Колку што знам и вкупниот буџет за платите се ограничен во секој клуб. Па за да го купат Черчи го испратија Инсуа на позајмица во Рајо е сеа треба уште Алдервајрелд кој наводно моментално е на прегледи во Саутемтон а за Родригез нема ништо.
Ова го прочитав на Челси фан клуб. И ме интересира колкуе точно пошто Атлетико е изоставен.
Најголеми фудбалски должници (сумите се во долари):
Манчестер Јунајтед – 569 000 000
Арсенал – 384 000 000
Валенсија – 374 000 000
Болтон - 267 000 000
Реал Мадрид - 165 000 000
Барселона – 156 000 000
КПР – 145 000 000
Ливерпул – 110 000 000
Јувентус – 83 000 000
Борусија Д. – 82 000 000
не е точно ова, Валенсија е на 250М. Исто и Порто и Бенфика се големи должници (100М+) и покрај добрите трансфери што ги прават, ама Мендес ги шури.
од порано што имам читано Атлетико е на долг од 300-400М.
иначе знам дека во ЛаЛига се ограничени со salary cap како во НБА, затоа и пишав глупости!
веројатно Черчи ќе има доста дебела плата во Атлетико, зошто Алдервеирелд и Инсуа немаа мали плати во Атлетико, а мораа они да ослободат место за Черчи.
Атлетико годишно на плати може да потроши до 80М и покрај тоа што се шампиони, додека Валенсија е на 79М.
За Барса и Реал немам информации, многу викаат дека за нив не постои лимит (и ја верувам во ова) ама па од друга страна Реал знаат да бидат циции и да даваат мали плати на играчи, ги условуваат на тоа дека се “кралски клуб“ и дека многу ги платиле и да прифатат помала плата (нешто како Ди Марија, Иско итн.), дури и да постои лимит веројатно е многу многу поголем од 80М.