ElNinho брат не се согласувам баш дека е до играчите а не е ич до Мурињо. Мурињо зема 15 милиони евра по сезона, мислам дека е дури и најплатен менаџер на светот. За тие пари тој треба Нобелова награда да освои, не па да има проблеми да држи контрола врз соблекувалната на Реал Мадрид. Како што зборевте ете му ги избркаа Валдано и другите кои му пречеа врз контролата на клубот, демек како Фергусон ќе бил и директор и менаџер ама ете пак сега некој е крив. Треба малку и самиот да си сноси кривица, зошто во моментот кога ќе ја изгубиш контролата врз соблекувалната, изгубено е се. А со оние играчи кои вредат милијарда сите заедно и купот само ќе беше премалце, не па поразов кој е капак.
Двете страни се криви по мое ама мора(ше) и Мурињо да подели некоја воспитна.
Mourinho "This was the worst season of my career, with only just one title. It is not enough to feed me or a club like Real Madrid. It's all my fault."
Нема врска дека не си признава. Не е и он глуп па во моментов да се вади на нешто.
Тоа со Валдано нема врска баш со дисциплината.
Претходните три тима на Мурињо се одликуваа најмногу по едно, а тоа беше баш дисциплината. Знаеме како играа и Челзи и Интер. Секој со своја задача, без намера да го прекорачи тоа што Мурињо им го кажал и тоа ги доведе во успех.
Кај Реал работие се у мајчина. Првата сезона беше така-така но сепак чекор по чекор проба да наметне дисциплина и психичка стабилност. Сепак пукнаа на двобојот со Барса кај што, да не се навраќаме, факт е дека судиите ебаа работа.
Ланската сезона беше перфектна во речиси секој поглед. Многумина замеруваат на отпаѓањето од Баерн, но сите забораваат дека отпаднавме на
пенали. Значи на среќа! Сеа да, ќе се сврти муабет: Еј па со тие играчи можеше да го уништи Баерн. Со кој играчи? Со овие што сеа се влечат по терен?
Дека форсира грубост понекогаш, форсира, не негирам. Ама тоа го прават сите тренери, буквално.
Он и индивидуално сакаше да наметне дисциплина. Го казни Коентрао, после тоа Коентрао се прероди. Го казни Озил лани, после тоа и тој се прероди. Рамос? Исто! И на крај, проба да казни уште еден играч и БАМ!
Знаеме сите што бидна и од тогаш настана каша попара. Ако замине Мурињо сега, ќе замине со наведната глава и ова ќе биде огромен пораз врз неговата кариера. Три сезони во Реал со само две титули. Но и ако замине тој, во Реал пак ќе почне кругот од почеток и пак истото...
--- надополнето: 18 мај 2013 во 00:54 ---
Епа ако Симеоне укапирал, дека играчите на Реал се лесни за провоцирање, тогаш треба да биде глуп тоа да не го искористи.
И не, не приметив некоја стварно премногу груба игра од играчите на Атлетико. Се правеа фаули во рамките на „нормала“. Што Реал да не не правеше фаули? Ете гледам според статистиката Атлетико има направено само 4 фаули повеќе од Реал.
Не знам зошто го спомнуваш Коста, кога јас не приметив ама баш ништо од него денес. Баш сакав на полувреме да пишам, дека за разлика од претходните утакмици денес е дојден фудбал да игра.
Реал утакмицата ја изгуби уште во прво полувреме. Колку шанси имаа после 1:0? Точно, ниедна. Немаше ни Атлетико, ама Реал премногу се повлече после водството. Е после 1:1 им текна, дека овие нема да им завртат газ како и секоја утакмица.
Фер е да се признае и дека среќата беше денес на страната на Атлетико. 3 стативи, животна партија на Куртуа, вадење од линија....
Атлетико едвај 3 шанси имаше цела утакмица.
Абе не викам дека не требало така да игра, целта ги оправдува средствата, но што ако Мурињо така скокаше цело време? Коментарите какви ќе беа? Судиите мораа и него да го санкционираат.
И за Коста ќе ти направам паралела со Пепе. Нели и он ако изиграл една чиста утакмица не значи дека не е стариот? Токму тоа како Коста изигра, говори на што целеше Атлетико денеска.
Реал изгуби заради себе си, ни заради судијата ни заради некој трет. Самите се заебаа што не погодија зиѕери и што пукнаа психички на крајот. Вината е во целиот тим и Мурињо за вечерва, нема дилема. Но и без Мурињо, според мене, ќе се десеше истото на крајот.