Прилеп и Мариово

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки,ме интересира како се стигнува до манастирот Трескавец, слушнав дека само со џип или пешки е можно,точно е ова?
Се оди пешки, но малку е напорна петеката.
 
Да не знајте некој фотокопир низ градов шо работи во Недела?
 
Вчера имаше БоП МарлИ деј во паркон кај ченто за прв пат.
 
И ораторска вечер. Дури нема хепенинзи, нема. :icon_lol:
И чупиња со сукни до под п...чка. Дури студи студи ама ко че затопли :icon_lol:
Страшно е она.......страв ме фајча у пм. 14 години=24
 
181268_526923274032914_530886123_n.jpg
 
шо е финтава со калипсо шо насекое има големо отварање ???
ќе сменат нова чешма и одма grand opening
 
Прилеп е центар на светот и пошироката околина
--- надополнето: 27 мај 2013 во 01:27 ---
Прашање за битолчани
Зошто во Битола се градат високи згради?
 
Кај е градскио превоз од Марјан шо се најавуваше пред избори?
 
Да не знајте некој фотокопир низ градов шо работи во Недела?

Јас знам ама не знам како да ти објаснам....Иам копирано во кризни моменти ....
То е кујча и во кујчава си има фотокопирница , и ти му звониш и тие че ти отвора...Ако имаш срејча младите да ти отвора тогаш убај че ти бида ископирани , ако ти отвори старио ,(обично обожава да јади лук и појма неам дали уште е жив) мене ми ги захефта однопаку.
Од кај пазаро од кај реката го преминуваш мосто и се движиш накај тие бараките накај црквата од позади таја улица шо те води на таја улица право кај стадионо...И има таму една фотокопирница пишува а пишува и дека се продава и мед...и има звонче , звони пишува на него ...Ако не можиш ептен да се снајдиш прашај некој ама негде баш ти иди кај влезо за црквата (заднио за во галеријата на икони шо е).И запомни , ептен ко че ти е хитно да копираш таму.
--- надополнето: 6 јуни 2013 во 19:59 ---
Дечки,ме интересира како се стигнува до манастирот Трескавец, слушнав дека само со џип или пешки е можно,точно е ова?

Досега не си појдена сега ти текна да појш од ко се запали , можно е да појдиш со возило од селото Дабница ( од кај вештачкото езеро), ама и то до некаде , а ако идиш од другава страна , преку Маркукуле , рачунај го имаш за качување малце Маркукуле и уште две планинчина( сето угорница) , орентирај се спрема Златоврв , Трескавец ти е на планината одма пред него ,натаму треба да одиш , и имаше три чешми по пато и една висока карпа со јаже да се држиш и да се искачуваш по незе , јас таму тренерките си ги скинаф оти сакаф курназ да се прам и се пуштаф ко низ лизгајца......Ако одиш брзо минимум два сати че одиш пеш зависи колку се уморуваш по угорница а мене ме има и четири сати фатено она кроце .....Ако одиш пеш преку Маркукуле резервирај си пет сати за пешачење ....И тргни си посабајле , не си свесна како печи сонцето после 10.И ако појдиш кажи ми шо се случува таму , дали можи да се седи некаде на манастиро или да не одам скроз до таму , ако планирам да одам , туку да седниме на тие клупите таму шо се потсенка на еден километар или два од манастиро една неделна пијанка да напрајме. Сега само Селце ни остана за одење со спијање така шо ни е поблиску :(.
 
шо е финтава со калипсо шо насекое има големо отварање ???
ќе сменат нова чешма и одма grand opening

Го подзатвори УЈП малку затоа :icon_lol:.
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 11:15 ---
Адидас на болдер во Прилеп
Германците знаат што е добро. Прилепскиот локалитет Камена Баба во последните години привлекува сè повеќе болдер ентузијасти, и со тоа станува лидер овој тип на спортски туризам во нашава земја. Еве, и Адидас си стокмиле едно фино мало филмче за прилепските карпи со вулканско потекло и болдерот кој може да се крпи на нив.

Превод нема ни за лек, па кој знае Германски ќе разбере, кој не знае нека повика пријател.


http://karas4training.com/mk/news/adidas-na-bolder-vo-prilep
 
Датум: 12.06.2013, 16:00
Фестивал „ВоЈдан Чернодрински“, Прилеп
Дождот си врне, публиката ги полни салите
Стоечки овации ги поздравија актерите од Македонскиот народен театар синоќа по изведбата на „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски. Потскратената претстава на националниот театар, една од најгледаните сезонава, го задржа вниманието на публиката во Центарот за култура „Марко Цепенков“ каде што се одржува фестивалот „Војдан Чернодрински“, кои останаа во гледалиштето половина час по полноќ. Најмногу насмевки им изнуди актерот Оливер Митковски, кој во претставата зборува токму прилепски.

Дождливиот јуни не ги премисли прилепчани да бидат публика. Речиси секоја претстава е полна. Со аплаузи ги поздравија и актерите од Штипскиот театар, кои ја изведоа „Парови“ од Миро Гарван, во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Претставата низ призмата на денешницата со многу нејзини мани беше блиска до публиката и еден вид коментар на опијанетоста од телевизијата, ТВ-сериите, и недостигот на толеранција на луѓето помеѓу себе.

Поучени од традицијата на популарноста на студентските претстави што гостуваат на фестивалот, организаторот годинава одлучил да покани четири претстави од два факултета – од ЕСРА и од ФДУ. Термините од полноќ во театарот „Војдан Чернодрински“ не се никаква пречка за помладата публика да бара место повеќе. Дури се ставаат и плус столчиња, се седи и на скали, ни вели Стојан Дамчески, кој е од организацијата на фестивалот.

Така беше и за настапот на студентите од четврта година кај Роберт Вељановски на ЕСРА. Дамчески истакнува дека токму придружната програма годинава е привлечна.

- Околу 700 деца ја проследија претставата „Пипи Долгиот Чорап“, тоа беше празник за градот. Студентските претстави се преполни. Центарот за култура е отворен до 6 часот наутро, луѓето се дружат. Најважно е дека публика има и таа е задоволна - рече Дамчески.

Стотина посетители ја погледнаа и претставата „Посланија“ во режија на Тихомир Стојановски, на театарот „Скрб и утеха“, што се одржа кај манастирот „Св. Никола“ во Варош. Најслабо посетена претстава досега била таа на Тетовскиот театар, „Гнида“, на Сулејман Рушити. За неа немало превод.

С` повеќе владее мислењето помеѓу гостите на фестивалот дека треба да се вратат дискусиите по претставите и дека тоа е здраво за театарот. Мора повеќе да се разговара за театарот, сметаат театарџиите, кои со години го следат фестивалот.

Гостин на фестивалот е и Јордан Плевнеш, со чија драма „Архелаос или Еврипид се враќа дома“ беше отворен фестивалот. Тој учествуваше и на трибината посветена на Љубиша Георгиевски.

На последниот ден кога може да се видат претстави од официјалната програма, вечерва во 19.30 часот ќе гостуваат актерите од Албанскиот театар со претставата „Прст“. Ќе се игра со превод. Последна претстава од официјалната програма ќе биде „Ноќите во бел сатен“ на Прилепскиот театар. Студентите од ЕСРА уште еднаш ќе имаат можност да покажат што знаат на полноќ во Центарот, со дипломската претстава. Членови на жирито се: Јани Бојаџи, режисер, Васе Манчев, писател и Мустафа Јашар, актер. (С.Ѓ.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=89B5525038428E4B8B72336FAC79195D
 
Прилепчани лошо беше денес, а ?
Гледам слики, многу незгодно време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom