Primera División 2009/2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој според вас ќе ја освои Primera División во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    297
Статус
Затворена за нови мислења.
Неочекуван, но не и невозможен кикс. Па кој играчи и да играат, не верувам дека ќе успее тој тим да победи 38 натпревари во 38 кола. Само има некои што после 8 кола, и после најверојатно +4 за Барса заклучија дека ова ќе биде уште една пропадната сезона на Реал. Сетете се само на 2006-07 сезоната и се ќе ви биде јасно..
И лани нон стоп си го зборевте ова па на крај пак завршивме први.И да те исправам +3.
 
Жолтата подморница со прва победа на домашен терен со Малага 2:1. :smir:
 
Ќе има коло у Шпаније сеа у среда и четврток ?
 
Нови термини на преносите од шпанскиот фудбал

Викендов на програмата на Алфа ТВ ќе имате можност да проследите три директни преноси од 9-тото коло во Шпанскиот фудбалски шампионат. За разлика од претходните викенди овој пат преносите ќе стартуваат во изменет термин.

Во првиот пренос в сабота од 18:00 часот ќе го проследите мечот меѓу Реал Мадрид и Гетафе. Дуелот со градскиот ривал доаѓа во најнезгодно време за Кралскиот клуб, кој по дебаклот во Купот против Алкоркон. Притисокот врз фудбалерите на Реал Мадрид е огромен и в сабота потребна е победа за да се задржи чекорот со лидерот и најголемиот конкурент за титулата Барселона.

Во вториот саботен термин од 20:00 часот на програмата е преносот од натпреварот меѓу Осасуна и Барселона. Ново тешко гостување за Каталонците, домашниот состав отсекогаш е незгоден противник за Барселона и многумина предвидуваат дека тимот на Жозеп Гвардиола многу тешко ќе дојде до посакуваните три бода.

В недела на програмата е само еден меч. Од 19:00 стартува дуелот Малага-Валенсија. Гостите од Местаља се вратија во вистинска форма, а Малага е закована за дното на табелата со само една победа, забележана уште во првото коло против Атлетико Мадрид.

Поради стартот на првиот директен пренос в сабота, специјализираната програма Ла Лига ќе ја емитуваме во 16:30 часот.

Шпански фудбал на АЛФА ТВ:

Сабота:
16:30 часот Ла Лига – емисија
18:00 часот Реал Мадрид – Гетафе
20:00 часот Осасуна – Барселона

Недела:
19:00 часот Малага – Валенсија

Понеделник:
19:00 часот Ла Лига - преглед
 
Wow, каков меч играат Виљареал и Гетафе. Головите кој од кој поубав. :vozbud:
 
Леле Атлетико Мадрид сезонава се катастрофа, примија на крај гол и уште една изгуба, нејќем овие да отпаднат од лига ама како почнале... и после како Агуеро да седи у ваков тим, ако не зимава на лето би требало да иде.
 
Аууу како игра Валенсија под притисок - кога губи, напаѓаат со сите сили - течни, брзи и прецизни акции, добар фудбал играат.
 
шо праи уште овој Агуеро во Атлетико?
- нека си замине во Јануар
 
Чека ти да му кажеш да си замине.
 
Леле Атлетико Мадрид сезонава се катастрофа, примија на крај гол и уште една изгуба, нејќем овие да отпаднат од лига ама како почнале... и после како Агуеро да седи у ваков тим, ако не зимава на лето би требало да иде.

Нема шанси Атлетико да отпадне ќе се извадат на крај.
 
После паузата поради католичкиот Божик на 2 јануари Ла Лига продолжува, а двојките се:

FC Barcelona-Villarreal CF

RCD Mallorca-Athletic Club

Osasuna-Real Madrid

Zaragoza-Deportivo

Valencia CF-RCD Espanyol

UD Almería-Xerez C.D.

Racing-CD Tenerife

At.Madrid-Sevilla FC

Getafe CF-R. Valladolid

Sporting Gijón-Málaga CF


Атлетико Мадрид - Севиља и Барселона - Виљареал, се дефинитивно натпревари на колото. Две доста интересни средби. Атлетико сеуште неможе да влезе во посакуван ритам иако има одлична екипа на распологање, а Севиља игра одлично, па би требало да победи Севиља, но сепак дерби си е, па се е можно. За вториот дуел можеби и дерби на колото со оглед на тоа дека Виљареал почна да се буди и да игра како што треба и како што се очекува од него, а Барса после прославата ќе пробаат да ја продолжат серијата победи.
Реал Мадрид би требало да победи кај Осасуна, но сепак знае и Осасуна да биде доста незгодна екипа, а Валенсија би требало да продолжи со одличните игри и да го победи годинава слабиот Еспањол.
 
Да не пишувам по Фан Клубовите..Среќна Нова Година на сите што навиваат за тим од Ла Лига!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom