Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Превид со „Факултет во секој град“
Каква ли уште катастрофа треба да им се случи на државните универзитети за конечно Владата да сфати дека пред да преземе некој конкретен чекор треба убаво да размисли. Ај што државните беа дотепани од приватните универзитети, кои со примамливи понуди ги привлекуваат идните студенти да се запишат кај нив, туку сега ги порази и фактот што само по еден или двајца кандидати се запишаа на новите високообразовни институции кои беа проект на Владата. Од ваквите очајни бројки не би требало да се срамат само факултетите туку и министрите кои направиле превид околу целата работа.
Запишани студенти во првиот уписен рок:
Технолошко-технички факултет во Велес: 1 запишан (од 180 слободни места)
Дисперзираните студии за технички науки во Кичево: 0 запишани
Технолошко-технички факултет во Штип: 2 запишани
Електротехнички факултет во Штип: 3 запишани
Се покажа дека отворањето на новите факултети можеби и не е најдобра варијанта за поени на Владата пред локалните избори. На професорите од новите факултети им се плаче, бидејќи сега се ни таму ни ваму.
Наместо Владата да се расфрла со пари за кампањи, можеби ќе беше подобро да ги пренамени за финансиски да ги стимулира идните студенти и да им ги намали трошоците за студирање на постојните државни универзитети, на кои и досега се запишуваа студенти од помалите места.