Превид со „Факултет во секој град“

  • Креатор на темата Креатор на темата Стрелец
  • Време на започнување Време на започнување

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Веб-сајт
www.tj-hosting.com
Превид со „Факултет во секој град“

Каква ли уште катастрофа треба да им се случи на државните универзитети за конечно Владата да сфати дека пред да преземе некој конкретен чекор треба убаво да размисли. Ај што државните беа дотепани од приватните универзитети, кои со примамливи понуди ги привлекуваат идните студенти да се запишат кај нив, туку сега ги порази и фактот што само по еден или двајца кандидати се запишаа на новите високообразовни институции кои беа проект на Владата. Од ваквите очајни бројки не би требало да се срамат само факултетите туку и министрите кои направиле превид околу целата работа.

Запишани студенти во првиот уписен рок:

Технолошко-технички факултет во Велес: 1 запишан (од 180 слободни места)
Дисперзираните студии за технички науки во Кичево: 0 запишани
Технолошко-технички факултет во Штип: 2 запишани
Електротехнички факултет во Штип: 3 запишани

Се покажа дека отворањето на новите факултети можеби и не е најдобра варијанта за поени на Владата пред локалните избори. На професорите од новите факултети им се плаче, бидејќи сега се ни таму ни ваму.

Наместо Владата да се расфрла со пари за кампањи, можеби ќе беше подобро да ги пренамени за финансиски да ги стимулира идните студенти и да им ги намали трошоците за студирање на постојните државни универзитети, на кои и досега се запишуваа студенти од помалите места.
 
Не се криви тие што отвараат факултети, бидејќи тоа им е должност да го прават.

Пред се да се намали концентрацијата во Скопје, каде преполнетите капацитети на државните факултети воопшто не овозможуваат висока едукација, плус чинат многу повеќе трошоци за секој студент надвор од Ск.

Неможе цела Македонија во Скопје да живее а останатите градови да се запустуваат и да празнат.

Требаше само повеќе промовирање на новите факултети, поповолни услови за студирање и стипендирање со цел привлекување на студенти.
На начин како што го прават приватните.


Да се намалат квотите на Скопските универзитети и да се распореди добар кадар.


Кој ги дотепал Државните факултети..ако не самите професори, кои присилуваат студенти да се отпишуваат или премислуваат од студирање на државен фак. само со цел да и префрлат на некој од приватните унив. каде што ПОВТОРНО ИСТИТЕ професори предаваат или имаат удел во сопственоста, меѓутоа делот што го добиваат од секој запишан студент е далеку поголем.
 
Превид со „Факултет во секој град“

Каква ли уште катастрофа треба да им се случи на државните универзитети за конечно Владата да сфати дека пред да преземе некој конкретен чекор треба убаво да размисли. Ај што државните беа дотепани од приватните универзитети, кои со примамливи понуди ги привлекуваат идните студенти да се запишат кај нив, туку сега ги порази и фактот што само по еден или двајца кандидати се запишаа на новите високообразовни институции кои беа проект на Владата. Од ваквите очајни бројки не би требало да се срамат само факултетите туку и министрите кои направиле превид околу целата работа.

Запишани студенти во првиот уписен рок:

Технолошко-технички факултет во Велес: 1 запишан (од 180 слободни места)
Дисперзираните студии за технички науки во Кичево: 0 запишани
Технолошко-технички факултет во Штип: 2 запишани
Електротехнички факултет во Штип: 3 запишани

Се покажа дека отворањето на новите факултети можеби и не е најдобра варијанта за поени на Владата пред локалните избори. На професорите од новите факултети им се плаче, бидејќи сега се ни таму ни ваму.

Наместо Владата да се расфрла со пари за кампањи, можеби ќе беше подобро да ги пренамени за финансиски да ги стимулира идните студенти и да им ги намали трошоците за студирање на постојните државни универзитети, на кои и досега се запишуваа студенти од помалите места.

И во Скопје на технолошко-металуршки факултет се запишуваат помалку од предвидените студенти па тоа значи дека треба да се укине факултетот?
 
Запишани студенти во првиот уписен рок:

Технолошко-технички факултет во Велес: 1 запишан (од 180 слободни места)
Дисперзираните студии за технички науки во Кичево: 0 запишани
Технолошко-технички факултет во Штип: 2 запишани
Електротехнички факултет во Штип: 3 запишани

Не сум запознаен кој факултети се отворани по другите градови, но ако има резултати од општествените науки ред е и тие да бидат приложени.

Познато е дека техничките науки во последно време се неатрактивни, и затоа не ме чуди ова.

За неактрактивноста не е потребна елаборација...тоа е последица на уништеното македонско стопанство во транзицијата.


додаток...тој во Штип не е од вчера.
 
Клуча е ком добра материална база и квалитет на образование.
 
Пред се да се намали концентрацијата во Скопје, каде преполнетите капацитети на државните факултети воопшто не овозможуваат висока едукација, плус чинат многу повеќе трошоци за секој студент надвор од Ск.


И во Скопје на технолошко-металуршки факултет се запишуваат помалку од предвидените студенти па тоа значи дека треба да се укине факултетот?

Контрадикторност. Кој е во право од вас двајца? :tv:
 
Katastrofa....koj sakas da se zapisi kicevo...koga i tie od kicevo gledaat da izbegaat nekade a ne da ostanat tamu....
 
Знае ли некој нешто повеќе за Рускиот колеџ во Битола?Знам дека имаше и во Свети Николе,ама овој во Битола добива на популарност.Годинава многу матуранти размислуваа да се упатат натаму и како што подслушнав веќе имало пополнети места на овој приватен колеџ.Ме интересира дали дипломите се признати,ако СЕ каде точно се признати,какви смерови се понудени,колкава е годишната партиципација итн.Едноставно,која е причината што толку многу се крева фама околу овој колеџ?
 
Владата своето го работи многу добро.. еве да речеме јас немам средства да одам во скопје на факултет но кога би имало квалитетен факултет гостивар , кичево или тетово ( речица не би да ја коментирам на темава) подобро ќе ми е да одам таму каде што ми е поблиску..

и треба едноставно да се направат привлечни тие факултети: дали со стипендии, намалена партиципација, или загарантирано вработување на одреден париод пош се има потреба од таков кадар но сепак повеќето решаваатд а се запишат на правен, економски .. итн...
инаку за приватните нудат подобри услови затоа што : пари на рака, мара за рака.. а на државните кој најде те ебе...
јас лично се запишав во скопје затоа што сметав дека правниот тука е меѓу подобрите.. да имаше асол правен на друго место поблиску до гостивар ќе се запишев таму ( тетовскиот реков дека нема да го коментирам, а ниту пак штул). сакав да одам на штипскиот но ми беше премногу далеку
 
Знае ли некој нешто повеќе за Рускиот колеџ во Битола?Знам дека имаше и во Свети Николе,ама овој во Битола добива на популарност.Годинава многу матуранти размислуваа да се упатат натаму и како што подслушнав веќе имало пополнети места на овој приватен колеџ.Ме интересира дали дипломите се признати,ако СЕ каде точно се признати,какви смерови се понудени,колкава е годишната партиципација итн.Едноставно,која е причината што толку многу се крева фама околу овој колеџ?

Имаш ваква тема, со линк до колеџот и све пишува таму. Побарај ја во Образование... :smir:
 
...
инаку за приватните нудат подобри услови затоа што :
Приватните универзитети кај нас се уште немаат техничко-технолошки факултети (технолошки, рударски, металургиски, машински....) а да имаат и таму ќе биде истата слика со кандидатите.
 
И во Скопје на технолошко-металуршки факултет се запишуваат помалку од предвидените студенти па тоа значи дека треба да се укине факултетот?
Во право си, не значи... Ама не значи и дека треба да се отвораат нови!

додаток...тој во Штип не е од вчера.
ОК, јас не бев доволно прецизен... Се работи за новоотворените Дисперзираните студии во Пробиштип, што е всушност дел од Технолошко-техничкиот факултет во Штип!
 
Во Струмица има оваа година дисперзирани студии од Штипскиот универзитет.
100 места Економски факултет се пријавија 120 студенти
100 информатика се пријавија 70 во вториот уписен рок се ке се пополни

Инаку немаше никакво обавестување за средношколците еднаш излезе во весник и тоа беше.Ако имаше добра реклама ќе имаше 5 пати повеќе пријавени.
 
Во основа мислам дека до некаде и претераа од Владата со замислата во секој град да има факултети, сепак потребни се кадри, средства и останато. Добро е да има повеќе опции, ама буквално секаде е мислам преамбициозно. Како и да е не е во нив само проблемот, туку и во идните студенти, кои очигледно сакаат да дојдат во Скопје по секоја цена. Не е само заради факсот, туку и сметаат дека може да најдат друга работа во меѓувреме, како и поинтересен живот најверојатно. Сепак треба да сфатат дека не може во Скопје да студираат сите, а другите градови да остатан празни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom