Пресудни услови за крај на врската

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување

пресудни услови за КРАЈ

  • неверството

    Гласови: 39 51,3%
  • лагите (кои не поврзани со неверство)

    Гласови: 12 15,8%
  • монотонијата

    Гласови: 16 21,1%
  • физичката оддалеченост

    Гласови: 4 5,3%
  • нешто друго (ќе наведам што)

    Гласови: 5 6,6%

  • Вкупно гласачи
    76
Сите ставаат неверство како причина за крај ама кога стварно ќе се случи, ако стварно ја сакаат таа особа ќе и опростат. Од друга страна ако се работи за монотоност тогаш тоа ти е како да нема љубов и тоа е тоа крај. Затоа гласав монотоност.
 
На прво место би го стала неверството во склоп со лагите,
после тоа би било честите караници,а богами и тоа што можеби пополека би се чуствувала далечност...
 
Нема дефиниција за пресудни услови. Во љубовта ништо не е предодредено, последователно, условено, зависно од нешто друго. Нема равенки, нема очекуван тек на настаните, нема предвидување. Секогаш е различно.
Со еден ќе ти биде неверството причина, со друг монотонијата, со трет неверство поради монотонија, со четврт нешто друго... Нема универзални закони. Затоа е tricky ова љубовта. :) Правила не важат.
 
Не постои пресуден услов за крај на врската во мојот живот. Снаодлива девојка може да манипулира со мене до крајот на светот и назад. Како услов за непријатност и неволност за учество во една врска со девојка, би можел да принесам повеќе нешта.
Она што многу ми пречи е арогантност, контрола проследена со цинични лаги кои служат за оправдување на поставените прашања од типот “каде си“, и околу милијарда ситници кои ќе ги изнајдам кога хемија нема.
 
Сите горе наведени работи би ме навеле да ја прекинам врската. И монотонија и лажење и оддалеченоста, но нешто преку кое во никој случај не би можела да преминам и да се потрудам е неверството. Се другото, би пробала да го средам, би се потрудила околу тоа да ја раздрмам врската, би се борела до последен здив, но преку неверство не би можела да поминам и точка би ставила уште во истиот момент кога ќе дознаам за неверството.
 
Не постои пресуден услов за крај на врската во мојот живот. Снаодлива девојка може да манипулира со мене до крајот на светот и назад.
Хахах душиче, па немој да си до толку добар со женските:pos2:.

Според мене се од ова наведеново може да биде пресудно за да ставам крај на некоја врска, а зависи и до кај ке оди мојата толеранција.
 
Се од горенаведеното би ме натерало да прекинам врска.Ама мислам дека во случај кога не се работи за неверство, врска би прекинала заради монотонија,ако моите чувства бледнеат,филингот кој ме оддржувал во врска и ако не се чувствувам исполнета со таа личност.
 
Досега само еднаш ми се случило да прекинам врска заради неверство, ама сепак не признав дека е за тоа...
Монотонијата е пресуден фактор. Најчесто после некое време врската станува досадна и поубаво е да се прекине отколку да се нервираме за некој што не успеал да го задржи нашето внимание. Подобро е да ја прекинеш врската отколку да изневериш...
 
Разбирам монотонија, ама и таа монотонија може да се разбие бе, ако се биде пасивен, без спроведување иницијатива, каков друг исход би имало освен крај на врската?
Врските шо опстојуваат со години и сеуште функционираат без бариери, монотонии и слични глупости, сигурно не се одржувани со пасивност од двете страни.
Кога веќе ќе се пројави одредена монотонија и преставуе потенцијален(а, подоцна доколку не се превземе ништо и пресуден) фактор за крај на врската партнерите би можеле да изнесат сопствени солуции и алтернативи како би ја надминувале.

Како на пример, дистанцирање на нешто подолг временски интервал од претходно.
Секако дека монотонија брзо би се пројавила доколку се залепите постојано и не се одделувате.

Разговарајте.
За било која тема.
Монотонија би можела да биде иницирана и од недостаток на комуникација, разговор и компензирање на сопствените проблеми, мисли и останати ствари кои по некоја логика би требало да бидат споделувани во врска.

Мене на пример воопшто не ми е монотоно, ни па забележувам симптоми на монотонија, иако веќе сум во врска година и пол.
 
Ако има љубов нема да има монотонија! Ја гласав за неверство! Тоа е нешто шо неможам да го преќутам!
 
Пресудни услови ненадејни пресврти такви работи не. Веројатно повеќе работи шо сум ги толерирал претходно во име на некоја повисока цел, ќе се натрупа се и тогаш пука врската.
Пресудно може да биде само изневерување и лажење.Тогаш доаѓа до моментот извукла си циглу из темеља љубави, буквално. Се друго може да се опраи, премижи премолчи и да се сака.
 
Пресудни услови? Ако немаме муабет, сигурно нема само да ќутиме додека сме заедно. Ако ме излаже, тоа не можам да го опростам, може ќе поминам преку тоа со затворени очи еднаш или двапати, но нема да опростам. Ако се праи фраер пред друштвото, едноставно ако не ме рецка, како да сум последната особа на свет со која би бил во тој момент, тоа боли. И да, ако дудла насекаде околу мене, дури и на моите другарки. За предавство, па, да не правиме муабет, на тоа не сакам ни да помислам.:toe:
 
Што е она пресудното за што би ставиле точка, крај на врската. Дали само неверството е пресудно или можеби оние лаги неповрзани со неверството (како на пример партнерот ве лаже дека е болен за да не излезете заедно, а всушност ги викнал другарите да гледаат фудбал и сл), монотонијата или пак едноставно физичката оддалеченост.
Според мене она што ја уништува врската пред се е монотонијата, да не правите ништо ново и интересно, ретко да излегувате, да не се трудите да изгледате секси пред партнерот, едноставно да се однесувате како старци
Што е тоа што ве гуши кај партнерот и едноставно не гледате друг избор освен КРАЈ?

Пресудни услови за крај на една врска има многу. Меѓутоа во зависност од силината на врската помеѓу двајцата партнери, поводот за прекин на една врска може да биде едноставен или повод со тешко срце. Во првиот случај обично едноставно настанува прекин кога врската запаѓа во монотонија од разни причини а и односите помеѓу двајцата партнери не се многу силни, додека кај поводот со тешко срце понекогаш се дава шанса да се излезе од кризата во врската бидејќи пред се станува збор за искрена љубов која исто така може да западне во една монотонија, но секогаш има шанса да се излезе и да се продолжи по патот кој ќе обезбеди долготрајна интересна врска за двајцата партнери.
 
Пресуден услов за крај на врската е исчезнувањето на љубовта, а откако ќе ја снема љубовта ќе дојде и неверството и лагите и монотонијата...
Врските, без разлика какви се, според моето искуство скоро секогаш ми се расипувале заради глупости и ситници , кои што сега знам само биле барањња на причини ( ако нема причина тогаш создаади ја ефект) , како резултат на празнината која што се создава по извесен период која пак, е резултат на недостатокот од љубовта едноставно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom