Z
zmej gorjanin
Гостин
Дај доказ.
Знам дека нешто слично се дешаваше и кога бевте елиминирани од Атлетико во ЛШ, кога ја изгубивте титулата дома Меси исто беше свирен.
Под туристи мислев баш на локалните, инаку да, има и доста странски туристи. Под атмосфера не мислев на свирежите, туку на бодрењето на тимот, типични примери утакмиците со Валенсија и Јувентус на Бернабе, исто ко на театар да си дошле, ако не им одговара резултатот или ќутат или свират. Што не значи дека и другите клубови во Шпанија имаат исти фанови, пример се Атлети и Севиља. Дури и да имаат десет класи послаб состав публиката им е 12 ти играч и нормално се неосвоиви тврдини за противниците на таква поддршка и мотивација од фановите. А кај Реал оваа година ем фановите беа мртвило, ем тренерот, ем заморот, така да победничкиот морал и менталитет беа на ниско ниво на крај од сезоната.И што, ова треба некој вид на оправдување да биде или комплимент за Икер зошто не е свиркан само тој?
Пробај оправдај му се на судија и речи му само јас не сум криминалец има и други на слобода. Сигурно ќе покаже разбирање и ќе те ослободи.
И аманте со тие 2-3000 туристи. Ќе дојде турист од Јапонија, Кореја и нема попаметна работа ќе свирка по играчите. И тоа како да не е доволно, ќе се организираат заеднички да свиркаат по играчите... Океј.
Инаку интересни ми сте Енглезите на темава. Го изнаплукавте Реал за односот спрема Икер, иако ако некој имал добри односи со Икер тоа е управата. Постоеја многу шпекулации меѓу фановите дека токму Мурињо си заминал поради Икер, за да наредната година и Диего Лопез биде продаден за да Икер брани. Да беше до Анчелоти и тренерот на голманите Веки, Икер ќе си седеше на клупа, а Лопез немаше да биде продаден. Така да глупо е да се збори дека Реал бил неблагодарен према Икер, плус што и платата ќе му ја покрива во Порто колку што разбрав. Симптоматично ми е што можеби сличен случај во Премиер лигата не беше воопшто коментиран. Чех од кога брани за Челзи? Од 2004 та, практично кога Абрамович го воздигна Челзи од пепел. И сеа доаѓа Куртоа и овој инстанто е закован на клупа без можност за приговор, по што веднаш е и продаден, не на било кој, туку на Арсенал. И пак никој ништо не коментира, ниту за Челзи, ниту за тоа колку му е гајле на клубот за своите легенди. Какви ќе беа коментарите за Реал ако Реал го шитнеше Икер на Атлетико или на Барселона?