Primera División 2012/13

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/2013 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    324
Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Аха добро, не знаев дека тоа му дава право да се дере на секоја одлука на судијата, да смирува топка со рака и да удара некој намерно без топка ;)

На крај оправдано со доби црвен.

Најјак беше Ди Марија на крај, кога бараше пенал :pos::pos:
Види, ако збориме објективно, требаше да добие црвен за потегот, но и Габи мораше да добие жолт затоа што не баш наивно го фаулираше.

Атлетико психички го доби Реал. Овој Симеоне изиграваше Гвардиола, само многу по не манекенски и со многу повеќе скокање. Констатно јадење гомна на судијата.

Сигурен сум дека така и го спремал мечот, да провоцираат. Пукаше првото полувреме од подли потези. Диего Коста, Фелипе, Суарез... Пепе може вода да им носи.

Ова ми личеше на реприза на Реал - Барса, ЛШ пред 2 сезони. И тогаш Барса подло играше, и тогаш добија одлука во нивна корист и тогаш Реал пукна како сега.

Секако не го оправдувам тој психолошки пад, мора еднаш да се научат да играат смирено и така. А дека е до Мурињо, најмалку е до него, до играчите е.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
ElNinho брат не се согласувам баш дека е до играчите а не е ич до Мурињо. Мурињо зема 15 милиони евра по сезона, мислам дека е дури и најплатен менаџер на светот. За тие пари тој треба Нобелова награда да освои, не па да има проблеми да држи контрола врз соблекувалната на Реал Мадрид. Како што зборевте ете му ги избркаа Валдано и другите кои му пречеа врз контролата на клубот, демек како Фергусон ќе бил и директор и менаџер ама ете пак сега некој е крив. Треба малку и самиот да си сноси кривица, зошто во моментот кога ќе ја изгубиш контролата врз соблекувалната, изгубено е се. А со оние играчи кои вредат милијарда сите заедно и купот само ќе беше премалце, не па поразов кој е капак. :) Двете страни се криви по мое ама мора(ше) и Мурињо да подели некоја воспитна.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Честитки за Атлетико Мадрид, срушија една долга традиција, па и со титула одозгора. :)
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Види, ако збориме објективно, требаше да добие црвен за потегот, но и Габи мораше да добие жолт затоа што не баш наивно го фаулираше.

Атлетико психички го доби Реал. Овој Симеоне изиграваше Гвардиола, само многу по не манекенски и со многу повеќе скокање. Констатно јадење гомна на судијата.

Сигурен сум дека така и го спремал мечот, да провоцираат. Пукаше првото полувреме од подли потези. Диего Коста, Фелипе, Суарез... Пепе може вода да им носи.

Ова ми личеше на реприза на Реал - Барса, ЛШ пред 2 сезони. И тогаш Барса подло играше, и тогаш добија одлука во нивна корист и тогаш Реал пукна како сега.

Секако не го оправдувам тој психолошки пад, мора еднаш да се научат да играат смирено и така. А дека е до Мурињо, најмалку е до него, до играчите е.
Епа ако Симеоне укапирал, дека играчите на Реал се лесни за провоцирање, тогаш треба да биде глуп тоа да не го искористи.

И не, не приметив некоја стварно премногу груба игра од играчите на Атлетико. Се правеа фаули во рамките на „нормала“. Што Реал да не не правеше фаули? Ете гледам според статистиката Атлетико има направено само 4 фаули повеќе од Реал.

Не знам зошто го спомнуваш Коста, кога јас не приметив ама баш ништо од него денес. Баш сакав на полувреме да пишам, дека за разлика од претходните утакмици денес е дојден фудбал да игра.

Реал утакмицата ја изгуби уште во прво полувреме. Колку шанси имаа после 1:0? Точно, ниедна. Немаше ни Атлетико, ама Реал премногу се повлече после водството. Е после 1:1 им текна, дека овие нема да им завртат газ како и секоја утакмица.

Фер е да се признае и дека среќата беше денес на страната на Атлетико. 3 стативи, животна партија на Куртуа, вадење од линија....
Атлетико едвај 3 шанси имаше цела утакмица.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
ElNinho брат не се согласувам баш дека е до играчите а не е ич до Мурињо. Мурињо зема 15 милиони евра по сезона, мислам дека е дури и најплатен менаџер на светот. За тие пари тој треба Нобелова награда да освои, не па да има проблеми да држи контрола врз соблекувалната на Реал Мадрид. Како што зборевте ете му ги избркаа Валдано и другите кои му пречеа врз контролата на клубот, демек како Фергусон ќе бил и директор и менаџер ама ете пак сега некој е крив. Треба малку и самиот да си сноси кривица, зошто во моментот кога ќе ја изгубиш контролата врз соблекувалната, изгубено е се. А со оние играчи кои вредат милијарда сите заедно и купот само ќе беше премалце, не па поразов кој е капак. :) Двете страни се криви по мое ама мора(ше) и Мурињо да подели некоја воспитна.
Mourinho "This was the worst season of my career, with only just one title. It is not enough to feed me or a club like Real Madrid. It's all my fault."

Нема врска дека не си признава. Не е и он глуп па во моментов да се вади на нешто.

Тоа со Валдано нема врска баш со дисциплината.

Претходните три тима на Мурињо се одликуваа најмногу по едно, а тоа беше баш дисциплината. Знаеме како играа и Челзи и Интер. Секој со своја задача, без намера да го прекорачи тоа што Мурињо им го кажал и тоа ги доведе во успех.

Кај Реал работие се у мајчина. Првата сезона беше така-така но сепак чекор по чекор проба да наметне дисциплина и психичка стабилност. Сепак пукнаа на двобојот со Барса кај што, да не се навраќаме, факт е дека судиите ебаа работа.

Ланската сезона беше перфектна во речиси секој поглед. Многумина замеруваат на отпаѓањето од Баерн, но сите забораваат дека отпаднавме на пенали. Значи на среќа! Сеа да, ќе се сврти муабет: Еј па со тие играчи можеше да го уништи Баерн. Со кој играчи? Со овие што сеа се влечат по терен?

Дека форсира грубост понекогаш, форсира, не негирам. Ама тоа го прават сите тренери, буквално.

Он и индивидуално сакаше да наметне дисциплина. Го казни Коентрао, после тоа Коентрао се прероди. Го казни Озил лани, после тоа и тој се прероди. Рамос? Исто! И на крај, проба да казни уште еден играч и БАМ!

Знаеме сите што бидна и од тогаш настана каша попара. Ако замине Мурињо сега, ќе замине со наведната глава и ова ќе биде огромен пораз врз неговата кариера. Три сезони во Реал со само две титули. Но и ако замине тој, во Реал пак ќе почне кругот од почеток и пак истото...
--- надополнето: 18 мај 2013 во 00:54 ---
Епа ако Симеоне укапирал, дека играчите на Реал се лесни за провоцирање, тогаш треба да биде глуп тоа да не го искористи.

И не, не приметив некоја стварно премногу груба игра од играчите на Атлетико. Се правеа фаули во рамките на „нормала“. Што Реал да не не правеше фаули? Ете гледам според статистиката Атлетико има направено само 4 фаули повеќе од Реал.

Не знам зошто го спомнуваш Коста, кога јас не приметив ама баш ништо од него денес. Баш сакав на полувреме да пишам, дека за разлика од претходните утакмици денес е дојден фудбал да игра.

Реал утакмицата ја изгуби уште во прво полувреме. Колку шанси имаа после 1:0? Точно, ниедна. Немаше ни Атлетико, ама Реал премногу се повлече после водството. Е после 1:1 им текна, дека овие нема да им завртат газ како и секоја утакмица.

Фер е да се признае и дека среќата беше денес на страната на Атлетико. 3 стативи, животна партија на Куртуа, вадење од линија....
Атлетико едвај 3 шанси имаше цела утакмица.
Абе не викам дека не требало така да игра, целта ги оправдува средствата, но што ако Мурињо така скокаше цело време? Коментарите какви ќе беа? Судиите мораа и него да го санкционираат.

И за Коста ќе ти направам паралела со Пепе. Нели и он ако изиграл една чиста утакмица не значи дека не е стариот? Токму тоа како Коста изигра, говори на што целеше Атлетико денеска.

Реал изгуби заради себе си, ни заради судијата ни заради некој трет. Самите се заебаа што не погодија зиѕери и што пукнаа психички на крајот. Вината е во целиот тим и Мурињо за вечерва, нема дилема. Но и без Мурињо, според мене, ќе се десеше истото на крајот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Mourinho "This was the worst season of my career, with only just one title. It is not enough to feed me or a club like Real Madrid. It's all my fault."

Нема врска дека не си признава. Не е и он глуп па во моментов да се вади на нешто.

Тоа со Валдано нема врска баш со дисциплината.

Претходните три тима на Мурињо се одликуваа најмногу по едно, а тоа беше баш дисциплината. Знаеме како играа и Челзи и Интер. Секој со своја задача, без намера да го прекорачи тоа што Мурињо им го кажал и тоа ги доведе во успех.

Кај Реал работие се у мајчина. Првата сезона беше така-така но сепак чекор по чекор проба да наметне дисциплина и психичка стабилност. Сепак пукнаа на двобојот со Барса кај што, да не се навраќаме, факт е дека судиите ебаа работа.

Ланската сезона беше перфектна во речиси секој поглед. Многумина замеруваат на отпаѓањето од Баерн, но сите забораваат дека отпаднавме на пенали. Значи на среќа! Сеа да, ќе се сврти муабет: Еј па со тие играчи можеше да го уништи Баерн. Со кој играчи? Со овие што сеа се влечат по терен?

Дека форсира грубост понекогаш, форсира, не негирам. Ама тоа го прават сите тренери, буквално.

Он и индивидуално сакаше да наметне дисциплина. Го казни Коентрао, после тоа Коентрао се прероди. Го казни Озил лани, после тоа и тој се прероди. Рамос? Исто! И на крај, проба да казни уште еден играч и БАМ!

Знаеме сите што бидна и од тогаш настана каша попара. Ако замине Мурињо сега, ќе замине со наведната глава и ова ќе биде огромен пораз врз неговата кариера. Три сезони во Реал со само две титули. Но и ако замине тој, во Реал пак ќе почне кругот од почеток и пак истото...
Разбирам, секако си го знаеш клубот повеќе од мене и било кој неутралец :) Но само ќе ти реплицирам за болдов - нормално и очекувано е така да зборат луѓето зошто во тим ги имаш 90 милионски Роналдо, 30 милионски Бензема, Коентрао и Алонсо, 25 милионски Рамос, итн, да не ги набројувам сега. Самата цена на играчите си ги диктира способностите кои треба да се очекуваат од нив, да ја оправдаат цената. :)
 
G

Geezer

Гостин
Ај разбирам хејтерите да серат и да се ситат за Мурињо, ама навивачи на Реал да го плукаат и да викаат дека без него ќе било подобро :facepalm:

Дојде човекот во Реал, точно во моментот кога Барселона беше најјака, ама убедливо најјака. И им зеде титула во Примера, почна да ги победува во меѓусебни дуели, им зеде Куп.

Па секој нареден што ќе дојде, со оваа банда од играчи што ги има Реал, ќе има дупло повеќе проблеми. Не е до него, можеби е во некој сегмент, но во глобала кривицата е на друго место.
Просечни фудбалери, навидум ѕвезди, со ега до таван, преценети и од клубот и од пошироката јавност, кој не му ја мислат многу дали клубот ќе победи или не, си ги чекаат паричките. Реално. Можам на прсти од една рака да набројам играчи што играат со срце во Реал моментално. Не се повеќе од 3-ца сигурно.

Сезонава почна бурно, му се навртеа Касиљас и Рамос, затоа што не можело да се седне на клупа легенда. Едноставно е братко, ако не си во форма, ќе си седнеш на клупа. Ќе влезе некој подобар. Не може и не смее играч да е поголем од клубот.
Па и мочкото Рамос почна да се сили, наместо да поработи на тоа да си го среди темпераментот и да не добива секоја втора утакмица црвен картон и да игра ко заден нуб.
Па притисоци од медиуми, па од Перез, деке нели, Португалец не смее да им се прави главен во Шпанија, во Мадрид и сето тоа си го зеде данокот.

Да скратам. Ќе си го барате назад. Ако мислите дека Анчелоти или Венгер би ве средиле, гадно сте се излажале.
Не може тренерот да е крив за се. Сликата е малку поголема.
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Најпрвин фалави за честитките. И чекај сеа...... дај признајте пораз, сни играле грубо? Тоа ви е изговор?

Rigel Kent Послатка неможи да биди брат:) После 14 години против Реал во финале освојуваш куп на нивни терен! До сега сум дочекал 4 финалиња ама ни во едно не ми било толку тензично! Кога беа стативите, спасување на гол од линија па па па. Второ полувреме си велев ако има продолженија можеби и нема да преживеам, страшно беше, немаше спас ризик јак, и да погинеш колко можеш ќе се спасеш:unsure:!

П.С: Како не му повлезе Коста на сите по една приспивна и Пепе и сите ко него ајт у пи*ку матерну!
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Интересно. Досега Реал и Атлетико одиграле 4 финалиња во Копа дел Реј на Бернабе. Сите 4 ги има добиено Атлетико. Имаат уште едно на Калдерон, кое го има добиено Реал.


И да, заборавив да пишам. Пред некој ден се зборуваше, дека Бењат скоро сигурно потпишува за Билбао (n)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom