Епа ако нема капацитет нека не отвара толку факултети. Три години се зборува дека ке има стагнација на економски факултет за две години т.е. ке нема уписи за наредните две години па ништо. Ако нема потреба нека ги затвори факултетите па барем да знаеме на што сме, а не со сила сме високо образовани, а бараме работници за чистење вецина, градење патишта, чистење на праковите... Ако нема потреба едноставно намали го бројот на студентите затвори дисперзирани студии затвори неколку факултети за одредено време и проблемот ке биде значително помал. А не факултети само се полнат со студенти кои реално 70% незаслужуваат да студираат, вештачки се создава Високо Образована Нација, се полни државната каса, а се создава друг проблем- ГОЛЕМА НЕВРАБОТЕНОСТ НА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИ ЛИЦА. За неколку години ке станеме држава со најголем број високо образовани невработени...