сфатено повеќето од вас. Еб.го што мислите вие ќе се запишете на факултет и нема мука, работа сигурна после и тоа некоја фотеља дек нема физичка работа.Ќе помине тоа време . И сеа ми кукате за тоа ли учев. Ебати државата на секој му е сон да се запосли на терет на буџет и да си го лади. Со факултет поголема плата плус. Чоузен е у право, денешните генерации се невидени мрзи, дота генерации и фејсбук жмиење само и од дома само тражење пари за безделничење по кафичи.
 
Пази која "професија" човече, банкар ?!
Човечката цивилизација онаква како што ја гледаш ја создале "неуки" работници, со сувите дланки и десете прсти создавале,твореле............. не некои наконтени професори, ебиветриња и останати мутиводи.

Ако цивилизацијата се потпираше врз твоите „неуки“ работници сега сеуште ќе живеевме во пештери и ќе се јадевме меѓусебе :tapp:
 
Тоа што ти буквално го интерпретираш постот е твој проблем.
Капиталот се стекнува со работа, а не со мрчење колкава била просечната плата во Македонија.

Земи го Бил Гејтс за пример, човекот потенува од богато семејство, можел без проблем да си го прчи и да кулира до крајот на животот, но се одлучил за нешто сосем друго, со многу упорност, посветена работа и стотици непроспиени ноќи успеал да создаде вистинска империја.

Затоа денес кога твојата ќерка/сестра/другарка ќе работи во некој бутик за 9 илјадарки кај некој газда робовладетел, тоа е затоа што ти не си се потрудил да ги смениш работите.
 
Пази која "професија" човече, банкар ?!
Човечката цивилизација онаква како што ја гледаш ја создале "неуки" работници, со сувите дланки и десете прсти создавале,твореле............. не некои наконтени професори, ебиветриња и останати мутиводи.
Ако не ти одговара банкар, еве доктор(бирај поле), машински инжинер, хемиски техничар/инжинер, правник, дипломиран физичар/биолог/математичар/(бирај поле) и сега на овие луѓе коса им паднала на факултет за да се здобиат со теоретско и/или практично знаење од облас која а сакаат, а ти ќе им обезбедиш и присилиш да мешаат малтер или да чистат ВЦ? Не се заебавај радо сите би фатиле магла и би вршиле работа вон струка надвор(поради 2 работи, 1. има пари да се преживее и живее,2. не им е татковина таа земја па неможе таа да ги изневери).
Е сега знам дека сметаш дека само земјоделството е продуктивна работа и се друго сме паразити, ама не е така. Она банкар е конкретна и реална професија која се плаќа и истата бара одредени вештини и способности, некои се учат на факс некои со пракса и истата е неизбежна и присутна од почеток на времето, само не во оваа форма и не со овој назив.
 
Не ги мешај работите.
Луѓето што ги наброја ако се добри во она што го работат ќе најдат работа и на Швајцарскиот институт ако треба.
.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom