Значи напротив, јас знам дека нема да завршам во рајот

Ај вака да се вратиме малце назад, зошто очигледно не се разбираме...
Зошто О зошто,
прво девојката: изгубила невиност со некој со кој не е во врска
второ дечкото: ебал невина, а не сакал да се приврзува на почеток
Тука им е стартот на сите нивни проблеми. И да, го имам сето право некој да наречам мочко или идиот, ако очекува дека девојката нема да се заљуби во него, а он и е прв. Она ако сакала можела да каже дека ич к не ја боли, сака само да ја скинат, ама не можеш да поверуваш на тие зборови. Си се чувал само за да ти пукне филмот еден ден и да кажеш „Ај од денес ќе се ебам“. И да ќе се изебеш со првиот што ќе ти се најде. Ма дај молим те, она ако се ебела со првиот што ќе и се најде на пат, немала да биде невина до 25.
Фак бадис можеш да бидеш само со тип/типка кои веќе не се невини. Сексуално невин човек се приврзува за првиот со кој ќе биде интимен. Верувај, знам.
Некогаш е доволно да се запознаеш со некоја и да знаеш дека сакаш да бидеш со неа. Не ти треба да размислуваш што како каде па дали ќе ми врши притисок, па не сакам да ми праќа нон стоп пораки, па да ме бара па да ми се јавува. Марш дркачи едни. Или ќе одиш до крај и ќе останеш маж, или ќе се откажеш уште на почетокот и ќе избегаш како пичка. Преку глава ми е од приказни за девојки кои не знаат на што се со нивните „дечковци“. Не се муваат само, ама не се ни во врска. Се' прават како да се во врска, ама сепак не се. Да ти се плукнам во логиката...
Што кој кур, откако ја изебал првиот пат, и сфатил дека ја зборувала вистината дека е невина, што тогаш не си ја превземал одговорноста и не и понудил врска? Што испаничил, и само прашувал „Зошто баш со мене, зошто баш со мене“? Што треба да очекува од ваков маж во иднина? Дека ако ја остави бремена, ќе паничи и ќе ја тера да абртира???

Се изнервирав...
И Мајмун немој до толку да ме разбираш, може ќе ти ги отворам очите со моите постови па и девојка ќе си фатиш, што ќе правиш тогаш ...Страшно.