Primera División 2009/2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој според вас ќе ја освои Primera División во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    297
Статус
Затворена за нови мислења.
Реал многу нормално и не само првенството туку и купот.
 
како и во минатите сезони во шпанско првенство повредите го одлучуваат шампионот,пред три сезони барса водеше цел шампионат каде на крајот им падна формата поради некои повреди и завршија со исто бодови со реал но реал беше шампион, пред две сезони кога во барса се мачеа со повреди меси,анри,ето,ињеста барса завршија на трето место со 18 бода зад реал,а за титула остана конкурент само виљареал,исто како и минатата сезона во реал каде над 10 играчи се мачеа со повреди и на крај барселона да бидат шампиони.
доколку оваа сезона ги немаат тие проблеми и двата тима ќе има борба до самиот крај и мислам дека реал и покрај многуте засилувања дека тие ќе бидат шампиони и мислам дека нема да има проблеми поради тоа кој е поголема ѕвезда,сепак тие сите се професионалци и со плејмејкери како кака и алонсо шнајдер,крила како роналдо,робен,игуаин и напаѓачи како раул,нистелрој и бензема мислам дека тешко која одбрана ќе може да ги сопре..единствен проблем како и секогаш им е одбраната но со касиљас на голот мислам дека се ќе биде во ред..
мој тип:реал мадрид.
 
Оваа сезона е дефинитивно на реал. прочитав од некого тука, лани реал крпеше, менуваше, мина низ скандали, и пак се држеше. се согласувам со ова. очекувам реал да ја земе титулата годинава, во остра борба со барселона. другиве во анкетава се потполно небитни.:smir:
 
Типувам на Барселона, без разлика н тоа што Реал ги купија најскапите играчи. :helou:
 
Иако Реал потроши 250 милиони за месеци ја не очекувам нешто од нив барем сезонава......Барса очекувам да си ја земе и оваа сезона,мислам дека Ибра ке даде повеке голови од Ето
БАРСА ФТВ
 
Типувам за Валенсија,Од кога сум слушнал за Премиера Дивизион навивам за Валенсија,и мислам дека оваа година и тие ке доминираат во борба за титулата,покрај пресилниот Реал М и секако актуелниот Шампион на Европа,Премиера,И Купот на Шпанија --Барселона:helou::smir:
 
За Реал рано ми е некако, они мислам дека догодина ќе експлодираат и ќе освојат се' можно.
Оваа година ништо ново, Барса глатко ќе си ја земе a Aтлетико мој го гледам на трето место.
 
Стартува шпанската Примера лига на Алфа ТВ

Во сабота со натпреварот Реал Мадрид - Ла Коруња во директен пренос на Алфа ТВ стартува ексклузивната спортска програма на Алфа ТВ - пренос од натпреварите на шпанската Примера фидбалска лига во чии редови се фудбалерите и екипите кои ги освоија најпрестижните европски фудбалски одличја Европското првенство и Лигата на шампионите.

Натпреварот Реал Мадрид - Ла Коруња во сабота ќе започне во 20:00 часот, а веднаш потоа во 22:00, повторно во директен пренос на Алфа ТВ ќе го емитуваме и мечот помеѓу Сарагоса и Тенерифе.

Спортската програма поврзана со директините преноси и најважните случувања во Примера во сабота ќе започне во 19 часот со Отвореното спортско студио во кое ќе ве информираме за сите детали поврзани со екслузивата на Алфа ТВ - преносите од шпанската фудбалска лига.

Во недела шпанската фудбалска фешта продолжува со директните преноси од натпреварите Валенсија - Севиља (во 19:00) и Алмерија - Ваљадолид (21:00).

Како што е веќе познато, во новата сезона ексклузивно на програмата на Алфа ТВ ќе имате можност да ги следите директните преноси од натпреварите на од фудбалското првенство на Шпанија, најатрактивниот национален шампионат во Европа.

Алфа ТВ го откупи правата за емитување на директните преноси во следниве три сезони. Секој викенд на програмата ќе можете да следите по четири натпревари, а во петок пред секое коло ќе можете да ја проследите најавата за натпреварите кои ќе се одиграат во текот на викендот, а во понеделник комплетен преглед на сите мечеви.

Претстојната сезона се очекува да биде една од најтрактивните и највозбудливите во историјата на шпанскиот шампионат.

Најголемите и најскапите светски фудбалски ѕвезди ќе настапуваат во Примера, Кристијано Роналдо, Кака, Меси, Давид Виља во трка за шампионскиот трофеј.... Засилениот Реал Мадрид во обид да го симне од тронот големиот ривал Барселона...

Најнеизвесната битка за титулата во Шпанија, ексклузивно на програмата на Алфа ТВ.

Сите вести за најновите резултати, настани и стории од шпанското фудбалско првенство на веб страницата на Алфа ТВ,
 
со 4 преноси и со преглед на коло мислам дека ке завршат многу голема работа а и со НБА лигата
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom