Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    778
Dobro de lugje sto se palite, diskutirame ebago.. Pa stvarno ima smisla toa sto go kazuva, ti ako napagjas i gi eliminiras site vo nekoj bunker, normalno deka tie zrtvi gi predavas na drugata zavojuvana strana, a tie lugje sto si gi izgubil nikoj ne ti gi predava, sam si gi pogrebuvas..

samo sto denes nikoj ne jurisa na bunker nego upotrebuva dron ili artilerija i ima 0 svoj zrtvi, imame miljon videa od toa.
 
Dobro de lugje sto se palite, diskutirame ebago..
Па дискутирај ебаго. Кажи дали ова во Украина е брза војна со молскавични маневри?
Никогаш Украинците не можат да ги си соберат мртвите?
И како тоа се губат/губат територија Украинците? Па нели победуваа уствари? :D

После сиве овие години ќе си каже човек научивте како функционира западната пропаганда, со тие демек суптилни релативизирања а уствари очигледни ако мислиш со своја глава. Ако не мислиш со главата, тогаш ќе ја голташ приказната „Русите губат“ а ова што Украинците имаат 10:1 жртви, тоа било затоа што Украинците „губат територија“ Ама пази, Русите сеуште губат! Итн, итн... :LOL:

Епа ете ти аргументи сладоледџија, без палење, па ти дискутирај.
 
Кога станува збор за кој изгуби повеќе војници, има 2 светски војни од податоци што ќе ви кажат дека страната со поголема артилериска супериорност наносува многу повеќе жртви.
 
Остај статистика, остај искуства, ма остај и логика... Едноставно западните и Украинците победуваат, а тоа што имаат толку повеќе жртви? Па тоа е затоа што Русите уствари губат.
 
Кога станува збор за кој изгуби повеќе војници, има 2 светски војни од податоци што ќе ви кажат дека страната со поголема артилериска супериорност наносува многу повеќе жртви.
Русите имаат далеку поголема артилериска надмоќ во ВСВ, сепак имаат тројно повеќе жртви од Германците.
 
Вака како што е сега, никој не е победник.
Ако се преговара, и што ќе се преговара, може да се утврди кој добива повеќе, ама апсолутен победник нема да има.
Ќе има само апсолутен губитник. А тоа е Украина.
 
Оваа војна не е WW2, украинците се буквално партал правени од артилеријата на русите. Само што ќе пратат некоја екипа на некоја позиција, одма е гаѓана од све и свашта. Украина нема артилерија моментално, затоа не може да нанесе жртви на русите и не може да се одбрани. Единствена пречка се дрончињана од брз напредок на русите.
 
Вака како што е сега, никој не е победник.
Ако се преговара, и што ќе се преговара, може да се утврди кој добива повеќе, ама апсолутен победник нема да има.
Ќе има само апсолутен губитник. А тоа е Украина.
Големо прашање е, ако се преговара тогаш кој и со што ќе ги натера Русите да прекинат војна која ја добиваат и истовремено да се откажат од причините заради кои ја почнаа војната.
 
Русите имаат далеку поголема артилериска надмоќ во ВСВ, сепак имаат тројно повеќе жртви од Германците.
Ај да разгледаме година до година.

1940-1942 , Русија има огромни проблеми со организација и логистика на артилеријата, плус во Барбароса, Германците толку брзо напредуваа што многу од Руската артилерија беше фатена во пинцери и уништена. Германците имаа супериорни броеви тука.

1943, зголемување на користењето артилерија од Руска страна и инкорпорација во нивна докторина.

1944 - 1945, е тука е надбројноста во Руска артилерија, 5 на 1, и де види како Германците поминуваа 44та и 45та, види и како одат жртвите тие години.

Во целосниот тек на конфликтов Русите секогаш имаа артилериска надмоќ, иако напаѓачот треба да има повеќе жртви, добрите тактики и надбројноста на артилерија 5-7 пати повеќе наносуваат и те како повеќе жртви на Украинска страна.
 
Веќе од 43та, со битката кај Курск, Русите имаат двојно повеќе артилерија, сепак завршуваат со тројно повеќе загуби.

44та, Нарва, Русите имаат 8 пати поголеми загуби.
44та, Баргатион, Русите имаат 50% поголеми загуби.
Крајот на 44та, Балтикот, Русите имаат двојно поголеми загуби.

Го забораваме малку фактот што Германците се борат на 3 фронта, м?
 
Големо прашање е, ако се преговара тогаш кој и со што ќе ги натера Русите да прекинат војна која ја добиваат и истовремено да се откажат од причините заради кои ја почнаа војната.

Далеку се од комплетно добивање. Да, ќе го добијат Донбас, но за нешто поголемо ќе треба многу време, многу жртви и секако и на Русија не и оди во прилог бесконечна војна.
Се виде тоа како ја изгубија Сирија преку ноќ. Да не беше Украина, нема шанса да дозволеа такво нешто. Ама моментално се многу развлечени.

Така да, примирје кое би ги исполнило нивните услови како неприклучување на Украина во НАТО, лимитирање на војската и официјално признавање на 4-те територии заклучно со Крим за руски, ќе биде прифатливо за нив.
 
Го забораваме малку фактот што Германците се борат на 3 фронта, м?

Ти забораваш дека Советите се бореле и со сојузниците на Германија (Финска, Италија...) кои имале свои војници со своја артилерија (меѓу другото).
 
Колку Русија е заглавена во војната и далеку од некаква фиктивна победа зборува и фактот дека уште не се ни приближно блиску до поголемите градови Славјанск - Константиновка - Краматорск, а да не зборуваме за милионскиот град Запорожје или Херсон.

Штом за една населба од типот на Велика Новоселка со 5000 жители пред војната се мачат три недели да ја освојат, што останува тогаш за поголемите градови, кои бараат огромна војска, логистика, жртви?

На Русите со ова темпо на војување ќе им биде потребно најмалку година дена да стигнат до третата линија на одбрана во Донбас каде украинската армија е многу утврдена. Се поставува прашањето дали Русија има човечки ресурси да влезе во војна за големи градови. Јас верувам дека не.

Секојдневно гледаме украински дронови како уништуваат руска воена и енергетска инфраструктура и фабрики, а операцијата во Курск развлече многу руска војска и ресурси таму. Се проценува дека штетата во курската област достигнала 700 милијарди рубљи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom