Препораки за игри

  • Креатор на темата Креатор на темата Cyber lord
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера немав попаметна работа туку да ги читам рецензиите за новата Deus ex.Најдобар опис досега имаат дадено Joystiq,PCGamer,Destructoid и RPS.

Едвај чекам да ја одиграм.

Од друга страна,немам можност да ја покренам Deus ex 1.Немав проблем кога ја стартував на Vista 64 bit,но со седмицата па ич не ми оди.Can anyone help?
--- надополнето: Aug 23, 2011 12:08 PM ---
Толку ли е добра играва?

DEHR добива пофалби како најдобар акцијашки RPG во последните неколку години и достоен наследник на првата DE.Па ако имаш основна представа за тоа што значи првиот DE за гејминг светот тогаш верувам дека и ова ќе ти се допадне.
 
Кажете некоја Assassins creed like игра.Итно ми треба.
 
Соберете ги суперлативите за после.
Оти ако играва е уште една што пробува да го имитира филмот и си следи линеарна приказна и го води играчот ојде у три.
Е пример она Social што за мене е многу важна работа всушност можат да го направат имаш повеќе понудени опции ама сите освен една се грешни. Тоа не е никакво отстапување од линеарност.

Ако се води според конфликтот и го остава играчот да игра околу него е тогаш имаме нешто. А има многу интересен конфликт преку кој одлично може да ја пренесе пораката. Она природна против вештачки појачана еволуција. Е тоа треба да биди дел од играта, а не само од скриптираната приказна.
 
Нах.Не сакам пукачка.Ако може да биде во период на AC.

AC1 требаше да биде правен како ново поглавје во Prince of Persia серијалот ама кога тимот ја правел играта механиката драстично отстапувала од тоа што би требало да биде POP па се решиле новата механика да ја применат на AC.Значи ако не си играл,ти ја препорачувам Prince of Persia,почнувајќи од оригиналот од осумдесеттите,па се до The forgotten sands.
 
Фала што ме потсети тотално заборавив на POP.
 

Koнечно нешто ново за I am alive,новата игра на Убисофт и разочарување од моја страна што играта ќе биде во трето лице и ќе позајмува доста од Assassins creed.4 години ја правете во тајност само за да добијам модерен преживувачки хорор ала AC?
 
Од друга страна,немам можност да ја покренам Deus ex 1.Немав проблем кога ја стартував на Vista 64 bit,но со седмицата па ич не ми оди.Can anyone help?.

Симни ги сите закрпи... четири беа на број ми се чини.....

можда звукот малце ќе крчи... но се поднесува...

најди го модовите Zodiak и Red Sun ..... во еден од нив ..не се сеќавам точно... играта ја играш од аспект на Paul Denton...

... исто така одличен мод е Hotel Karone... тежок стелт... не дозволува отворен обрачун...и бара челични нерви..
 
Симни ги сите закрпи... четири беа на број ми се чини.....

можда звукот малце ќе крчи... но се поднесува...

најди го модовите Zodiak и Red Sun ..... во еден од нив ..не се сеќавам точно... играта ја играш од аспект на Paul Denton...

... исто така одличен мод е Hotel Karone... тежок стелт... не дозволува отворен обрачун...и бара челични нерви..

Фала.А дали после ставањето на сите закрпи може да стартува играта без крек?
 
Може да ми препорачате некој кола со дрифтови ?? некоја добра игра со дрифт .. :)

нека има до РАМ 2 GB и графика do 8600..

Pozz
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom