Толку огласи за вработување , а армија невработени …
ОРИГИНАЛЕН ИЗВОР
Пред да почнам да го пишувам овој пост , се потрудив да најдам официјални бројки за тоа колку има невработени , колку моментално се нудат работи и што тие работодавци бараат за да примат некој работник . И да тргнеме од фактот дека моментално според бројките на Државниот завод за статистика некаде околу 34 % ( секоја година по малку се намалува така кажуваат податоците ) и стапка на сиромашно население од некаде 31 % . Овие бројки се фрапантни , иако Македонија е мала земја сепак процентот на невработено способно население е голем . И откако ги прибрав сите овие статистички податоци , се упатив на неколку сајтови кој имаат огласник и нудат работа , и тука ме зачуди фактот што ( јас колку што пребројав ) 1000 слободни работни места , пуштени огласи бараат луѓе за работа . И сега си викам 34 % невработеност а некој од нив неможат да најдат човек за таа работа , без разлика дали е хигиеничарка , дали е правник , фармацевт или што било . Си викам у пичку матер зар живеам во Шведска , Данска или Норвешка па да бирам работа или живеам во Македонија каде што има една колона невработени луѓе . Овој факт навистина ме зачуди и се повеќе и повеќе верувам дека македонскиот народ невработен бира каква работа ќе одбере и колкава ќе му биде платата .
За испитување на тоа дали навистина овие огласи , јас решив да конкурирам за работа во АД Пивара Скопје за во магацин . И сега по околу два часа добив повратен одговор од шефот на магацинот , а во mail-от стоеше вака : Доколку навистина си заинтересиран за работава , можеш да почнеш уште одма , платата ти е 15 000 денари , понеси си маичка за работа ние ти даваме комбилизон , имаш топол оброк , ќе те вработиме со договор на дело на 3 месеци а подоцна доколку сме задоволни ќе ја продолжиме соработката . И сега значи со читањето на mail-от јас се запрепастив па решив да пишам уште еден mail и го прашав зашто тогаш АД Пивара неможе да најде вработени за во магацин за товарање и истоварање , а тој ми одговори : Пријателе , македончето сака лесни пари , не му се креваат вреќи за 15 000 со плус топол оброк , одма осигуран и се понатаму . Ми одговараат имало многу работа и кој си ти да ми кажеш дека треба да го метам магацинот после секоја завршена работа . Си викам fuck нашиве почнале и да пребираат што работа ќе работат и колкава плата ќе зимаат , како божем ова е Америка во најдобрите денови па на следниот ќош ќе најдеш подобра и поплатена работа . Како прво сега имам пријател кој работеше во магацин на една приватна фирма и тој сите овие работи ги извршува за 9 000 денари без храна и не е социјално и здравствено осигуран и ми вика уште брат ако ја изгубам работава што ќе правам , како ќе живеам ? А од друга страна па некој беснее и бира работа , па затоа него му го дадов огласот и сега тој е вреден и чесен работник на АД Пивара . Навистина ми е драго што можам вакви примери да споделам со вас , иако тоа не е тема на постов …
Да се вратам на темата , македонците иако без пари , сепак ја бираат работата која ќе ја работат . Ретки се луѓето кој навистина прифаќаат се да работат само колку дома да има леб да се јаде . Со 1000 официјални огласи и незаинтересираност за хигиеничарка или некоја друга работа навистина не ми е јасно како мислат да опстојат . Со 2500 денари социјална помош неможеш да го истераш месецот , ама подобро е да седам дома отколку на оној никаквион газда да му работам за 7-8000 кога можам вака да си уживам , колку имам толку ќе трошам . Најбарано место , што во најголем број од огласите што бараат се за местото хигиеничарка , но сепак не е за потценување и тој или таа што го работи тоа чесно го заработува лебот , но македончето веќе избира работа . Исто има навистина доста примери кога им се нуделе на луѓе од 500 до 1000 евра месечно да бидат овчари или да биде аргат на туѓа нива
ама тие одбивале бидејќи тоа е срамно ( епа брате тогаш умри за леб ) .
Ми се допаѓа законот што го донесе оваа влада , ти нудат работа на одредено место преку Завод за вработување и доколку ти ја одбиеш оваа работа наредниот период додека не најдеш работа тебе не ти следува социјална помош . Сите про-опозициони весници се бунеа дека ова не е фер бидејќи некој со факултет ќе работи како продавачка во некој маркет , а што ќе прави дома нека ми одговорат . Што ќе праи без тие пари ? Како ќе ги одгледа децата со 2500 денари месечно и симболичен детски додаток ? – ова е најдобриот закон што можела државата да го донесе бидејќи се почесто како што спомнав во овој пост ние избираме работа , а не работата нас да не бира . Ако немаш за леб и уште да прибираш , тогаш ни социјална помош не заслужуваш . Ако нејќеш да работиш гладувај , браво за владата и овој закон . Со овој закон ќе се исчистат и тие цицачи кои со два дена работен стаж зимаат социјално , а ништо не работеле цел живот и чекаат комунизмот да се врати , да ги вратат сите на работа . Никој ништо да не работи , а да зима плата секој месец . Тоа е убаво кој не би го сакал секој месец без работа добра плата . Но имам и предлог идеа тие сите што ќе останат на листата на социјална помош да им се зголемат примањата , да не останат со истите примања , да бидат наградени , затоа што заслужиле а цицачите нека се снаоѓаат сами за живот бидејќи одбиле .
Кај оваа тема има и уште еден многу битен фактор , а тоа е работењето на црно . Тие 34 % невработеност сметам дека во најмала промена и пријавување на сите вработени што моментално работат таа бројка би дошла на негде околу 30 % . Ако работоспособното население во Македонија е околу 1 400 000 ја гарантирам дека најмалку 4% работат на црно , а тоа значи некаде околу 60 000 . Но тие луѓе не се криви , нив им е потребен лебот , а на лакомите газди за профит им е потребен ваков работник кој стравува секој ден за парчето леб па затоа може како сака да го јава додека Македонија е лесно подмитлива држава , кога секој инспектор може да заќути ако на трансакциска или на рака го „почестат„ зашто бил фин со работодавците . Жалосно е но тоа се случува .
Навистина огромна и тешка тема е оваа нашава , но некој стварно не заслужува да ги прима државните пари и да се излежава дома и да вика дека нема работа . Работа има за тој што сака да работи , а за тој што не сака излежавањето во кревет е најголема работа што ја сторил . Знам доста луѓе што доколку денес би ја изгубиле работата , тие уште утре ќе најдат ново работно место , затоа луѓе бидете реални и фатете се за работа и не кукајте кај државата . Кој сака може да најде работа и да работи .
НИЕДНА РАБОТА НЕ Е СРАМНА ДОКОЛКУ ЈА РАБОТИШ ПОШТЕНО