Primera División 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување

Млад играч со најголем напредок во досегашниот тек од сезоната:

  • Кастиљехо

    Гласови: 8 21,1%
  • Вието

    Гласови: 26 68,4%
  • Криховјак

    Гласови: 9 23,7%
  • Гаја

    Гласови: 10 26,3%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Бог да чува, не знаев дека Дани Парехо е толку млад, 89та е роден. Искрено мислев дека е кај 30ката. :D

Таква фаца има :D btw „најстар“ играч во Валенсија е Хави Фуего со 31 година и е единствен играч над 30-ката. :D
 
Како што читам владата го има одобрено овој закон.Според тој закон 50% од правата ќе се поделат рамномерно на сите клубови а другите 50% според други критериуми(пред се позиција на табела).Вакво нешто и фалеше на оваа лига уште од поодамна.Тек сега Шпанскава лига треба да се ојача доста во однос на Премиер лигата.
Не знам зошто мислиш така. Досегашната распределба на парите и квалитетот на лигата во однос на ПЛ треба да ти покажува дека јачината на лигата не се мери со приходите од тв правата. А пак, ако сакаш да ми кажиш дека ќе се подобри конкуренцијата во лигата, и со тоа ќе стане поатрактивна за гледање, тогаш е веќе друг муабет, и се согласувам и јас со тоа.
 
Највеќе на конкуренција мислев.Нема толку лесно да се продаваат квалитетни играчи со цел плаќање на долгови пред се.Атлетико,Валенсија,Севиља,Билбао,и уште некој тим добро да се ојача финансиски ќе има борба за титули меѓу повеќе тимови.
 
Шпанската влада даде зелено светло за долгоочекуваниот договор за ТВ правата

Од наредната сезона ТВ правата ќе бидат порамномерно распоределени помеѓу клубовите во Ла Лига. Ниту Реал Мадрид, ниту Барселона нема повеќе да добиваат по 150 милиони евра годишно за ТВ права. Со новиот договор кој секако е со огромна важност за Ла Лига 50% од вкупната сума за ТВ права за Ла Лига ќе бидат рамномерно распределени на сите 20 тима. Додека пак останатите 50% ќе бидат распределени по разно-разни критериуми позиција на табелата во претходните 5 сезони, простор и капацитет за да се овозможи пренесувањето на натпреварите. Секако и Реал Мадрид и Барселона ќе земаат пак најмногу бидејќи се најголемите, најуспешните и најпопуларните тимови во Шпанија, а и во светот.

Хавиер Тебас, претседателот на шпанската федерација изјави "Новата лига е родена. Ова беше потребно за раст и развој на тимовите. Нова приказна започнува во Шпанскиот професионален фудбал"

Од наредната сезона ќе гледаме помотивирани тимови, поквалитетна лига, секоја позиција е битна. Нема веќе продавање играчи за мали суми. Полека но сигурно Ла Лига станува подобра и во финансискиот придонес во клубовите од ТВ правата, единственото поле во кое неможеше да се спореди со Премиер Лигата.
 
Не знам зашто го прочитав ова со гласот на Латас... :oops:
 
Што ќе биде со Алмерија? Вчера збореше коментаторот дека можеле да им одземат 3 бода заради некој играч, кој не го исплатиле до крај. Мислам дека се работи само за 4к евра :pos:
http://www.rfef.es/competiciones/futbol-masculino/clasificacion/?j=5806&t=2015

Шпанската федерација RFEF веќе си ја спроведе казната и на Алмерија им се одземени три поени на табелата.
Проблемот е што LFP се немаат изјаснето по ова прашање. На крајот RFEF го има крајниот збор, а ако LFP не ја применат нивната одлука, и не и ги одземат трите поени на Алмерија, ФИФА може да ги суспендира Шпанските клубови од Европските натпреварувања :icon_mrgr:
Со оглед на тоа што Барса и Реал нема да го дозволат тоа, ќе направат притисок по кој LFP сакале неќеле ќе мора да ја променат одлуката :icon_mrgr:

Се работи за долг од 5000 евра за некој Јакобсен кон клубот Есбјерг од Данска :D
 
Шпанската влада даде зелено светло за долгоочекуваниот договор за ТВ правата

Од наредната сезона ТВ правата ќе бидат порамномерно распоределени помеѓу клубовите во Ла Лига. Ниту Реал Мадрид, ниту Барселона нема повеќе да добиваат по 150 милиони евра годишно за ТВ права. Со новиот договор кој секако е со огромна важност за Ла Лига 50% од вкупната сума за ТВ права за Ла Лига ќе бидат рамномерно распределени на сите 20 тима. Додека пак останатите 50% ќе бидат распределени по разно-разни критериуми позиција на табелата во претходните 5 сезони, простор и капацитет за да се овозможи пренесувањето на натпреварите. Секако и Реал Мадрид и Барселона ќе земаат пак најмногу бидејќи се најголемите, најуспешните и најпопуларните тимови во Шпанија, а и во светот.

Хавиер Тебас, претседателот на шпанската федерација изјави "Новата лига е родена. Ова беше потребно за раст и развој на тимовите. Нова приказна започнува во Шпанскиот професионален фудбал"

Од наредната сезона ќе гледаме помотивирани тимови, поквалитетна лига, секоја позиција е битна. Нема веќе продавање играчи за мали суми. Полека но сигурно Ла Лига станува подобра и во финансискиот придонес во клубовите од ТВ правата, единственото поле во кое неможеше да се спореди со Премиер Лигата.

Јас прочитав пак дека ниту една екипа нема да зема помалку отколку досега, затоа и Реал и Барса се согласиле на новиот закон. Значи Реал и Барса остануваат на 140 милиони, додека на пример Рајо од сегашните 18 милиони, ќе зема 30, а Атлетико и Валенсија би ги зголемиле приходите од 44 на 60 милиони.

Отсега екипите нема сами да си ги продаваат ТВ правата, туку тоа ќе го прави Ла Лига како што е пример скоро секаде низ светот. Соодносот помеѓу Барселона и Реал со останатите екипи би требало да се смени од 1:7 на 1:4,5 (со новата продажба од околу милијарда евра на пакетот), а за некаде 3 години кога Ла Лига очекува приходи од 1,500 милиони евра, соодносот би станал 1:3,5.

п.с.
11193275_976487602364021_5278992618712271035_n.jpg
 
http://www.rfef.es/competiciones/futbol-masculino/clasificacion/?j=5806&t=2015

Шпанската федерација RFEF веќе си ја спроведе казната и на Алмерија им се одземени три поени на табелата.
Проблемот е што LFP се немаат изјаснето по ова прашање. На крајот RFEF го има крајниот збор, а ако LFP не ја применат нивната одлука, и не и ги одземат трите поени на Алмерија, ФИФА може да ги суспендира Шпанските клубови од Европските натпреварувања :icon_mrgr:
Со оглед на тоа што Барса и Реал нема да го дозволат тоа, ќе направат притисок по кој LFP сакале неќеле ќе мора да ја променат одлуката :icon_mrgr:

Се работи за долг од 5000 евра за некој Јакобсен кон клубот Есбјерг од Данска :D

мислам дека се работи за 50.000 барем ја на таква бројка налетав. Сеедно, Депор може само да се спаси ако некој клуб биде казнет иначе тешко сами да се изборат за опстанок :D

Ираола на крај од сезонава ќе си замине од Билбао (веројатно ќе оди во Америка), 507 настапи има за Билбао и е четврт играч со највеќе настапи за клубот.

веројатно многумина уште го памтат овој негов потег :)
 
малку сме нервозни кога нема да дадеме гол..
 
Баш таа желба го направи најдобриот играч во светот :)
 
Го прави нешто ама не најдобар. :LOL:
 
Упорно се гура таа приказна дека баш навредите од публиката, промашувањата, нервозата кога ќе промаши и сл. го направиле Кристијано толку добар (или најдобар, според некои).
Да, сигурно вие најдобри другари сте му, секој ден сте по неколку часа со него, па знаете шо е тоа шо го прави најдобар.
Талент+работа (а кај него е многу повеќе работа, секоја му чест) = успех. simple as that
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom