Primera División 2013/14

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    195
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Штета што Ливерпул не го собраа, каков тандем ќе беа со Суарез, страв и трепет за одбраната и поради фудбалските и поради канибалските способности. :D
 
Има фудбал во овој Кондогбиа.
--- надополнето: 19 август 2013 во 00:52 ---
Леле везење Родригез
 
iW3vDzzL0fQ5g.gif


Извини, грешка...
 
iW3vDzzL0fQ5g.gif


Извини, грешка...
Што е најјако, корнер беше досуден за Реал после ова.


Иначе не беше пенал тоа за Бетис. Играчот беше одгурнат откако веќе го помина топката. Бетис својата шанса си ја прокоцка, кога Верду на 0:1 промаши подобра шанса и од пенал.
 
И пречката.
Си ги имаа шансите Бетис, кој им е крив шо не ги искористија.
 
Не го викам ја тоа, Марка секогаш после утакмица дава свое мислење за сомнителните ситуации. И без разлика дали ќе ја стигнеше топката контакт имаше, играчот беше гурнат. Али ајде ќе има ваљда многу вакви слични ситуации во полза на мадриѓани :)
 
Каков Тата, Тито или пак Карло. Симеоне е најдобриот тренер во Примера.
 
Повеќе бодичекот на Рамос беше за пенал (ако беше внатре) отколку ова. А реално и си заслужи минимум жолт вчера Рамос со хокеарските фаули.

Инаку, Qatar AIRWAYS ви е спонзор од сезонава а не Qatar Foundation? Еее фолиранти бе, само да копирате. :giggle:
 
На овој Кристијан Сапунару од Елче да му се забрани фудбал да игра!
Минатата сезона за Сарагоса заработи 22 жолти и 1 црвен картон... 5-6 суспензии имаше во текот на сезоната

Само што почна новата сезона, прв натпревар сега, судијата веднаш го пиша во тефтерот. Ќе ја надмине ли ланската бројка ? :D
 
какви ремек дела на Сеферович и Гриезман :cuc::cuc::cuc:
колку е поголема кризата толку повеќе газат шпанциве во Европа, годинава повторно очекувам 3 екипи во четврт финале, Сосиедад играат со муда а Атлетико имаат гениј на клупата
 
Сеферовиќ 2 утакмици = 2 гола, на Сосиедад "само" Илараменди и тренерот им отидоа, ама затоа дојде Сеферовиќ, сеа и Гранеро, така да за новата сезона не делуваат ослабени...
Колку и да викаат Ла Лига е досадна и факт е дека повторно оваа сезона Реал и Барса ќе се борат за тронот, ама за повисоките позиции ќе се води подеднаква и интересна трка предводена од Атлетико и Симеоне кој лани беа "best of the rest" во Шпанија. Валенсија, иако доживуваме и ова лето доста промени во играчкиот и тренерскиот кадар како и во управниот, Валенсија секогаш се бори за местото кое води во ЛШ, плус оваа година новиот претседател има цел да го врати народот на Метаља, па и до сега успева во оваа намера (продадени се 44 000 сезонски карти!!) Ѓукиќ оваа сезона ќе води нова генерација на млади фудбалери во Валенсија и се надевам дека ќе успее! за Сосиедад како што реков и оваа сезона ќе бидат опасни како и минатата. Севиља покрај тоа што им отидоа Медел, Навас и Негредо, солидно се појачаа, го имаат Емери кој знае како е да си "трет" во ЛаЛига, место на кое 3 сезони по ред завршуваше со Валенсија, со играчи како Ракитиќ, Кондогбиа, Гамеиро, Марин, Ибора, Пероти и играчи како Витоло и Русеску кој имаат доста квалитети, реално е да се очекува и од Севиља висок пласман. Билбао, уште една баскиска екипа која има добар состав, за мене имаат и многу добар тренер (Валверде), тренер што игра агресивен фудбал со играчи како Бењат, Мунаин, Сусаета, Херера, де Маркос, Сан Хозе може да се направи нешто?!" Гранада и Селта исто изгледаат доста посилни од лани не дека оваа сезона ќе се борат за излез во европа, ама сигурно нема бидат во зоната за испаѓање, а Малага, Бетис, Гетафе како и повратникот Виљареал и оваа сезона ќе бидат незгоди екипи.

1185712_568202716550280_1872419000_n.png
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom