Принудна работа за сите невработени !

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
имам 26 годишен брат дома, со завршен факултет, кој 1 ден стаж нема и бара работа а моли Бога да не ја најде

Е сега стварно ме разочара јас ве мислев вас Албанците за работен народ.............

Стварно незнам каков е овој феномен................... дали до телевизијата е која ги учи луѓето дека се најдобри и дека го заслужуваат само најдоброто или до нашево поднебје е стварно незнам.......................................................................
 
Точно, и за тоа се согласувам... меѓутоа од некаде мора да се почне.
Под претпоставка отпуштиме 100.000 администрација и ја сведеме на реално потребна бројка, ќе имаме 400.000 невработени. Никако да мрднеме напред.
Затоа логика повеќе има прво барем дел од овие 300.000 да се средат (рака на срце, омладината е страшно мрзелива... имам 26 годишен брат дома, со завршен факултет, кој 1 ден стаж нема и бара работа а моли Бога да не ја најде.... милион знам такви) па потоа и администрацијата да се подбере. Отпуштање на јавната администрација во моментов само ќе додаде масло во оганот наречен Агенција за Вработување на РМ.
И не се чудете, ќе повторам, секаде во светот е така.... секоја земја бара од невработените да се трудат да најдат работа на секој можен начин - ако не го направат тоа, тогаш ги бришат од евиденција многу јасно.
Ако е до мене ја би отпуштил 80% од администрација. Тие не треба да се бројат како вработени воопшто. Не плаќаат данок социјални ни здравствено. Ама не е до мене. Но, никакво трајно решение не е вработување во државно дали трајно или привемено 52 дена годишно присилно или доброволно. Пак исто решение пумпај држава даноци, долгови еврообврзниции и останати чуда. Економијата е приватниот сектор и само така може да се реши невработност преку него. Со кратење на даноци, бенифиции, стимулаци на вработување итн.
 
Ако е до мене ја би отпуштил 80% од администрација. Тие не треба да се бројат како вработени воопшто. Не плаќаат данок социјални ни здравствено. Ама не е до мене. Но, никакво трајно решение не е вработување во државно дали трајно или привемено 52 дена годишно присилно или доброволно. Пак исто решение пумпај држава даноци, долгови еврообврзниции и останати чуда. Економијата е приватниот сектор и само така може да се реши невработност преку него. Со кратење на даноци, бенифиции, стимулаци на вработување итн.

А зошто на законов не гледаш како начин на стимулација на вработување?
Сметам дека проблемот не е во тоа што - нема пари -, туку проблемот е во тоа што - нема работници -.
Јас кога почнав да работам, добивав хонорар од 2000 денари месечно, пари што не ми беа доволни ни за до работа одење (треба да се плати јавен превоз, да се нахраниш...). Потоа ми го накачија хонорарот на 6000, па на 9000... после 2-3 години 9000 плата, сметав дека заслужувам поголема (12.000) и ја побарав. Газдата не сакаше да ми ја даде па ја напуштив работата. Отворив приватен бизнис во кој заработувам барем 1.5 до 2 пати повеќе од сумата што ја барав + сум сам себе газда + работам од дома. Мераци.
Кога сите луѓе би се потцениле малку себеси и би работеле за смешна сума на пари кои всушност не се пари, полесно би си ја нашле "среќата" во животот.
Во кафиќи со пари на тато и мама не се брка среќа.

@bucio: јас ти бришам веќе 2 мислења и ќе продолжам да ти бришам додека не ми скурчи и побарам да бидеш баниран од темава/форумов.
Политика на форумов не дискутираме и остави ги политичките партии настрана. На форумов. Ако не ти се допаѓа тоа правило, let me show you the exit (одјави се имаш горе десно).
 
Точно, и за тоа се согласувам... меѓутоа од некаде мора да се почне.
Под претпоставка отпуштиме 100.000 администрација и ја сведеме на реално потребна бројка, ќе имаме 400.000 невработени. Никако да мрднеме напред.
Затоа логика повеќе има прво барем дел од овие 300.000 да се средат (рака на срце, омладината е страшно мрзелива... имам 26 годишен брат дома, со завршен факултет, кој 1 ден стаж нема и бара работа а моли Бога да не ја најде.... милион знам такви) па потоа и администрацијата да се подбере. Отпуштање на јавната администрација во моментов само ќе додаде масло во оганот наречен Агенција за Вработување на РМ.
И не се чудете, ќе повторам, секаде во светот е така.... секоја земја бара од невработените да се трудат да најдат работа на секој можен начин - ако не го направат тоа, тогаш ги бришат од евиденција многу јасно.
Работата на здружението не е да се расправа со политика или економија. Има сектори кои се надлежни за тоа. Немој да мислиш дека мене лично ми се допаѓа администрацијата, или “работниците“ кои седат дома и примаат пари за истото, само затоа што се членови на одредена партија. Но здружението не е партиски определено и не навлегува во работата на партиите или нивните одлуки. Сакаме европа? Јас лично ако ме прашате - не сакам. Но кога веќе ни се наметнува европа како некое решение, тогаш дајте и народов да се осети европски. Ништо повеќе - ништо помалку. Мислите дека органите не го знаат ова? Прашање е само КОГА ќе се изгласа и произнесе, зошто без овие промени нема шанси ни да омирисаме европа а камоли да влеземе во неа. Еден од условите на ЕУ е - стабилност во социјалата и работата на државата. Пример: социјала во Финска е 500 евра месечно ПЛУС кирија, струја палтено од страна на државата. По член. Е сега, 4 члено семејство - машала пари. Незнам зошто треба на секому поединечно да му објаснувам што и како, имате GOOGLE па прочитајте.
 
Економски исплатливо лесно може да стане. 1 минута да размислам можам да најдам работа за сите тие невработени и таа да биде материјално исплатлива и за државата и за народот, исто како и за индивидуалецот што ја сработил. Реков, зависи како ќе се имплементира. Тоа е единствениот проблем што го гледам во потенцијалниов закон, ништо друго не ме загрижува. Како ќе се имплементира.
Не е баш така. Доколку во Македонија може да се креира работа што е лесно економски исплатлива сега ќе имавме инвестиции над 2 милијарди евра годишно. За да им најдеш работа треба да им обезбедиш и услови за работа, и механизација и репроматеријали. Тоа кошта и во моментов веројатноста да ги вратиш парите во краток рок е мала, скоро никаква, а доколку како држава инвестираме по 720 милиони годишно мора да ги вратиме веднаш, инаку ќе пропаднеме.
 
Ми мириса на некој закон економски ама заебан ќе биде тоа чудо, ама јас си знам како што вика Леонард Коен во неговите стихови:

Everybody knows the fight was fixed
The poor stay poor, the rich get rich
That's how it goes
Everybody knows
 
Толку огласи за вработување , а армија невработени …


ОРИГИНАЛЕН ИЗВОР

Пред да почнам да го пишувам овој пост , се потрудив да најдам официјални бројки за тоа колку има невработени , колку моментално се нудат работи и што тие работодавци бараат за да примат некој работник . И да тргнеме од фактот дека моментално според бројките на Државниот завод за статистика некаде околу 34 % ( секоја година по малку се намалува така кажуваат податоците ) и стапка на сиромашно население од некаде 31 % . Овие бројки се фрапантни , иако Македонија е мала земја сепак процентот на невработено способно население е голем . И откако ги прибрав сите овие статистички податоци , се упатив на неколку сајтови кој имаат огласник и нудат работа , и тука ме зачуди фактот што ( јас колку што пребројав ) 1000 слободни работни места , пуштени огласи бараат луѓе за работа . И сега си викам 34 % невработеност а некој од нив неможат да најдат човек за таа работа , без разлика дали е хигиеничарка , дали е правник , фармацевт или што било . Си викам у пичку матер зар живеам во Шведска , Данска или Норвешка па да бирам работа или живеам во Македонија каде што има една колона невработени луѓе . Овој факт навистина ме зачуди и се повеќе и повеќе верувам дека македонскиот народ невработен бира каква работа ќе одбере и колкава ќе му биде платата .
За испитување на тоа дали навистина овие огласи , јас решив да конкурирам за работа во АД Пивара Скопје за во магацин . И сега по околу два часа добив повратен одговор од шефот на магацинот , а во mail-от стоеше вака : Доколку навистина си заинтересиран за работава , можеш да почнеш уште одма , платата ти е 15 000 денари , понеси си маичка за работа ние ти даваме комбилизон , имаш топол оброк , ќе те вработиме со договор на дело на 3 месеци а подоцна доколку сме задоволни ќе ја продолжиме соработката . И сега значи со читањето на mail-от јас се запрепастив па решив да пишам уште еден mail и го прашав зашто тогаш АД Пивара неможе да најде вработени за во магацин за товарање и истоварање , а тој ми одговори : Пријателе , македончето сака лесни пари , не му се креваат вреќи за 15 000 со плус топол оброк , одма осигуран и се понатаму . Ми одговараат имало многу работа и кој си ти да ми кажеш дека треба да го метам магацинот после секоја завршена работа . Си викам fuck нашиве почнале и да пребираат што работа ќе работат и колкава плата ќе зимаат , како божем ова е Америка во најдобрите денови па на следниот ќош ќе најдеш подобра и поплатена работа . Како прво сега имам пријател кој работеше во магацин на една приватна фирма и тој сите овие работи ги извршува за 9 000 денари без храна и не е социјално и здравствено осигуран и ми вика уште брат ако ја изгубам работава што ќе правам , како ќе живеам ? А од друга страна па некој беснее и бира работа , па затоа него му го дадов огласот и сега тој е вреден и чесен работник на АД Пивара . Навистина ми е драго што можам вакви примери да споделам со вас , иако тоа не е тема на постов …
Да се вратам на темата , македонците иако без пари , сепак ја бираат работата која ќе ја работат . Ретки се луѓето кој навистина прифаќаат се да работат само колку дома да има леб да се јаде . Со 1000 официјални огласи и незаинтересираност за хигиеничарка или некоја друга работа навистина не ми е јасно како мислат да опстојат . Со 2500 денари социјална помош неможеш да го истераш месецот , ама подобро е да седам дома отколку на оној никаквион газда да му работам за 7-8000 кога можам вака да си уживам , колку имам толку ќе трошам . Најбарано место , што во најголем број од огласите што бараат се за местото хигиеничарка , но сепак не е за потценување и тој или таа што го работи тоа чесно го заработува лебот , но македончето веќе избира работа . Исто има навистина доста примери кога им се нуделе на луѓе од 500 до 1000 евра месечно да бидат овчари или да биде аргат на туѓа нива ама тие одбивале бидејќи тоа е срамно ( епа брате тогаш умри за леб ) .
Ми се допаѓа законот што го донесе оваа влада , ти нудат работа на одредено место преку Завод за вработување и доколку ти ја одбиеш оваа работа наредниот период додека не најдеш работа тебе не ти следува социјална помош . Сите про-опозициони весници се бунеа дека ова не е фер бидејќи некој со факултет ќе работи како продавачка во некој маркет , а што ќе прави дома нека ми одговорат . Што ќе праи без тие пари ? Како ќе ги одгледа децата со 2500 денари месечно и симболичен детски додаток ? – ова е најдобриот закон што можела државата да го донесе бидејќи се почесто како што спомнав во овој пост ние избираме работа , а не работата нас да не бира . Ако немаш за леб и уште да прибираш , тогаш ни социјална помош не заслужуваш . Ако нејќеш да работиш гладувај , браво за владата и овој закон . Со овој закон ќе се исчистат и тие цицачи кои со два дена работен стаж зимаат социјално , а ништо не работеле цел живот и чекаат комунизмот да се врати , да ги вратат сите на работа . Никој ништо да не работи , а да зима плата секој месец . Тоа е убаво кој не би го сакал секој месец без работа добра плата . Но имам и предлог идеа тие сите што ќе останат на листата на социјална помош да им се зголемат примањата , да не останат со истите примања , да бидат наградени , затоа што заслужиле а цицачите нека се снаоѓаат сами за живот бидејќи одбиле .
Кај оваа тема има и уште еден многу битен фактор , а тоа е работењето на црно . Тие 34 % невработеност сметам дека во најмала промена и пријавување на сите вработени што моментално работат таа бројка би дошла на негде околу 30 % . Ако работоспособното население во Македонија е околу 1 400 000 ја гарантирам дека најмалку 4% работат на црно , а тоа значи некаде околу 60 000 . Но тие луѓе не се криви , нив им е потребен лебот , а на лакомите газди за профит им е потребен ваков работник кој стравува секој ден за парчето леб па затоа може како сака да го јава додека Македонија е лесно подмитлива држава , кога секој инспектор може да заќути ако на трансакциска или на рака го „почестат„ зашто бил фин со работодавците . Жалосно е но тоа се случува .
Навистина огромна и тешка тема е оваа нашава , но некој стварно не заслужува да ги прима државните пари и да се излежава дома и да вика дека нема работа . Работа има за тој што сака да работи , а за тој што не сака излежавањето во кревет е најголема работа што ја сторил . Знам доста луѓе што доколку денес би ја изгубиле работата , тие уште утре ќе најдат ново работно место , затоа луѓе бидете реални и фатете се за работа и не кукајте кај државата . Кој сака може да најде работа и да работи .
НИЕДНА РАБОТА НЕ Е СРАМНА ДОКОЛКУ ЈА РАБОТИШ ПОШТЕНО
 
Еден од условите на ЕУ е - стабилност во социјалата и работата на државата. Пример: социјала во Финска е 500 евра месечно ПЛУС кирија, струја палтено од страна на државата. По член. Е сега, 4 члено семејство - машала пари. Незнам зошто треба на секому поединечно да му објаснувам што и како, имате GOOGLE па прочитајте.
Исто како што е Бугарија просечната плата 5000е, социјалната помош 800е а просечна пензија 1000е. Not. Не не споредувај со Финска. Ајде види на google за Бугарија, Романија, Грција, Кипар па пиши после пак, дека тоа се услови за влез во ЕУ.
--- надополнето: Jul 30, 2011 5:41 PM ---
Исто има навистина доста примери кога им се нуделе на луѓе од 500 до 1000 евра месечно да бидат овчари или да биде аргат на туѓа нива ама тие одбивале бидејќи тоа е срамно ( епа брате тогаш умри за леб ) .
Ова едноставно е лага. Најди ти работа за 500-1000е па нека е и овчар, јас ќе ти најдам работници веднаш, нема да чекаш ни половина саат, ќе бидат спремни за работа.
 
Ова едноставно е лага. Најди ти работа за 500-1000е па нека е и овчар, јас ќе ти најдам работници веднаш, нема да чекаш ни половина саат, ќе бидат спремни за работа.
Не е лага, пази што збориш...
Бујрум: http://forum.kajgana.com/threads/Ни-за-1-000-евра-никој-не-сака-да-биде-овчар.29466/
 
Во Хрватска да, говориме за Македонија. Не е исто да го напуштиш семејството и да работиш во странство и да работиш дома. Доколку веќе работиш во странство ќе одиш во Германија ќе работиш за 2000е. Сеуште тврдам дека е лага дека во Македонија некој одбил работа овчар за 500-1000е месечно.
 
A da se ebe sestra mi za pari poso neli rabota nema sramota ili da dilam droga poso toa se bara ne se bara poezija? Abe ja na stokurtashak mesta sum se javil sekade mi rekoa oglasite se pro forma, bez vrski nisto i so vrski dupachi abe kuburata i eden ke nosam so sebe!!!
 

Toa e ..ја одамна зборам..за наш народ само стап па удри., секој сонува за фотеља, а пола нација ни е неписмена и не гледа подалеку од Табановце и Деве Баир
 
kako ne bas naprotiv narodov makedonski e edno tutule bale site go strizat nema vrska ne sonuva sekoj za fotelja si baraat rabota lugeto!
 
kako ne bas naprotiv narodov makedonski e edno tutule bale site go strizat nema vrska ne sonuva sekoj za fotelja si baraat rabota lugeto!

Седи не ми збори.. знам ја,не сум излегол од шума .. постарите се скромни,ама младиве се за нигде
 
Седи не ми збори.. знам ја,не сум излегол од шума .. постарите се скромни,ама младиве се за нигде

epa togas ne mi e jasno zasto rabotodavcite baraat se pomladi a ja koa im kazav kolku godini iam uuu mashallah mi rekoa!
A stvarno baram rabota i na crno gradzevina i utovar istovar ne sum posramil nikoj koj me preporacal segde sum se pokazal dobar ...
znaci prasanjevo e zosto pomladi baraat obicno 20-25 g a kao tie ako se nerabotnici zar ne znaat toa rabotodavcite...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom