Промена во фудбалската агенда за сабота: И Барса на Алфа ТВ
Промени во шпанскиот фудбалски викенд на Алфа ТВ. На програмата на АЛФА ТВ ќе емитуваме четири директни преноси од второто коло во Шпанскиот фудбалски шампионат, но наместо натпреварот Севиља - Сарагоса кој беше предвиден за 22 часот, ќе го преземеме мечот помеѓу Гетафе и Барселона. Овој дуел ќе започне во 18 часот, а емисијата Ла Лига ќе започне во 16 часот и 30 минути.
Најавените преноси од неделните мечеви остануваат без промени: Ваљадолид - Валенсија и Еспањол - Атлетик Билбао.
Мадридски Реал на првото гостување во новата сезона патува во Барселона каде се среќава со Еспањол.
Вториот клуб од Каталонија на дебито на новиот стадион ќе се обиде да ја забележи првата победа во новиот шампионат. Натпреварот се игра в сабота со почеток во 20:00 часот со директен пренос на нашата програма.
Во неделната понуда на директни преноси повторно ќе можете да ја видите Валенсија, која му гостува на Ваљадолид, а почетокоте закажан за 19:00 часот. Составот од Местаља имаше одличен старт и се очекува дека и во второто коло ќе успее да стигне до победа и да потврди дека е сериозен кандидат за место во врвот на табелата.
Во последниот термин од второто коло, Ксерез го пречекува Атлетик Билбао. Натпреварот стартува во 21:00 часот.
Шпански фудбал на АЛФА:
Сабота:
16:30 Ла Лига – емисија посветена на второто коло на шпанското фудбалско првенство
18:00 Гетафе - Барселона
20:00 Еспањол – Реал Мадрид
Недела:
19:00 Ваљадолид – Валенсија
21:00 Ксерез – Атлетик Билбао
Понеделник:
19:00 Ла Лига преглед
Ќе биде интересно.
