Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.846
- Поени од реакции
- 23.247
Мислењето кое сакав да го напишам уште денеска(веќе вчера
) попладне:
Откако изгледав снимка од натпреварот Селта-Еспањол и после прегледот на Ла Лига, дојдов до некои заклучоци.
Иако Ла Лига мислев дека е ослабена за наредната сезона, сега мислам дека не е така. Да почнам по ред, натпревар по натпревар.
Сосиедад - Хетафе
Сосиедад не само што не се ослабени, туку можеби се и посилни од минатата сезона. Единствениата дупка која настана со заминувањето на Иљараменди, ја пополнија со Сеферович, кој одлично се покажа на дебито во Ла Лига(а и вечерва во натпреварот против Лион). Скоро сите акции одеа преку Сеферович, а Сосиедад имаат уште многу играчи, кои сега се и повеќе воиграни од минатата сезона. Заминувањето на тренерот Монтаниер, не значи ништо, бидејќи на клупата како тренер продолжува неговиот довчерашен асистент, така да концептот и тактиката во тимот остануваат исти. Да немаа натпревар од ЛШ, веројатно победата против Хетафе ќе беше уште поубедлива. А, јас бев уверен дека Сосиедад ќе направат сензација во Лион вечерва, бидејќи имаат капацитет за да играат ЛШ. Очекувам и во новата сезона во Ла Лига Сосиедад да се бори за излез во Европа(ЛШ). За Хетафе што да се каже, како и секоја сезона, просечна екипа која веројатно ќе обезбеди опстанок, воглавно составена од играчи кои не успеале во младинските категории на Реал. Ќе имаат повремен блесок во средината на сезоната и ќе си обезбедат опстанок. За излез во Европа, многу тешко.
Ваљадолид - Билбао
Ваљадолид ми се фаворити за испаѓање. Не ги познавам добро, ама мислам дека без Џукич на клупата нема да успеат да обезбедат опстанок. Билбао очекувам да бидат подобри од минатата сезона, со нов тренер и со Бењат како клучен играч во новата сезона, а очекувам и Муниаин оваа сезона да ја одигра на ниво, слично како сезоната 2011-12. Очекувам да се борат за излез во Европа, барем одреден период, ама реално на крајот на сезоната ги гледам на средина на табелата
Валенсија - Малага
Е, овие 2 екипи ми се мистерија. Од Малага не очекувам нешто повеќе сезонава, можеби 3-4 места подоле на табелата од минатата сезона. Иако ќе бидат одморени, немаат настапи во Европа, меѓутоа премногу клучни играчи заминаа, Пелегрини замина, Шустер не ми се верува некој успех да направи со Малага. Можно е одреден период да се борат и за опстанок! Валенсија од друга страна, очекувам да си биде на нивото на претходната сезона, ослабени се со заминувањето на Солдадо, кој беше алфа и омега неколку сезони наназад на Местаља. Пабон и Поштига не се на нивото на Солдадо, па очекувам слаба ефикасност(голови) од Валенсија сезонава. Години наназад, секое лето си ги продаваат најдобрите играчи, а мислам дека токму оваа сезона ќе ја платат цената на таквите потези. Имаат добра одбрана, но слаб напад, сезонава најдобро да се играат 0-2
Барселона - Леванте
Овде нема да коментирам премногу, за да не бидам пристрасен. Од Барселона, нормално се знае што се очекува, борба за титулата. Засилени во нападот, остана дупката во одбраната непополнета. Дали со играчкиот кадар со кој располагаат ќе успеат да надокнадат во одбрана, или недонесувањето на стопер може да ги кошта Каталонците титула, ќе видиме. Од Леванте очекувам грчевита битка за опстанок, барем така изгледа ако се водиме по онаа 'по утрото денот се познава'. Или сепак мечот против Барселона на Камп Ноу не мора да биде мерило за тоа како ќе изгледа оваа сезона на тимот од Валенсија.
Реал Мадрид - Бетис
Во овој натпревар Реал се намачи да стигне до 3те бода, ама очекувам во натамошниот дел многу полесно Реал да ги добива ваквите натпревари. Нормално, заедно со Барселона, Реал се главни(и единствени) фаворити за освојување на титулата. Оваа сезона мислам дека Иско ќе блеска, такво мислење имам за играчот, премногу ми е позитивен. Бетис одма се покажа како тврд противник, и тоа против Реал на Бернабе. Новиот играч, Кедрик Мабвати, се покажа многу експлозивен, а имаат неколку играчи кои можат да ги користат неговите асистенции. Очекувам сличен пласман како минатата сезона, можеби нешто послабо(1-2 места подоле).
Осасуна - Гранада
Изненадување за мене, посебно што Осасуна така лесно изгуби на домашен терен. Минатата сезона се спасија од опстанок, таму некаде ќе бидат и оваа сезона
Гранада гледам склопиле интересен тим, очекувам добри игри и резултати од нив сезонава, веројатно средина на табела или нешто подоле ќе биде нивниот пласман, некаде од 11то до 15то место.
Севиља - Атлетико Мадрид
Дербито на колото, Симеоне ја доби шаховската битка против Емери. Очекувам одлични игри од Атлетико и оваа сезона. Отсуството на Фалкао нема многу да се почувствува, бидејќи во нападот ги имаат Виља и одличниот Диего Коста, а тука е и младиот Лео Баптистао. Во одбраната го донесоа и Демикелис, така да Атлетико се покомплетни од минатата сезона. Севиља беа(и сеуште се) вистинска енигма за мене како ќе играат во новата сезона. Пред некој месец, кога го донесоа Емери на клупата, бев уверен дека ќе газат во новата сезона. Но после летниот трансфер период, моите мислења и очекувања се сменија. Премногу клучни играчи заминаа, премногу нови играчи дојдоа. Сега, после првото коло, повторно моите очекувања се променети. После играта која ја прикажаа против Атлетико, очекувам одлични партии сезонава од новиот тим на Севиља. Марин се покажа како одлично засилување, а иако многу играчи си заминаа, имаат сеуште квалитетни играчи, Ракитич, Пероти, Троховски, новото засилување Гамеиро....
Селта - Еспањол
Најдобриот натпревар од ова коло! Селта минатата сезона, едвај се спаси, во последно коло, меѓутоа оваа сезона се ептен засилени и очекувам многу подобар пласман од нив од минатата сезона. Со Луис Енрике на клупата, со неколку нови играчи, тимот на Селта изгледа препороден. Нолито, Крон-Дели и посебно Рафиња се прави ѕверови. Имаат и нов напаѓач, Бразилецот Чарлс, кој постигна погодок против Еспањол. Многу симпатична екипа ми се Селта, сакам да завршат во првиот дел на табелата, што е можно на повисока позиција. За Еспањол нема многу да пишувам, за да не пцујам многу
Кико Касиља на голот е ПЕРФЕКТЕН. Практично, 90% од заслугата за бодот кој го извлекоа против Селта, оди на сметка на Касиља, кој бранеше и повеќе од тоа што можеше да се одбрани. Исто така, очекувам многу од младиот французин, Тиеви, крилото со број 7.
Тоа е тоа што можам да го кажам засега, останатите 2 натпревари не ги гледав, ниту пак гледав инсерти од нив.