Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.634
- Поени од реакции
- 31.845
Локална самоуправа имаш слушано предмет? Вие уште живеете во времето на Тито каде се граделе фабриките мајката . Сега такво нешто се нарекува инвестиции. Се прават напори да се носат, но не идат. Со сила можиш да ги грабниш? Секој инвеститор си сака убава почва, на сигурна земја, обезбедена со стабилна политика/економија. Никој не е будала да фрли пари во бунар без дно. Е сега локалната можи да се финансира ако сака да превзема капитални инвестиции, но кој будала е толку маж да си ја закопа глата в дупка, кога капитални и на централно ниво ние немаме, не па на локално. Што се однесува до инфраструктура, тука е најлесно за напредок. Каков таков и ние можеме да се пофалиме со истиот, целосна промена има на многу работи. Нема основа да споредуваме Прилеп пред 10 години и Прилеп сега. Дали асвалтот бил 1 сантим или 5 како што ги лажат по комитети јас нема да се мешам, нека помини време, нека распука, нека сиби мамата, па и јас да плукам ако е така.Ај да си правиме муабет искрено и без нервози... непристрасно гледано, што е СУПЕР во Прилеп?! Освен можда филингот дека е роден град па најубаво си се чувствуваш меѓу своите. Реално гледано, градот е тиња... тоне во мизерија се’ повеќе и нема со генерации да исплива од мизеријата, бидејќи се’ што е попаметно и поамбициозно е избегано надвор или се труди на секој начин да избега од градот. Остануваат тие што се просечни и потпросечни (’рзаците) или пак тие што немаат амбиција и се плашат да се одвојат од средината, се плашат од пријателите да се одвојат, од мама и тато... Ама ако (ко во песнана ) треба и такви да има, иначе човек не ќе остани во градот.
Ако зборуваме искрено, квалитетот на живот во Прилеп е мизерен.
Ако така настапуваш, секој град е тиња (освен моментално 2 на памет ми идат), креатори на мизеријата сме и самите ние. Надвор не ти бегаат само од Прилеп, надвор ти бегаат од секаде, и Скопјани ти бегаат надвор. Секој со визијата и замисленото. И рзаци надвор бегаат чунки овде животот бил досаден, надвор е забавата па ајде успат дури учиме, че се журкаме и таму некаде вкопани. Со реченицата остануваат тие што се просечни и потпросечни навредуваш голема маса на луѓе, свесен си ?
Амбиција не значи бегање, секој со судбината и замислата. Пример јас планирам да станам судија или доктор во Македонија, немам амбиција? Е сега колку че успеам и колку истото че ми се исплати, јас да си осетам на моја кожа па да си кажам шо како. Секој човек е приказна за себе. Транзицијата сите не јади, не само нас Прилепчани. Македонија е зацапана и че остани како таква долг период. Скопје лека поплека се преплавува, затуцува, крцнува. Пелагонија че биди центарот за некои си двоцифрен број години. (запамтете го овој муабет, ако сме здрави и живи секако).