Секоја монета има два лика, така и оваа.
Позитивната фукнција на религијата е интегративната и кохезиската. На поединецот му е потребна таа картонска кутија во која религијата го става со голем број на други луѓе, затоа што нему му е срам да биде сам.
Исто така, сметам дека особено влијание има во создавањето на правилен идеал (Бог-чист, монален, надвишен), кон чие достигнување ги насочуваме сопствените карактеристики и постапки. Стегата во врска со моралот (10 Божји заповеди, конкретно во мојата религија), се коси со ефикасноста на религијата. Толку свирепи убиства, гревови, едноставно покажуваат дека човекот е помоќен од религијата во негативните постапки. Во главно, позитивно е од неа, што не` носи во здружување кое може да ни послужи во останатите социјални сфери.
Негативни се сите фаталистички мисли, движења кои носат животи со себе претежно актуелни кај сектите. Негативна последица од религијата се верските објекти. Религијата постои според мене, само ако е во внатрешноста на луѓето. Не се потребни дополнително и шишиња зејтин, за да имаат поповите со што да прават салата( ко што би рекол еден член од форумов).