P
pepito*
Гостин
Лол, двајцата добија златни копачки, споредбата е во нивната реализација за минатата сезона. Не знам што не е јасно, а на сликата и е тука местото пошто дечкиве ќе се сретнат на терен за 10 дена баш во оваа лига.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
30 години, интересно.[DOUBLEPOST=1413468252][/DOUBLEPOST]
![]()
Oд кај па Иниеста овде?Жално ќе биде оваа награда ако не ја земе Коке.
@Atso ова дека Мочи ќе си одел е сигурно или шпекулации?
Баш сега читам изјава од претседателот на Севиља и вика дека не планираат да го пуштат.
Ако случајно си оди ќе биде тежок удар за нив. Какви само играчи за без пари им донесе, секоја чест. Во право си дека спортските директори имаат огромно влијание во Шпанија.
Ист случај е со Хусиљос од Малага кога се откажа Арапот вложување и беа пред банкрот со неисплатени плати и пред закана од дисквалификација за ЛШ. Хусиљос ги продаде Казорла, Начо и Рондон за 40М, а успеа да земе 9 играчи за само 0.8М меѓу кои беа Иско, Антунес, Санта Круз и Итура. Наредната сезона Малага за малку ќе играше во полуфинале во ЛШ а и го продаде Иско за голема пара. После Малага и Хусиљос се разделија и одма паднаа доста ниско. Ланскиот јануари беа меѓу последните кога се решија повторно да го вратат на местото спортски директор и тој успеа да го потпише Амрабат, играчот кој практично самиот им го донесе опстанокот лани после одличните партии.
И оваа сезона имаат интересно тимче со доста млади таленти кои ветуваат како Саму, Хуанми, Луис Алберто(позајмен), Хуанпи, Камачо(кого го барааа Порто и Наполи но се реши да остане). Ќе извадат добра пара од некои од овие.
Иначе Камачо беше прогласен од навивачите за најдобар играч за ланската сезона и како награда доби 77 литри маслиново масло.![]()