- Член од
- 29 ноември 2007
- Мислења
- 7.099
- Поени од реакции
- 1.887
- Возраст
- 39
На саемот за автомобили во Детроит, премиера доживеа и долго најавуваното Golf Coupe, кое е се уште во концептна форма.
Сепак, дизајнот најавува дека истиот брзо ќе влезе во серија. Го карактеризираат пред се класични купе линии, со заден дел сличен на оној од Audi A5 Sportback и преден дел преземен од Golf. Во внатрешноста се забележуваат измени во однос на Golf, пред се во средната конзола која е изведена во ретро стил како кај Golf 1 и 2.
Погонот на концептот NCC (New Compact Coupe) е хибриден, со 1,4 литарски TSI бензинец со 150 КС и електричен мотор од 27 КС. Силата од двата мотори, ќе се пренесува преку седум степен автоматски менувач со две спојки. Забрзувањето до стотка ќе изнесува 8,6 секунди, додека максималната брзина е 227 km/h – одличен резултат ако на тоа се додаде и просечната потрошувачка од 4,2 литри на 100 km.
По надворешните димензии, Golf Coupe е многу близок до Passat – должината изнесува 4,54 метри, додека ширината 1,78 метри. Според тоа, истиот нема да биде конкурент на Scirocco, туку ќе биде купе опција за оние кои нема да можат да си дозволат Passat CC.
Продажбата на овој интересен концепт би требала да почне наредната година, најпрво на американскиот пазар, а доколку има интерес можна е и продажба на европскиот.

Извор: Koli.com.mk