Primera División 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011-12 во Примера Дивизион?


  • Вкупно гласачи
    123
  • Гласањето е завршено на .
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Ист,тотално ист е Реал годинава од тој Реал лани.Во играта не велам не,има прогрес.Резултатите се идентични.Ако не се лажам,лани првата полусезона имавте еден пораз од Барса(на гости),нерешено со Леванте(исто на гости) и мислам нерешен резулат со некого(со Алмериа во гости ако не ме лаже меморијава) и пораз од осасуна на гости.Годинава сте слични,само на местото на Алмериа,стави го сантандер.

Значи,во играта има прогрес,тоа не оспорувам али резултатски т.е по освоените бодови сте исти како лани.

Вториот дел од сезоната имавте дома порази од Зарагоса и од Хихон и нерешен со Мајорка.

Сума сумарум:резултатски сте исти,разликата е тоа што играта има мал прогрес.
Нијанси се тоа:)
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
Точно така дека Барса е падната сезонава ама и Реал има напредок, лани не си ги газеше слабиве, туку дозволуваше и киксови, а оваа сезона од Леванте и Сантандер, никој освен Барса не успеа да им земе бод у сите натпреварувања, реално да гледаме.
spored mene samo malku e podobar real od lani,znaci samo malku :)
povike e greskata vo barsa,da igrase barsa kako so trebe ne veruvam deka ke begavte od 2 boda povike :)
no sto e tuka e :D
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Судиите многу пати не оштетиле годинава али пак не ја гледам толку вината во нив колку нашиот тим.
Судиите не се криви баш поради ова:
1)Сосиедат на гости имаме победа во рака т.е 2:0 после првиот дел , примаме дебилни 2 гола-тоа е слабост на тимот,не на судијата.

2)Валенсија гости-Премногу слабо полувреме,можевме комотно да губиме и повеќе од 2:1,на крај имавме дури зицер позиција на Виља која не ја искосристи за победа-повторно слабост на тимот

3)Севиља на домашен-Тотално се затвори,имавме и меч топка т.е пенал во задната минута-Не искористивме-Слабост на тимот.

4)Билбао на гости-Имаме водство ,но 90 мин.Пике прави глупост-Слабост на тимот.

5)Еспањол гости-Тука требаше да имаме пенал,но судијата не се одлучи да ни го даде.Пак нема да кривам,имавме водство и пак опуштање на крајот.-Голема слабост.

6)Виљареал-Катастрофална игра,незаслуживме за 3 бода.Факт!

Колку и да ме нервира фактот што реал е 7 бода предност,но да бидеме реални нити заслуживме за повеќе.Катастрофално играме на гостувањата(се сомневам дека дури и да беа свирени пенали,и да не беа свирени офсајди кога не постојеа ,се сомневам дека ќе победевме оти играме преслабо на гости).

Реал не е ништо посилен од оној Реал минатата сезона но ние паднавме оваа сезона и затоа имаме таков заостаток од -7.

Сума сумарум: Судиите се најмалку криви за овие минус 7,сами сме криви.
Алелуја! Имало на форумов РЕАЛни членови, што не навиваат за Реал :)
Се шалим, ама колку што мие бевмо оштетуени минатите години, толку и Барса е годинава. Така да, коментари од типот како на претходните страни, ми се смешни.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Реал не е ништо посилен од оној Реал минатата сезона но ние паднавме оваа сезона и затоа имаме таков заостаток од -7.

Сума сумарум: Судиите се најмалку криви за овие минус 7,сами сме криви.
Брат, ова ти се вика прогресија и регресија....никој и ништо....ама баш никој и ништо не може вечно да биде на врв...како што не може кока-кола да биде најпродаван пијалок цело време, како што не може дел да бидат најпродавани компјутери, како што не може ајфон да биде најродаван мобилен, така не може ни Барса како клуб да биде на самиот врв на европскиот а со тоа и светскиот фудбал долго време. Некогаш, кога-тогаш тој што е на врв ќе падне...затоа што нема каде да иде,нели....а со тоа автоматски да биде поминат од некој друг...итн итн итн...!!

Ова дека сте си сами криви, јас не мислам дека сте криви, напротив...дали ти мислиш дека е иста желбата за освојување на трофеј пред 3-4 години, кога ви дојде Пеп и сега, одкако станавте број 1 како колектив....дали мислиш дека исто гледаат на сите утакмици, дали мислиш дека со исти мотив влагаат....јас мислам дека не. Јас мислам дека се многу полабави и помалку се трудат, барем од тоа што го имам гледано, кое реално не е нешто значително....така да, може и грешам!! Како и да е, не се криви поради слаби игри, невоиграност и слично...туку само мотивот им е опаднат, според мене се разбира!!
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
spored mene samo malku e podobar real od lani,znaci samo malku :)
povike e greskata vo barsa,da igrase barsa kako so trebe ne veruvam deka ke begavte od 2 boda povike :)
no sto e tuka e :D
Епа неможе никој цел живот да владее, нели??:) Таков е фудбалот!!! Сега можеби Реал ќе освои 1, 2, 3 титули, па можеби се појави некој ко Сосиедад или таков тим, па дојде Барса итн итн:)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Брат, ова ти се вика прогресија и регресија....никој и ништо....ама баш никој и ништо не може вечно да биде на врв...како што не може кока-кола да биде најпродаван пијалок цело време, како што не може дел да бидат најпродавани компјутери, како што не може ајфон да биде најродаван мобилен, така не може ни Барса како клуб да биде на самиот врв на европскиот а со тоа и светскиот фудбал долго време. Некогаш, кога-тогаш тој што е на врв ќе падне...затоа што нема каде да иде,нели....а со тоа автоматски да биде поминат од некој друг...итн итн итн...!!

Ова дека сте си сами криви, јас не мислам дека сте криви, напротив...дали ти мислиш дека е иста желбата за освојување на трофеј пред 3-4 години, кога ви дојде Пеп и сега, одкако станавте број 1 како колектив....дали мислиш дека исто гледаат на сите утакмици, дали мислиш дека со исти мотив влагаат....јас мислам дека не. Јас мислам дека се многу полабави и помалку се трудат, барем од тоа што го имам гледано, кое реално не е нешто значително....така да, може и грешам!! Како и да е, не се криви поради слаби игри, невоиграност и слично...туку само мотивот им е опаднат, според мене се разбира!!
Па ние сами прво вината ја бараме кај играчите на Барса, но и тоа од судиите беше претерано.

Јасно е дека мотивацијата е опадната и многу е потешко да се мотивираат тие кои освоија се и сешто. Барселона не изгубил на квалитет тоа е јасно, само треба повеќе залагање, од друга страна нормално дека Реал ќе бидат помотивирани бидејќи веќе 3 години се позади своите најголеми ривали, кај нив желбата за победа е многу поголема.

И покрај изјавите дека Барса нема да се предаде и ќе се бори до крај, јас мислам дека полека се затвара прашањето за Ла Лига, освен ако Реал не киксне во брзо време т.е наредните 3-4 кола а Барса да тепа се! Норамлно дека Барселона ќе се бори до крај ама сепак најголемите сили ќе се пренасочат кон ЛШ!
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Брат, ова ти се вика прогресија и регресија....никој и ништо....ама баш никој и ништо не може вечно да биде на врв...како што не може кока-кола да биде најпродаван пијалок цело време, како што не може дел да бидат најпродавани компјутери, како што не може ајфон да биде најродаван мобилен, така не може ни Барса како клуб да биде на самиот врв на европскиот а со тоа и светскиот фудбал долго време. Некогаш, кога-тогаш тој што е на врв ќе падне...затоа што нема каде да иде,нели....а со тоа автоматски да биде поминат од некој друг...итн итн итн...!!

Ова дека сте си сами криви, јас не мислам дека сте криви, напротив...дали ти мислиш дека е иста желбата за освојување на трофеј пред 3-4 години, кога ви дојде Пеп и сега, одкако станавте број 1 како колектив....дали мислиш дека исто гледаат на сите утакмици, дали мислиш дека со исти мотив влагаат....јас мислам дека не. Јас мислам дека се многу полабави и помалку се трудат, барем од тоа што го имам гледано, кое реално не е нешто значително....така да, може и грешам!! Како и да е, не се криви поради слаби игри, невоиграност и слично...туку само мотивот им е опаднат, според мене се разбира!!
Се сложвам.огромен удел има моралот али според мене многу фактори се во игра(не е само моралот).
Играта на Барселона е иста(цело време),и Пеп сваќа дека исти стил на игра нема шанси вечно да пали,бидејќи еден ден ќе се најде лек за таа формација и за тој стил на игра.Тоа Пеп го увиде,затоа се труди да смени и да ја еволуира формацијата од 4-3-3,во 3-4-3 т.е нападот и одбраната и натака да останат енигма,опциите да се поголеми и со тоа да се продолжи со победувањето.
Проблемот е што оваа 3-4-3 формација овозможува подобра стабилност во средината али огромна ранливост во одбраната(пред се по крилата) и баш поради оваа формација имавме многу загубени бодови на гостувањата како на пример:Валенсија и Билбао...

Други проблем се другите тимови,еве,чист пример ти е последнаиот натрпревар против Виљареал(Барселона беше немоќна,ја немашее онаа течна игра ,оној пасинг и слично знаеш зошто?Бидејќи тимовите еволуираат и наоѓаат против игра).Виљареал предходниот пат,играше агресивно ,полунапаѓачки со екстра сгусната средина(поготово на позицијата кај што игра Чави,бидејќи тој е архитектот на играта на Барселона),Иниеста го немаше,Меси дури во еден момент се префрли на десната страна но често беше дуплиран и тактички фаулиран....Значи Виљареал ја најде таа против игра и ја спореведе во практикум.Исто беше и со Реал кога се играше на камп ноу,со валенсија на гостувањето ....

Тука е проблемот друже , не е толку моралот низок но играта против Барселона се смени,затоа се немоќни.

Чекам на одговор од Пеп(во врска со играта).Баш ме интересира како ќе се постават вечерва на Местаља....
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
@BREAKER777777 Да не те цитирам, да се губи простор за џабе, тука само ќе ти пишам....тоа ми е целата поента, само забораив да спомнам, значи ја имаат најтечната игра која е тешко да се прочита....ама не може вечно да се игра така, мора да се менува, веќе некои екипи...ете ти како фан подобро знаеш кои, ја најдоа против играта, убаво си наведе горе...Пеп е и повеќе од интелегентен човек пред се и убеден сум дека ќе најде нешто, нешто ново, дали во брзо време, дали како менаџер на Барса, не знам.....убеден сум само дека и покрај тоа што ја прикажа најдобрата игра на еден тим во наше да кажам време и покрај тоа што е млад, го нема кажано последниот збор што би се рекло :)
 
Член од
25 ноември 2008
Мислења
1.026
Поени од реакции
682
Срамота, на 1 метро беше помошниот судија.Мораше да има црвен картон
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Само ве скролам...како не ви досади веќе не сте ми јасни...
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Почна групалното :drk: за тоа што Меси одиграл еден слаб натпревар. Е браво бе...:facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom