После таква сезона на Бејл, Бензема и Роналдо реално гледано Реал немаше потреба од Суарез. Реал требаше да плаќа 90 милиони за напаѓач а во тимот веќе имаш уигран напад кој минатата сезона рушеше рекорди за постигнати голови. Едно е желба, кој не би посакал да има играч како Суарез во тимот, ама друго е реалноста, на Реал се што му е потребно за другата сезона е oсвежување во средниот ред затоа што видовме дека кога Модрич игра слабо и Реал игра слабо. И јас го сакав Фалкао лани а исто и за Суарез имаше големи шпекулации минатата сезона али после освојување на Децима и фантастичната сезона на BBC некако спласнаа сите тие шпекулации. Дури и сега мислам дека не ни е потребен WC напаѓач, не бар додека овие тројца напред одлично функционираат...
Нападот не беше проблем што Барса минатата сезона не освои ниту еден трофеј (а пак стативата на Нејмар и голот на Годин ги делеа од два трофеја), мислам дека требаа да вложат повеќе во средниот ред и во одбраната, башка со враќањето на Делофеу и Рафиња имаат одлична иднина. А сега имаш вложено 90 милиони во играч кој во јануари полни 28 години и нема да може да тренира во предсезоната ни да игра во наредните 2 месеци... Ако успеат овие тројца напред да се уиграат како што треба и ако ја средат барем малце одбраната ќе биде тоа страшен состав, али ако не освојат ништо наредната сезона ќе биде тоа огромна катастрофа за Барса и нивната трансфер политика...

. Дај земајтего побрзо нека почни расправијата 2-3 страни нека ви отворат нова тима за другата сезона нека ве пресечат на сред муабет за да не мора да се расправате, белким нема да продолжите на новата тема кој за кого колку платил.