Да бидеме реални и искрени, мреал е една од најлошите и најнесмешни досетки форсирани на форумов.
Во ситуација за сеир, на навивачиве на Реал им одговара овој класичен базкил наречен мреал, или среал, така мислам прочитав на темава, него како дојдовте до тоа бе ме интересира ...
Кој потоп денес ждрабрагабрауууу, аиииии, лудило, мега јаки атлетико, мега слаби реал.
Реал стандард најслаба карика им е одбраната а фактот што сезонава цела ја истераа со четворката карбахал, рамос, пепе и марсело, овие денес што играа заедно прашање е колку и на тренинг играле заедно а не па на официјален меч, па ова по дифолт значеше минимум 1 гол денес у нивна мрежа против тим кој им е ахилова пета, додај на ова и очаен касиљас и имаш четири компира на крај. Во секој случај овој дебакл не го претпоставив, 2-0, 2-1 беше резултат на кој циљав, Атлетико не важат за екипа која 90 минути удира на голови и на посрамување на противниците, ова е доста лошо, бајаги за Реал, шамар кој може у наредни 3-4 кола да ги држи и да изгубат уште некој бод плус, поготово кога у моментов и те како е разнишана самодовербата на дечките у одбрана.
Без одбрана си ништо у фудбалот, едно големо ништо, Реал денес делуваа ко Лејкерс у ерата на мистер принглс, трпај напад само, дади 120 поени прими 150, а и да, чаби алонсо, потег што на крај може да им се испостави ко круцијален.