1. Здружението ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ нема речено дека ќе се работи БЕСПЛАТНО за овој или оној интерес. Дури повеќе, разгорварано е да се добие
минимум 800ден дневница, превој и сместување доколку е надвор од градот во кој живее.
2. Како второ, доколку го ИМАТЕ прочитано законот за вработување ( а го немате ), ќе видите дека во член 85 го пишува истото што ние го кажуваме. Значи ништо ново, само бараме тоа да се реализира.
3. Зошто да се избришат “квази-невработените“ од евиденција. Многу просто. Да речеме дека имаме “невработен“ од некое село, кој има нива од “толку и толку“ метри квадратни и сади некоја култура на неа. Или истиот тој има нива и ја дава под наем за одредена сума пари. Дали тој истиот плаќа данок на добивката? Дали значи дека истиот тој е “невработен“ или сака “ем јаре - ем паре“ што би рекле старите. Извинете почитувани читатели, јас не се согласувам со тоа, незнам за вас. За оние што завршиле факултет а се невработени. Постои закон, да НЕ седи невработен туку држаавта да го преквалификува во дејност каде што ќе биде корисен и ќе има загарантирано работно место. Зошто не му се допаѓа? Многу просто - истиот тој чека ( и во состојба е да умре чекајќи) се додека не седне во фотеља - за да може и понатаму да плука по се што не му е по ќеф. За жал, народов кај нас така функционира и на многумина “лежачи“ нема да им се допадне истиот тој закон. Зошто истиот тој - со завршени 3 факултети, кога ќе му понудат да работи најниска работа во некоја од западните земји, без размислување прифаќа? Макар и да чисти WC .. зошто знае дека е платен за тоа, мора да работи и да ќути или ќе го шутнат од државата каде се наоѓа. Зошто македонците САМО во Македонија не ги почитуваат законите, а секаде низ светот важиме како работна нација која ја чува и прифаќа нивната култура. Зато ашто сме дома, и мислиме дека ИМАМЕ право да плукаме по нашата држава. Ако ВИЕ самите не се цените ДОМА, како очекувате да ве ценат НАДВОР?
4. 52 дена работа (не принудна)
Никој НЕМОЖЕ да ве принуди да работите нешто што ВИЕ не саката - да не се лажеме околу тоа. Но секако, доколку сте ДОКТОР кој е незапослен, а се има потреба во некое село Гостиварско од Ваша работа - зошто да не отидете? Дали тие луѓе не вредат за вас? Дали ги делите луѓето на овие или оние? Каде е Хипокрит? 52 недели во годината .. 52 дена .. еден ден во неделата да се работи во полза на државата од КОЈА барате социјална помош. Не примате социјална помош? Значи имате приход од страна .. плаќате данок на тоа? Значи вие НЕ сте социјален случај, и Ве молиме да го отстапите местото на некој кому НАВИСТИНА му е потребна таа помош. Вам ионака не ви е потребна. Неможе да се стави во иста корпа оној со 2 факултети и оној со 2 минути средно .. затоа државата треба да види кој за кое работно место е спремен да аплицира и на истото да го постави да работи. Што ако се покажете одговорен за тоа работно место и добиете работа на истото? Законот нема да му се допадне САМО на оној што научил да плаче како нема никаде работа, а прима социјална помош и дреме по кафичи - така наречени “паразити на општеството“ што за жал ги има премногу во државава.
5. Линк од Нова Македонија
Код:
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=726119545&id=10&setIzdanie=22340
Многу има да се разговара на темава - се надевам дека во иднина ќе прочитате малку повеќе за што и како се работи, и доколку ме испровоцирате на позитивен начин, со драго срце ќе Ви објаснам што е суштината. Како што реков, само на одредена група луѓе НЕМА да им се допадне законов - сите оние што знаат за што работиме тука, па и оние не-упатените, се бориме да имаме подобри бенифиции .. како за невработените, така и за вработените. Како така. Просто.
Ако социјалната помош ја дигнеме на 350 евра на месечно ниво (250 евра потрошувачка кошничка плус 100 евра режиски трошкови = 350 евра) тогаш автоматски ПЛАТАТА на вработените треба минимум да изнесува 700 евра па нагоре .. интересантно нели? Се отвори местото каде сонцето не ви го пече за 700 евра? Колку плукачи имаме сега помалку?
Се спрема веб страна (само 5 луѓе се борат во моментов за добро на СИТЕ македонци) на
http://www.znlmk.com а дел можете да видите и на
http://www.facebook.com/profile.php?id=100002620886224&sk=wall ...
Со голема почит и надеж на разбирање.. неговата маленкост .. ЈАС