Реал
Што е сега ? Што сакаш да кажиш ? Повторно лупеташ ?
Реал беше очаен, така ?
Судиите му помогнаа ? Пеналот ?
ЊТФ дјуд.
И самиот виде дека правдата беше задоволена бидејќи Чаби го промарши пеналот, победата си беше чиста и фер. Крај на дискусијата.
Иначе Леванте се ептен гадна екипа кога играат на домашен терен, направија 27 прекршоци (стартовите им беа намерни и остри), се бунеа на секој свиреж на судијата, а тој не ги санкционираше со картони и повторно ништо не им беше погодено.
Баљестерос копукон сакал да се тепа со Пепе во тунелот по завршувањето на натпреварот.

Среќа што Рамос застанал во одбрана на Пепе.
Еспањол повторно киксна овој пат од Осасуна. Мораше да се добие натпреварот со Осасуна но и вака не е лошо, мислам дека ова му е прв пораз во последните 4/5 натпревари. Кај да е ќе започни низата со добри резултати.

Изнанаден сум од игрите на Рајо, Ваљадолид и Бетис, сите моментално се во борба за влез во европските натпреварувања и се високо пласирани на табелата.
Севиља нанижа уште еден пораз и имаат само една победа во последните пет натпревари. Треба Мичел да си поработи со својот тим.
И за крај да си ги пофалам Сарагоса

. Им пристигнаа неколку добри засилувања за оваа сезона и како резултат на тоа се на 11 место со 15 освоени бодови. Се надевам ќе котираат високо на табелата на крајот од сезоната.
п.с. Е вака веќе ја личи темава за Ла Лига.

п.п.с. Кај е сеа
Atleti MKD !? Има многу теми за разговор моментално за Ла Лига па доколку сака добра дискусија нека започни со нешто. Бидејќи се жалеше дека на темава има само препукувања на фанови на Реал и Барса.
Peace