Primera División 2012/13

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/2013 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    324
Статус
Затворена за нови мислења.

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.829
Поени од реакции
24.225

Primera División, или попозната како La Liga, е професионалната фудбалска лига на Шпанија и е највисока по ранг. Се сотои од 20 клубови и во неа нема плеј-аут, односно последните три екипи отпаѓаат во втората лига и се заменуваат со првите три екипи од втората лига. Вкупно 59 екипи настапувале во La Liga од нејзиното основање, од нив девет станале и шампиони. Од 1950та па навака, Реал Мадрид и Барселона доминираат во првенството. Реал Мадрид има 32 пати освоено Ла Лига што го прави тим кој ја има највеќе пати освоено, додека Барселона ја има освоено 21. Освен Реал Мадрид и Барселона, други тимови кои ја освоиле лигата се Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао, Валенсија, Севиља, Депортиво Ла Коруња, Реал Сосиедад и Реал Бетис.

Според меѓународната Федерација за Фудбалска Историја и Статистика (IFFHS), Primeda División е најдобрата фудбалска лига во светот. Првите 3 тима во Ла Лига директно се натпреваруваат во Лигата на Шампионите, а четврторангираниот тим стартува од 3тото квалификациско коло за Лигата на Шампионите. Екипите за 5тото, односно 6тото место играат плеј-оф на Лигата на Европа, а седмопласираниот стартува од 3тото квалификациско коло на Лигата на Европа. Тимовите кои ќе идат директно во Лигата на Шампионите се Реал Мадрид, Барселона и Валенсија, а Малага ќе игра од 3тото квалификациско коло. Атлетико Мадрид и Леванте ќе играат плеј-оф за ЛЕ, а Осасуна ќе игра од 3тото квалификациско коло. Тимови кои испаднаа се Виљареал, Спортинг Хихон и Расинг Сантандер, а на нивно место оваа сезона ќе играат Депортиво Ла Коруња, Ваљадолид и Селта.

Актуелен шампион се Реал Мадрид и ќе гледаат и оваа сезона да ја одбранат титулата. Најголем противник им се секако Барселона, а други екипи кои може да се замешаат се Валенсија, Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао и Малага. Оваа сезона започнува на 18ти Август, а завршува на 1ви Јуни. Еве го и распоредот на дуелите од првото коло:




Поставена е нова тема за оваа сезона, пред се добар почеток на сите тимови им пожелувам, нека ја освои титулата најдобриот. Што повеќе квалитетна дискусија и што помалце провокации и лоши постови. :)
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Оп троп дигитрон... Реал е старо-новиот шампион!!! :icon_lol:
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.965
барем во анкетава да имаше: Некој друг клуб.....
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
Прво и второ место ќе бидат Барса и Реал
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Годинава не очекувам нешто посебно .. исто како и лани ке гледаме борба помеѓу Реал и Барса ... Малага треба да направи добар ремонт во клубот да го подмлади , им треба добар голман , централен дефанзивец , добар везњак , напаѓач , Валенсија секоја година стандард 3 или 4 место секоја година ги продава најдобрите играчи али не влијае тоа многу на клубот , виља , мата , алба али секоја година си се стандардно на 3 или 4 место , Атлетико Мадрид е тимот кој што во последните години зема добри млади играчи , го договорија голманчето од челзи на уште една година на позајмица ,до сега имаат донесено солидни играчи : Рубен од сарагоса , Родригез од Порто , Гарсија од Осасуна , Диаз од Гетафе , Кабрера од Нумансија и Емре Белозоглу од Фенербахче , а клубот го напуштија Диего , Домингез , Переа од позначајните .
Клубот од Андалузија Севиља последно време опадна многу .. излагаше во европа кога беа тандем Кануте и Фабијано али сега тешко им оди ..
Билбао иста приказна секоја година со играчи од нивната школа , но годинава доколку успеат да ги задржат сите играчи , особено Мартинез и Муњаин кои се костурот во тимот ке бидат добар конкурент за3 или 4 место на Валенсија , Малага , Атлетико Мадрид !
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Абе многу тимови сте ставиле во анкетава, се знае само 2 треба, Реал или Барса :pos:
Подобро да има анкета-- Кој ќе биде 3то место, потешко ќе биде да се типува :)
Јас мислам дека Реал ќе ја одбрани титулата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom