Од кај знаеш?
Има уште едно коло колку што знам.
Виљареал и Алмерија имаат исто бодови, но во последното коло играат меѓусебно на теренот на Виљареал.
Алмерија ќе биде втора со победа, или со нерешено со 2-2 или повеќе голови.
Ќе биде доста интересен меч пошто и двете екипи се во одлична форма.
Можеби Виљареал е во предност но не е се готово
Не е познат ниту последниот патник во плејофот.
Лас Палмас и Алкоркон имаат 66 бода, а Понферадина има 65 на седмата позиција и може истотака да влезе во баражот.
Во последно коло Алкоркон-Сабадел, Мурсија-Лас Палмас и Луго-Понферадина.
Алкоркон изгледа најсигурен пошто Сабадел не игра за ништо, па се очекува Алкоркон да слави на домашен.
Понферадина истотака има навидум лесен дуел затоа што Луго не игра за ништо...
Не знам колку знаете Гвадалахара е исфрлена од Сегунда, па сега во последно коло еден тим од Хуеска, Мурсија и Сантандер ќе се спаси иако претходно беа отпишани.
Затоа Мурсија имаат голем императив и може да го поебат Лас Палмас за баражот.